Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 161803 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #720 на: 01 Ноември 2023, 10:51:37 am »
Пишав зошто - продолжен интервал за замена. Наместо на 2, антифриз ќе менувам на 5 години. Плус, во упатството од колата пишува само колку собира, а не каков да ставам, така да...

И ќе ја направам замената како што треба, а не половично.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Антифриз
« Одговори #721 на: 01 Ноември 2023, 10:57:24 am »
Има и G12 розев, плав, портокалов... Бојата ја сметам само како индикатор дека има различен состав, односно дека спецификацијата се постигнала со различна комбинација на хемии.

За менување и флаш на систем, мојот мајстор го прави тоа, кога менував водна пумпа и каиш последен пат, отидов со стојко наместо со антифриз во раце, и ми рече "Или најди си што мислиш да ставаме, или да ти најдам. Овде не дотураме антифриз, овде переме систем и менуваме."

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #722 на: 01 Ноември 2023, 10:59:11 am »
Еееее, сите така да беа...

И, на крај, што ставивте?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #723 на: 01 Ноември 2023, 11:05:26 am »
Инаку Valeo 35 е G11, и јас бев во двоумица и пишав меил дури до Опел и на руски форум и ми рекоа дека може G12, но кај мене дури и во сите каталози на Равенол, Кроон, Маннол даваше G12+.
Едит: По упатство е G11 или Glysantin G48.
« Последно менување: 01 Ноември 2023, 11:12:41 am nestor04 »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Антифриз
« Одговори #724 на: 01 Ноември 2023, 11:08:53 am »
Еееее, сите така да беа...

И, на крај, што ставивте?

На крај ставивме Total Glacelf AUSUPRA, розевопортокалов по боја, да немаш поим дали е продуван дихтунгот или така треба да биде бојата ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #725 на: 01 Ноември 2023, 11:32:16 am »
Инаку Valeo 35 е G11, и јас бев во двоумица и пишав меил дури до Опел и на руски форум и ми рекоа дека може G12, но кај мене дури и во сите каталози на Равенол, Кроон, Маннол даваше G12+.
Едит: По упатство е G11 или Glysantin G48.

Немаше, знам дека тој е тој.

Еееее, сите така да беа...

И, на крај, што ставивте?

На крај ставивме Total Glacelf AUSUPRA, розевопортокалов по боја, да немаш поим дали е продуван дихтунгот или така треба да биде бојата ;D

Спецификација? Што имаше пред замената?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Антифриз
« Одговори #726 на: 01 Ноември 2023, 11:50:16 am »
Total Glacelf AUTOSUPRA и јас зедов, G12/G12+ e и уште 10 други спецификации има одобрено. Така ми стои, со зелено ако почнам да го мешам, не знам шо боја ќе излези, ама реално за малку нијанса само.

Најтрагично е што на опаковката од истиот пишува дека е концентрат а никаде соодносот на мешање. На вебот да го најдиш уште потешко, греој невидени. Од тотал Нов Зеланд најдов дури документ. Тотал е последната марка што би зел хемија од нив.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #727 на: 01 Ноември 2023, 12:00:10 pm »
Јас секогаш одам 50/50, иако механичарите ми велат дека немам потреба до -38. За антифриз и останати течности преферирам Маннол. Нормално за антифризи е прв Глисантинот, ама Манолот е моментално најкористен во ДЕ и најистражуван.

Присутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Антифриз
« Одговори #728 на: 27 Ноември 2023, 23:03:16 pm »
На алфицата147 1.9 антифриз немам сменато од ко ја зедов 4-5години веќе пред мене тој кузнеј дали сменал и се мислев на лето да го сменам ама денес провервав има ослабено негде од -12 до -16 покажваше таа стрелката. Планирам дома да испуштам колку шо се можи и да сменам сам ама не знам дали и каде треба да се пушти воздух после?? Ако некој знај кај се пушта воздух или има некое видео нека сподели инфо  :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #729 на: 28 Ноември 2023, 14:35:09 pm »
Направи прописен flush.

Ладњакот со капаче е или без?

Присутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1077
Одг: Антифриз
« Одговори #730 на: 28 Ноември 2023, 18:41:30 pm »
Направи прописен flush.

Ладњакот со капаче е или без?
Без капаче треба да е

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Антифриз
« Одговори #731 на: 28 Ноември 2023, 18:51:27 pm »
Е па ако е без капаче, треба да се провери дали системот сам си прави bleeding.

Во секој случај, можеш методата јас што ја користев да ја искористиш за комплетен flush, нема да направиш зијан секако.

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,7056.msg1280275.html#msg1280275


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #732 на: 28 Ноември 2023, 19:02:25 pm »
Вадиш долно црево од хладњак. Ставаш некое средство за испирање (Mannol не нагризува, хемиски гледано). Потоа ставаш вода(по можност дестилирана) и ја чекаш три пати перката да сврти. Пак вадиш долно црево од хладњак. Полниш сега чиста вода и пак испираш. После тоа останува дел од водата во моторот (треба да знаеш колку) и дотураш антифриз и дестилирана вода. Кај мене останаа 2л. вода, дотурив 3.1-3.2л антифриз и дополнив со околу литар вода. Излезе микс 50/50 и антифризот е чист.

Во меѓувреме вози ја и провери ниво, ќе се намали, дополни соодветно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Антифриз
« Одговори #733 на: 28 Ноември 2023, 20:18:26 pm »
Вадиш долно црево од хладњак. Ставаш некое средство за испирање (Mannol не нагризува, хемиски гледано). Потоа ставаш вода(по можност дестилирана) и ја чекаш три пати перката да сврти. Пак вадиш долно црево од хладњак. Полниш сега чиста вода и пак испираш. После тоа останува дел од водата во моторот (треба да знаеш колку) и дотураш антифриз и дестилирана вода. Кај мене останаа 2л. вода, дотурив 3.1-3.2л антифриз и дополнив со околу литар вода. Излезе микс 50/50 и антифризот е чист.

Во меѓувреме вози ја и провери ниво, ќе се намали, дополни соодветно.
Zaboravi da kazes na topla kola da ne akne nekoj ladna voda da ja ebe rabotata

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Антифриз
« Одговори #734 на: 28 Ноември 2023, 20:43:35 pm »
Јас на топла кола, малку оставена да излади и турив млака вода.