Автор Тема: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid  (Прочитано 27289 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« на: 02 Јануари 2019, 18:30:58 pm »
На супер-тест следните три месеци имаме Toyota C-HR Hybrid.

На секои две недели ќе правиме апдејт. Ќе се обидам да пренесам корисни и интересни податоци околу колата. Плус, ако некој сака да ја ѕирне, достапна е за ѕирнување.





Right off the bat, мене стварно ми изгледа кул. Поубаво ми изгледаше сребреното што го возев летоска, ама и ова си изгледа кул.

Конкретниот C-HR е во средно ниво на опрема, Cult. Има некои фини моменти - паркинг камера (ама нема сензори), греење на седишта, автоматски долги светла (ама нема ксенон), радарски темпомат, pre-collision warning, итн. Ја земав колата во петокот со околу 90 километри на неа. До сега поминав вкупно околу 200 км, исклучиво низ град, и потрошувачката е 5.8 литри бензин на 100 километри. Дојде со GoodYear зимски гуми.

Ми се допаѓа:
  • Како изгледа
  • Прилично комотно, дури и на 18ки
  • Фин момент е дека памти подесувања и кога ќе ја изгасам и повторно ќе ја стартам колата - како на пример греењето на седишта, или тоа дека влече музика од телефон.
  • Погонот е супер-рафиниран и smooth.

Не ми се допаѓа:
  • Долниот дел од седиштата ми е мене малку краткичок.
  • Подесувањето на гласност на радиото не е со врталка, него со плус и минус копчиња на екранот, или на копчиња на воланот.

Листиве ќе ги дополнувам, полека полека...

Дополнително, како и секое CVT, и ова си бара малку навикнување. Првите пола саат е чудно, ама после тоа се навикнува човек. Треба во старт да се прифати дека ова е кола што брка економичност а не перформанси, и човек малку да го смени mindset-от.

Објави:
« Последно менување: 15 Јануари 2019, 13:45:03 pm zeroSignal »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #1 на: 02 Јануари 2019, 18:56:25 pm »
Тримесечен тест! Браво! Дури и повеќе од потребно време да се откријат сите позитивни и негативни аспекти на едно возило кое ќе се користи во секојдневието.

Мене C-HR ов ми е супер на изглед, лајк!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #2 на: 02 Јануари 2019, 19:23:53 pm »
Кажи со текот на времето како функционираат автоматските долги светла т.е колку се успешни.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #3 на: 02 Јануари 2019, 19:34:23 pm »
Замисли ова да го фукнеа на пазарот пред 8 години со 1.4 DI-D 90-110кс за некои 16к, ќе се посеревме од радост ;D

Колку му е цена на ова?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #4 на: 02 Јануари 2019, 19:48:54 pm »
Пишува во објавата, 26.890 евра. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #5 на: 03 Јануари 2019, 00:11:25 am »
Пишува во објавата, 26.890 евра. :)

That's not so bad. Со попуст и субвенција 19.500 карикирам, не е многу,.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #6 на: 03 Јануари 2019, 00:26:25 am »
Прво, многу ми е мерак што во Македонија зема замав long-term тестирањето на возила, и драго ми е што трудот на @zeroSignal околу CARclub резултираше со ваков потег на Тојота. Се надевам на уште многу вакви тестови во иднина.

Второ, изразив желба да ја видам и провозам колава, и бидна и тоа.

Впечатоци

- извозев некои си 20-тина километри низ Скопје и Водно, и бидејќи ова е првата модерна Тојота која ја возам, бев пријатно изненаден до кај стигнале со материјалите внатре - сите знаеме за Corolla од 90-тите, чии пластики изгледаат нови и ден денес ама се страшни на допир. Скоро секоја површина беше (релативно) мекичка на допир и копчињата беа цивилизирани при притискање;
- не е изолирано, се слуша моторот зошто си сака вртежи поради CVT-то, ама затоа и се слуша електричниот мотор при споро тргање, момент што мене ми беше многу забавен и интересен;
- CVT-то ми е како да возам скутер и се чувствувам како да доставувам пица во секое време, ама воедно и ми беше интересно зошто ова е само четвртата автоматик кола што сум ја возел (прва со CVT);
- возењето е SUV-есто, крутичко за да не се навалува, ама како и секоја модерна кола, добро се справува со дупки и нерамнини, без гласни и интрузивни звуци;
- технологијата не ја чепкав, имам аверзија да користам тач-скрин во кола во која прв пат влегувам. Екранот делува доста high-res, и тука запира мојот впечаток. Ако се спојам пак со колава, дефинитивно ќе прочепкам. :)

Се на се, за попуст+субвенција цена, мој заклучок е дека вреди да се купи.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #7 на: 03 Јануари 2019, 02:47:26 am »
Исто вакво возило со истиот 1.8 атмо го возев 15 денови како Рент-А-Кар низ Германија.


Троши солидно малку во град и локални патишта (Ахен и околината) во просек 5.2 литри на 100.

На отворен автопат е неприфатливо тромаво и не економично. Тоа му е последица од ЦВТ менувачот кој што е проектиран многу паметно за низ градски средини, ама не за автопат.

На автопат со темпо 120-130 трошеше над 7 литри.  Ама бидејќи во Германија никој не вози на аутобан споро, на некои делници имав потрошувачка и над 9 литри.
При крузање со 120км/ч на автопат и целосен кикдаун за забрзување, возилово е неприфатливо споро. Според мене ЦВТ треба да се забрани во возила поголеми од Ајго или Јарис.


Многу непрактичен и збунивачки начин за командување на темпоматот. Адаптивниот темпомат е одличен, успорува и забрзува доста прецизно во зависност од сообраќајот.

Во градска средина адаптивниот темпомат може да се подеси на 50 км/ч и доколку застане возилото пред вас и ЦХР сопира истовремено. Може и да стартува од нула повторно ама имаше некој клик што требаше на воланот да се направи.

Ок кабина. Слаба звучна изолација. Многу ефтини пластики и тапцир во гепекот. Севкупно би го ставил под просекот во класата.

Шалт таблата е фенси ама тој дисплејот во средина има многу Комодоре 64 изглед и малку е неприроден во целиот амбиент.

Интересен интерфејс за набљудивање на речарџ процесот на батериите и интересни статистики за просечна потрошувачка.

Јас хибрид системов би го возел во мало градско возило (Јарис ајго) ама во ЦХР не баш.

Мислам дека 1.2 турбо би работел подобро во ЦХР. 1.8 атмо е тапа.

Генерално незнам која е наменава на возилово, не би го препорачал на никој освен на млада мама што има вишок кеш и сака “џипче” или на ќерката што студира и треба да шетка низ метеополата со другарките после предавања.

Одлична кола за водителка, пеачка или пеач што не е нешто WOW популарен/на ама ќе ја вози со лепенки низ Скопје.

Видеата и сликите се мои, не се нешто профи ама толку можев. Јебига.


« Последно менување: 03 Јануари 2019, 03:12:27 am zlatkoa »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #8 на: 03 Јануари 2019, 07:34:45 am »
Коефициент на отпор 0.34.

Q7 0.33
X5 0.33
CLA / E 0.23
Aygo 0.28
Yaris 0.29

Тоа се забележува при брзини над 90кмч. Ова е за до 90кмч и градска средина. Јарисест СУВ.
« Последно менување: 03 Јануари 2019, 08:13:56 am Deni »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #9 на: 03 Јануари 2019, 08:08:41 am »
Многу добар дизајн...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #10 на: 03 Јануари 2019, 08:27:53 am »
Се имам возено во вакво пред еден месец и искрено пластиките во ентериерот се како на кола од 11к а не од 26к евра.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #11 на: 03 Јануари 2019, 09:15:23 am »
@zlatkoa - Јас бев набрзина до Бунарџик да го сликнам, и отприлика и мене ми беше толку потрошувачката на отворено до 120-130, околу 5.7-5.8. Мислам дека забрзувањето не е до толку споро, колку што е линеарно ради CVT-то, па не се осеќа баш. Плус си има лаг ради самото CVT и човек треба да планира. :D

Дали проба да го префрлиш во Sport режим, наместо во Eco? Има подобар одзив на гас кога е во Sport, а миииислам дека и кај CVT-то има некоја разлика, ама треба поубаво да испробам. Ако сакаш, може заедно. :)

Едит: Мислам дека не му фали звучна изолација, толку колку што е бучничко на пун гас ради CVT-то. Забрзувањето до одредена брзина може да биде бучно, ама после при одржување на одредена брзина (да речеме 120-130) мене ми е сосем прифатливо внатре.

Тоа се забележува при брзини над 90кмч. Ова е за до 90кмч и градска средина. Јарисест СУВ.

Не над 90, ама над 130 се забележува. Јарисест не е, бидејќи е значително поголем. Yaris е 3950 мм, ова е 4360 мм, 30 мм повеќе од Auris.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #12 на: 03 Јануари 2019, 09:21:27 am »
Па мора да е маалку побучно внатре, иначе зошто би постоел Лексус.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #13 на: 03 Јануари 2019, 09:27:20 am »
Треба да се измери 120 на обиколница во 2та правци за потрошња.

И времиња 60-90 и 80-120 и 90-130, може да излезе доста брза заради ЦВТто, ама да не се чувствува тоа.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Супер-Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #14 на: 03 Јануари 2019, 09:30:35 am »
Ќе го ангажираме @brasica, он има Dragy. :)