Добро сеа, табиетлија сум, ама не толку многу.
Најдобро е flush, секако, и најисправно е.
АМА.
При обична замена на пумпа за вода, еве, пример. Кој сервис прави flush пред / по замена на пумпата? Ни еден. Сите дотураат - испушта од хладњак, во блокот останува стариот и дотура нов во хладњакот или експанзиониот сад.
Во една таква ситуација, пример, да го земеме и таквиот начин на сервисирање за исправен и репер (што не е), ама еве, just for kicks. Треба сега да менувам пумпа за вода и антифриз на Сузукито. При промената пред две години, јас лично купив G11 син. Пред тоа имаше зелен некаков. Не се правеше flush, туку само се испушти и дополни, стандард замена, пошто замената не ја правев јас. Ако сега само дотурам по замената на пумпата, купив Valeo Protectiv 40, зелен, и еве ќе дотурам. Арно ама, Valeo-то е G12, ЗЕЛЕН, а јас знам дека во системот има G11.
Сега, при замена, пошто јас ќе ја правам, ќе правам комплетен flush, ќе испуштам по flush, ќе заменам пумпа, па ќе ставам зелен RTU. Е сега, иде главниот момент - Valeo зелен e G12 што го купив. Нема G11. А нели знаеме, G11 и G12 не се мешаат, пошто G12 е црвен / розов, така? Од каде сега зелен G12? Барав стриктно Valeo, и сите бои Valeo (црвен, розов, жолт, син и зелен) по спецификација се G12.
Фактички, ако не правам flush, ќе ставам G12 на веќе G11 во системот, што е штетно за моторот (валјда).
Flush ќе правам од повеќе причини (нова пумпа за вода, нов антифриз комплет - да знам што има точно во системот, продолжен интервал на замена на G12 во однос на G11 - 5 спрема 2 години, поголема заштита итн.) Тоа заебанцијата со алу блок или не знам каков, воопшто не го земав во предвид.
Муабетот ми е - како лаик, еве се дешава да морам да дотурам ради дефект, пукнато црево и сл. за да стасам до сервис, и ќе ставам ЗЕЛЕН G12 на ЗЕЛЕН G11? Која е поентата на боите на антифриз, ако по спецификација се сите исти? Како ќе знам, а да не направам зијан?
Или ваков пример, каде на самата експанзиона посуда има СТРИКТНО УПАТСТВО ПО БОЈА што да се стави...?