Во најлош случај, би имало стагнација, не верувам дека ке поефтинат. Од 2010-та се врти муабетов дека ке паднат ценовите на становите. На другар му беше скапо тоа време да плати 450€ за м2 во Куманово, дојдоа до 1800€ во центар.
Простор оставам да има некоја интервенција од влада, да воведат луди даноци за втор и трет стан.
Прашање е на кој начин би се спровело тоа со втор, трет, петти или десетти стан, ако човек поседува повеќе недвижнини? Кога веќе си платил данок при купувањето на станот, не можеш сега да се враќаш на комунизам од Титово време, кога некој селанец имал 20 хектари земја, се убивал од работа, па на крај ќе дојдат да му земат затоа што имал повеќе од другите.
Братче, секој може да има три, четири, пет или десет стана, доколку легално ги стекнал и може да докаже од каде му се парите. Класичен пример е Куманово, каде што илјадници луѓе од Америка добија обештетување. Сега, замисли секој од нив да одлучил со тие пари да купи еден или два стана, без разлика дали во Скопје или во Куманово, а притоа веќе имал постоечки имот. Автоматски може да дојде до три или четири недвижнини. И што е тука проблемот?
И не зборувам само за Куманово, туку генерално. Имам колеги и познаници кои работат ширум светот, заработуваат пари во странство и инвестираат во недвижнини во Македонија. Тоа се нивни заработени и веќе оданочени пари. Ако некој со тие пари сака да купува станови, тоа е негова работа. Не гледам никаков проблем сè додека потеклото на парите е легално и се исполнети законските обврски.
А тие што чекаат државата да им го реши станбеното прашање, па дури потоа да се женат и да имаат деца, нека размислат малку. Наместо да се борат за подобар живот, да бараат можности и да се трудат да заработат повеќе, чекаат државата да им сервира сè на готово. Со плата од 26.000 денари каде не излегуваат да протестираат да се борат каде у свет некој ти дава нешто? постои ли такво нешо па ти си бил надвор си работел знаеш како е.
Брату, да не се заебаваме. И на човек со собна температура му е јасно каде води оваа приказна... Гледаат да спасат што можат од гласачко тело отиде се у курац како иде овие 2 години