Планирам да се вселувам во стан, нормално под наем. Во станот нема клима.
Дали е прифатлива солуција, да ја купам јас климата и да ми одбие за наредни две кирии или тој да си ја купи?
И како да го изведеме тоа. Дали треба да го пишува во договорот?
Мислам не сакам да ги оштетам луѓево, ниту тие мене. Па ако некој работи со недвижнини и издавање, нека даде краток совет.
Станот е на локација, која мене ми одговара, па правам се, да биде тој стан а не друг. Но никогаш не сум имал искуство во наем на стан,
Прашањево можеби е безврска али немам воопшто искуство, па замолувам некој да сподели информации. Фала