Исто вакво возило со истиот 1.8 атмо го возев 15 денови како Рент-А-Кар низ Германија.
Троши солидно малку во град и локални патишта (Ахен и околината) во просек 5.2 литри на 100.
На отворен автопат е неприфатливо тромаво и не економично. Тоа му е последица од ЦВТ менувачот кој што е проектиран многу паметно за низ градски средини, ама не за автопат.
На автопат со темпо 120-130 трошеше над 7 литри. Ама бидејќи во Германија никој не вози на аутобан споро, на некои делници имав потрошувачка и над 9 литри.
При крузање со 120км/ч на автопат и целосен кикдаун за забрзување, возилово е неприфатливо споро. Според мене ЦВТ треба да се забрани во возила поголеми од Ајго или Јарис.
Многу непрактичен и збунивачки начин за командување на темпоматот. Адаптивниот темпомат е одличен, успорува и забрзува доста прецизно во зависност од сообраќајот.
Во градска средина адаптивниот темпомат може да се подеси на 50 км/ч и доколку застане возилото пред вас и ЦХР сопира истовремено. Може и да стартува од нула повторно ама имаше некој клик што требаше на воланот да се направи.
Ок кабина. Слаба звучна изолација. Многу ефтини пластики и тапцир во гепекот. Севкупно би го ставил под просекот во класата.
Шалт таблата е фенси ама тој дисплејот во средина има многу Комодоре 64 изглед и малку е неприроден во целиот амбиент.
Интересен интерфејс за набљудивање на речарџ процесот на батериите и интересни статистики за просечна потрошувачка.
Јас хибрид системов би го возел во мало градско возило (Јарис ајго) ама во ЦХР не баш.
Мислам дека 1.2 турбо би работел подобро во ЦХР. 1.8 атмо е тапа.
Генерално незнам која е наменава на возилово, не би го препорачал на никој освен на млада мама што има вишок кеш и сака “џипче” или на ќерката што студира и треба да шетка низ метеополата со другарките после предавања.
Одлична кола за водителка, пеачка или пеач што не е нешто WOW популарен/на ама ќе ја вози со лепенки низ Скопје.
Видеата и сликите се мои, не се нешто профи ама толку можев. Јебига.