Колата е одлична. Многу фасцинира фактот дека не се слуша кога ја возиш.
Инаку што се однесува до врталките за глас, кога ќе размислиш ги имаш командите на волан.
За климата многу многу не се оптеретувам. Единствено што е добро ако е двозонска, но и тоа нема некое големо значение.
Инаку со самото влегување во колата се има чувство на солидно изработено возило. Пластиките се фини на допир, употребени се доста меки материјали, можеби не се кожа но даваат такво чувство на допир. Прекрасно изработено и солидно склопено. Не очекувам крцкање или тропкање на ново возило. Малку бучно при нагли забрзувања, воопшто не е споро, сосема е Ок за каросеријата, но за мене имаше прекратки седишта. Можеби да биле за 3 цм подолги, ке беа идеални. Одлична прегледност, освен позади каде што е намалена, но од друга страна има камера која помага при паркирање во рикверц.
Возилото по мене е одлично.