И јас да ја представам мојата нова кола.
После подолго разгледување по скоро сите автосалони падна изборот на VW Polo 1.0 TSI.
Колата е купена по порачка, производство март 2019 година 1.0 турбо моторче со 95KS /175Nm.
Од опрема има:
- преден радар за детекција на пешаци, препреки, возила со автоматско кочење
- предни седишта со лумбална подршка и висинско подесување
- двозонски автоматски клима уред
- 8 инчен инфодисплеј со 6 звучници (Android auto/ Apple Car play/ MirrorLink)
- 10 инчен активен- инфодисплеј
- паркинг сензори напред/назад со автоматско кочење
- 4 УСБ приклучоци (2 напред 2 назад)
- детекција на замор кај возач
- стар-стоп систем
- хил-холдер
- кожен мултифункционален волан
- средишен наслон за рака
- амбиентално осветлување
- алуминиумски бандажи
- детекција на слаб пневматик
- магленки со корнер фукнција и тн...
Бојата има интересен перл ефект кој тешко се доловува со камера, изгледа отприлика вака:
Досегашни позитивни и негативни искуства после минати 1000км:
Возење:*Споредаувам со Голф 6 кој претходно го возев. Полесно се вози. На волан е приметно по директна, лесно и се задава правец и каросеријата многу брзо се смирува при нагли маневри или нерамнини на патот. Внатре е потифко во градски услови, а за ниајса побучно од струење на ветер при големи брзини. Амортизацијата е по-тврда од Голфот што лично не ми прави кеф. Сепак мултилинкот си го работи своето.
Потрошувачката: Знае доста да варира зависи како се вози. На отворен пат ако се вози нормално се спушта испод 5литри. Во град не можам сеуште да дадам проценка. Се зависи колку е гужва, на која релација и како се вози. Старт-стоп системот секако помага и одлично работи без вибрации, паузи и чудни звуци. Брзо станува достапен зошто моторот брзо качува работна температура.
Мотор:Тука беше најголемото изненадување. Секој кој што ја проба колата ја оцени како доста стартна. Моторот е темпераментен, а од 2000 обртаи турбото зема полн замав и лесно ги полни обртаите. Трите цилиндри овозможуваат лесно да се заврти. Тивок е и без никакви вибрации на волан, педали или каросерија. Добро се носи до каросеријата и на автопат. Доста е еластичен а има доволно снага и кога се возат 4ца. Мислам дека е таман погоден за габаритот на Полото па дури и за подолг пат. Секако вреди за доплатата од 300евра разлика межу атмосферец и турбо. Филмот може да му го скрши на некој звукот кој е крактеристичен за 3 цилиндраш. Не е лош ама е ... чуден.
Одкако е купена колата ја заштитив со Gyoen кварцна заштита. Глобална оценка би било пристрасно да дадам. За мои потреби колата е таман. Носи гепек од 355литри со дупло дно што е на ниво на Голф6, внатре има место за 4 возрасни лица да седат во релативен комфор посебно со доплатата за седишта. Колата е економична (aко не се гази 😊) и ефтина за регистрација, а според мене е next-level рафнирана во однос на просечна кола од таа класа. Тоа е и она што отприлика го барав, целта секако не ми беше да земам што поголема кола за истите пари туку кола по мои потреби и желби.
Ако некого нешто го интересира, бујрум нека праша.