Се кантира исто како иверка ама нема поента бидејќи е (буквално) 3 пати поскапо.
Осмица, а и јас, вика дека
MDF (уствари HDF бил медијапанот, се извинувам) е соодветен ако сакаш онакви рустични дизајни кај што средината на панелот е како резбана/вдлабната, или ако сакаш заоблени рабови, или ако сакаш нешто трето што не може да се изведе од иверка. За сечење под 45° и кантирање, и иверка е совршена и 3 пати (буквално) поевтина.
Ако ти вреди маргинално полесно одржување 3 пати повеќе, тогаш продолжи си со мислата.
95% од мачканиците на конкретната иверка излегуваат со мокра "Виледа" и пребришување со сува крпа после. Што не излага така, излага со малце сјај или средство за стакло.
Фала ти на корекцијата за димензиите на таблата, порано HDF таблите беа помали, 2/3 од големината на иверката.
П.С. Зборот "медијапан" е веројатно балканска изведеница од "Made in Japan", што веројатно е државата од кај што дошле првите такви плочи
