Автор Тема: Притисок во уљето(мешање нафта со уље) по исклучување на ДПФ на Голф 6  (Прочитано 539 пати)

Отсутен Zoran2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Имам проблем со Голф 6 1.6тди 2011г. бидејќи 2,3 пати месечно се вклучуваше сијаличката за регенерација пред 2 недели ја однесов на мајстор кој ги исклучи ДПФ и ЕГР плус направи бушење на ДПФ. После 2,3 дена се појави притисок на уљето(oil pressure) и за недела дена ми се наполни 1 литро нафта во уљето. По консултации со други мајстори ми рекоа дека тоа е софтверска грешка(лошо исклучен ДПФ), ја однесов на истиот мајстор да ја поправи и да ми замени уље со филтри(кој кажа дека можеби проблемот е нафтената пумпа). Кога ја земав колата ја однесов на друг мајстор кој увиде дека се исклучени ДПФ и ЕГР, но ништо не кажа за софтверска грешка. По неколку дена возење повторно истиот проблем притисок во уљето мешање нафта со уљето кој проблем не го имав пред исклучување на ДПФ, еден мајстор ми спомна дека можеби се инјекторите, искуства за мојот проблем и мајстор кој може да поправи.

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Нека ти ја врати ориналната мапа мајсторот, не чепкај по други работи за да не си отвориш нови проблеми. Познат проблем е полнење на гориво во маслото после лошо решение за ДПФ. Ако неможи да го среди мајсторот со вратен оргинален фаел можам да ти посочам каде да го средиш без проблем

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Многу бушачи има, па затоа така.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Многу бушачи има, па затоа така.
а малку мајстори

Отсутен Zoran2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Ќе може да ми дадете контакт од мајстор што ќе може да го поправи проблемот? Кај тој што го направи проблемот повеќе не се остава автомобил!

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Имаш инфо во пп.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Можда дпф от се регенерирал пошто течело негде уље. Не верувам фека од мапата губи притисок.  За механика Митревски( на гугло го имат, влатко), а за чипот ќе проба да најда број утре.
02 278 0142 Влатко.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Што ако мапата е пореметена па не е добро исклучен ДПФ-от и пробува да прави регенерации и го разредува маслото? Да, тој мотор има проблем до дизни па може да “моча” некоја дизна, али не ја исклучувам можноста за лоша мапа. А предлогот да се врати оригинална мапа на кола со бушен ДПФ, подобро земи полиј ја со бензин и запали ја отколку да ја оставиш да ти се запали во возење. Колата “мисли” дека има ДПФ, а всушност е избушен и цело време ќе пробува да прави неуспешни регенерации, па скроз да го разреди маслото и да зариба.

Отсутен chewmano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Што ако мапата е пореметена па не е добро исклучен ДПФ-от и пробува да прави регенерации и го разредува маслото? Да, тој мотор има проблем до дизни па може да “моча” некоја дизна, али не ја исклучувам можноста за лоша мапа. А предлогот да се врати оригинална мапа на кола со бушен ДПФ, подобро земи полиј ја со бензин и запали ја отколку да ја оставиш да ти се запали во возење. Колата “мисли” дека има ДПФ, а всушност е избушен и цело време ќе пробува да прави неуспешни регенерации, па скроз да го разреди маслото и да зариба.
1 година возев кола со изваден ДПФ и фабричка мапа. Немав поима дека е изваден дпфот додека не приметив дека чури и дека качува обртаи. Нема врска дека ќе се запали или ќе разреди уље, барем кај мене немаше таков проблем. Едино може да чури позади.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Хм, во ред. Пролистајте малку низ форумов и прашајте голфот 6ката во Прилеп како се запали оставена на сервис (да не пишувам јавно имиња).