Автор Тема: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019  (Прочитано 35036 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #75 на: 26 Ноември 2019, 11:09:46 am »
Можеби лажат сликиве ама сијаличките на таблициве некако „корант“. Личат на „рикверц“ светло.

Отсутен Ivoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #76 на: 26 Ноември 2019, 12:28:40 pm »
Супер си е полово и со летни и со зимски.Ја би уште фолии на задни стакла и то је то :)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #77 на: 27 Ноември 2019, 22:56:09 pm »
Каде може да се земе во СК?
Мислам дека има увозник во Скопје, јас си ја порачав преку интернет зошто поефтино излегуваше.

Можеби лажат сликиве ама сијаличките на таблициве некако „корант“. Личат на „рикверц“ светло.
Фабрички се сијаличките за задна таблица, тука немам ништо чепкано мада во живо не бодат очи толку

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #78 на: 08 Декември 2019, 03:05:32 am »
Ајде да постирам и тука

ПРОДАВАМ АЛУ ФЕЛНИ 16" 5х100 со летни гуми Матадор 195/60 Р16 (<5000км) 2019 - КАКО НОВИ

Ако најдам купувач решив да ризикувам следната сезона да одам на сет 17ки  ;D ;D :-X

Сетот е во перфектна кондиција, не е возено ни 5000км со него.

Фелните се алуминиумски 16" 7ј ЕТ35, трпат оптеретување по фелна 625кг. Нормално пушка прави, никогаш не се исправувани, ниту закачени во тротоар. Заштитени се со керамика.



Гумите се Matador MP-47-Hectorra 3 димензија 195/60 R16, гумите се одржувани со SONAX средство за одржување на гуми и се производство 2019 година. Возени се на скроз нова кола (т.е. внимателно) - гаражирана. Гумите се под гаранција.

Кого го интересира tyrereviews.co.uk е релевантен сајт каде може тука да побара какви оценки има Матадор Хектора 3 како гума, мое лично искуство е деа е доста подобра од Савата HP што претходно ја возев. (поуобна и подобро држи контакт со асфалтот)

http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Matador/MP-47-Hectorra-3.htm

Причина што решавам да ги продавам е бидејќи ќе ризикувам да одам на еден инч поголеми фелни ;D

Сетот е купен 560евра за нив барам 380евра.



Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #79 на: 08 Декември 2019, 06:04:15 am »
Зошто не ги чуваш овие за зимски?

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #80 на: 09 Декември 2019, 00:00:57 am »
Зошто не ги чуваш овие за зимски?
Само што склопив зимски сет на 15ки пред 2 недели.
Ако не најдам купувач за овие планирам на пролет да го пуштам и зимскиот сет фелни+гуми на оглас па кои отидат први ќе ги заменам со 17ки летни.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #81 на: 10 Декември 2019, 01:02:16 am »
Како си задоволен од матадорот? Со истиов модел се среќавам 3 пати од вкупно 5 сета матадор што сум ги возел на мои коли. Постарите беа океј но последниов модел хектора 3 за парите е супер. Секако не би ги споредувал со премиум брендовите. Замерка имам што се бучни на повисоки брзини.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #83 на: 28 Декември 2019, 18:25:07 pm »
Како си задоволен од матадорот? Со истиов модел се среќавам 3 пати од вкупно 5 сета матадор што сум ги возел на мои коли. Постарите беа океј но последниов модел хектора 3 за парите е супер. Секако не би ги споредувал со премиум брендовите. Замерка имам што се бучни на повисоки брзини.

Јас сум екстра задоволен од Матадорот за цената што ја бара. Во однос на Савата со која е иста ценовна класа а  која ја возев во скоро идентична димензија на Голфот ми оставија подобар впечаток. Некако потешко е да ги натераш да изгубат тракција и  делуваат како помека гума . Инаку мене баш ми остави впечаток на релативно тивка гума. Сега возам на потесни 15ки Мишелин и се по бучни на големи брзини >150км/х (веројатно во голем дел од тоа дека е зимска гума) но Матадорот остануваше тивок и до 160-170км/х, а за "нормални" брзини на автопат нема збор дека е доволно тивок.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #84 на: 28 Декември 2019, 18:31:29 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Расчитај си:

https://www.mybluefin.co.uk/roadtest/53-56Superchipspolo1.0.pdf

https://www.mybluefin.co.uk/curves/VAG1LTSI95.pdf

Примамливо нема што, според некои нивни мерења би требало да го спушти на 9сек до 100км/х што би ја направило доста "жива", јас успеав да извадам 10.6сек по ГПС резултат на рамно-сам во кола што се поклапа со фабрички декларираните податоци. Сепак мислам дека е тоа премногу форсирање од толку мала кубикажа да извадиш 130кс, ништо засега нема да дирам посебно додека е под гаранција колата, а натака ќе видиме :)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #85 на: 04 Април 2020, 00:23:33 am »
Мина година дена откако е земена колата па да пишам еден упдејт.

Пред некоја недела направен е и првиот редовен мал сервис кој и не е баш ефтин. За 1.0 TSI чини 10.500 денари. До сега ни една поплака освен што не работеше Coming-home функцијата уште од старт која сега ми ја активираа на сервис.

По направениот сервис моторчето среќно се врти, само 4.2 литри бензин возење комбинирано отворен пат со автопат.



Набавено е едно освежување со 17ки за летниот сет  :-* , но ме зафркна хаосот  >:( >:( Ќе почекаат уште некој месец



Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #86 на: 04 Април 2020, 01:24:40 am »
Немам ништо друго да кажам освен "бандаж на паркет".

Или не си женет или жена ти многу те толерира :D

Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #87 на: 02 Август 2020, 03:09:45 am »
Можеби лажат сликиве ама сијаличките на таблициве некако „корант“. Личат на „рикверц“ светло.

Мислам дека намерно е изведено така. Идејата им е да ти го осветлуваат прилазот пред гепекот навечер. Истата финта е направена и со сијаличките во кабината, оние на кровот напред/назад. Поставени се на косо и бидејќи се ЛЕД штом ја отвориш вратата снопот е насочен паѓа надвор така да ти осветлува каде излегуваш.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #88 на: 02 Август 2020, 03:10:17 am »
Немам ништо друго да кажам освен "бандаж на паркет".

Или не си женет или жена ти многу те толерира :D


И јас се чудам како издржаа читави  ;D

А еве и како легнаа, ги обув на Sava Intensa UHP 215/45 R17.









Направен е уште еден мал естетски упдејт, може некој со оштро око на сликиве може да го примети.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #89 на: 02 Август 2020, 03:17:35 am »
10,500? закол мајку му.

Колку литра и какво масло бара 1.0 TSI?

Мене за 1.0 Ecoboost ме чинеше мислам 7900 првиот сервис така некако.