Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 437864 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3542
И одредени објекти кои беа поодамна изградени сега во последни 10тина години ги упропастија,посебно делот кај универзална тоа веќе личи на Бангладеш ниту простор ниту организиражност.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3148
Сосема точно!

- Нема паркинг а нема ни точак каде да сместиш
- Подрум не се ни помислува, а ако случајно го предвиделе продаден е за магацин пред да се продадат становите
- Фискно стакло у пвце рамка наместо фасада
- Кујна без рерна
- Заедничка када на 4ти спрат во еден стан
- Клима наместо парно

Апсолутно нова димензија.

Некои нови згради немаат трофазна струја. Можда и сите.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Кај Песталоци буквално у школскиот двор влегоа со зградите. Тарасите над оградата се, кога ќе играат децата во двор топките на тараси ќе ги качуваат. Луди се жими се и овие у општина што даваат дозволи и инвеститори и народот што купува.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4101
Сосема точно!

- Нема паркинг а нема ни точак каде да сместиш
- Подрум не се ни помислува, а ако случајно го предвиделе продаден е за магацин пред да се продадат становите
- Фискно стакло у пвце рамка наместо фасада
- Кујна без рерна
- Заедничка када на 4ти спрат во еден стан
- Клима наместо парно

Апсолутно нова димензија.

Некои нови згради немаат трофазна струја. Можда и сите.

Трофазен приклучок нема? Трофазна струја многу тешко е да избегнеш иако и тоа го имаше за привремени објекти како трафики и слично ама за домување во 21ви век??

Во 2 понови станови (градени 2015+) и еден во градба каде прашав немаат трофазна струја.

Освен за плотна и проточен не треба. Плотната и би ја прежалил (можат да работат и на 1 фаза) ама проточниот не.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20339
Од наброеното би рекол дека клима наместо парно е предност.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Клима наместо парно е предност?  Нема поголем благодет од централно топловодно греење.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20339
Клима наместо парно е предност?  Нема поголем благодет од централно топловодно греење.

Да имаше постојано греење кога е потребно благодет ќе беше. Со вакво работење на ЕСМ само трошок е.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2682
Епа еден мал апдејт - денес конечно во целост е исплатен станот од мене кон инвеститорот, сега уште „само“ да враќаме кредити кон банката  :)

Вчера бев до објектот, добро напредуваат.
Мене ми останува да ја доиспланирам електричната инсталација и да им дадам план/цртежи. Исто да кажам што ќе купувам сам, а што ќе одберам од нивните понудени ѕидни и подни плочки, ламинат, санитарија, внатрешни врати. Мислам дека само внатрешните врати и плочките на терасата ќе бидат од нив.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3542
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 377
Епа еден мал апдејт - денес конечно во целост е исплатен станот од мене кон инвеститорот, сега уште „само“ да враќаме кредити кон банката  :)

Вчера бев до објектот, добро напредуваат.
Мене ми останува да ја доиспланирам електричната инсталација и да им дадам план/цртежи. Исто да кажам што ќе купувам сам, а што ќе одберам од нивните понудени ѕидни и подни плочки, ламинат, санитарија, внатрешни врати. Мислам дека само внатрешните врати и плочките на терасата ќе бидат од нив.
Провери си на време што се става помеѓу ореградни ѕидови, ако мислиш дека не е доволно за звучна и топлинска изолација направи промени на време ако сеуште има можност за тоа. Ова е голем проблем во огромен дел од новите градби поготово звучната изолација, ставаат блок 12-16 и малтер и тоа е тоа гледај да го решиш на време ова јас имав проблеми во претходните станови со звучна изолација, ти го кажувам ова од искуство

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2682
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5845
Провери си на време што се става помеѓу ореградни ѕидови

Ништо не се става... Цигла и малтер. И јас можам да му предложам да си обрати внимание околу тоа сега додека е во градба, бидејќи го имам тој проблем. Се што ќе преправаш подоцна ќе биде ем поскапо ем понеизводливо, се скратува простор и слично... Топлинска изолација секако ќе има околу тоа не мора толку да се грижиш ама звучна нема во огромен процент од новите градби. Ако е така како што викаш дека се реди тервол и табли тоа е супер.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2682
Така пишува во каталогот, така ми кажаа и мене кога потпишував пред-договор, така имаат и слики (не АI) постирано од други градби, така ми имаат кажано и други сопственици што се маткале по зградите кога им се граделе становите. Секако и јас ќе се маткам кога ќе стигнат до таа фаза, ама мислам дека се ќе биде во ред.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 377
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.
Покриен си тогаш, немаш проблем