Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 468502 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Таман ти е муабетот за нова зграда со каснења, пропусти, шлакутници...
Таман ти е и муабетот и за постара, дека има убави постари со основа за дотерување, кој има желба за тоа...

Реков дека има исклучоци. А за тие со смрдени влезој, колку сакаш лепи ти плочки дома и менвај паркет, влезо ќе си остани истиот :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Владе, не е баш така за половните.
Не знам како е во Битола, ама во Штип половните станаа само 150-200€ поевтини од нoв стан (по м2), а и ги нема за продажба. Зборам за станови до 70-80m2.
Многу, многу се ретки ставени на продажба.

Поголеми ќе најдеш, ама и цената е нешто вака и јас не планирав да ме дерат како овца:
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5602699

Знам што зборам, се утепав барајќи стан последнава година. И тоа претежно половни, станов што го купив излезе пошто ми скурчи да чекам некој да се смилува да продава по ОК цена, а и немаше да дочекам.

Девојката гледаше стан за нив, половен од 52м2 - 64000€. Со данокот на имот од 5% излегува 67000.
Епа мене нов стан ми е 71000€ (без подрумот и паркинг местото) од 57м2.
« Последно менување: 27 Јануари 2026, 19:57:46 pm balanar »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6290
Не му мешам математики на никој, чисто обзервација од моја гледн точка. Гледам и Штип забегале, бравос..
За Битола знам дека се наоѓа по нешто засега, во зградата кај мене има неколку млади брачни парови што си реновирале станови и се ултра задоволни.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
И јас сакав да земам половен од бар 60м2 и да го реновирам баш по мој вкус, ама помина година дена и ништо. Становите само се поскапи, и нови и стари.

Ќе гледам барем за овој стан да се изборам за штекови, прекидачи и кабли за осветлување по мој распоред, како и санитаријата во тоалетот што ќе си ка купам (не нивните default).
Исто и плочките (подни и ѕидни), како и ламинат/таркет можеш да си купиш свои, па тие ги монтираат.
Јас дури и подлога за таркетот сакам XPS да им дадам да постелат, не рандом филц од 2mm.

Веројатно после ти даваат пари наместо нивните планирани (и санитарија и плочки и ламинат) или се пребивате некако.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4124
Јас реновирам половен стан, прв и последен пат е ова. Го реновирам зошто го имам некое време, ми е блиску до куќата па можам да си користам паркингот и гаражата, а воедно е и на добра локација. Тоа се добрите страни на старите станови.

За лоши работи можам да напишам роман, али ќе останеме на неколку работи, за почеток дека се работи за воена зграда изградена пред 1980 година каде што има неколку војни лица што за 1000 марки го купиле станот и сега не сакаат да вложат ништо во него и мрчат по цели денови, што не сакаат да се смени влезната врата зошто било грабеж сега и ќе ја поправале (+45 год стара), што ходникот на подрумот го користат како се и сешто ( металска работилница, се прават манџи и зимници), што одреден дел од постарите станари сметаат дека се е нивна сопственост па можат да отворат врата и да те прашаат кај одиш кога испаѓаш, што не ја затвораат влезната врата за внучето да си гледало низ ходникот му било интересно, менување на одводна главна цевка е мисловна именка зошто сега се било пластика а гусот бил по ЈУС стандарди, ходниците се претесни и не е можно да се качи ништо нагоре итн тин..

И полоша нека е изведбата, само ново. Мирот и не замарањето со мајстори и комшии немаат цена. Се е за памет во животот, па така и реновирање на стар стан.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Благословен си што не си нашол стар стан :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2358

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
https://www.facebook.com/share/v/17jmyN9vc8/

Си приметил колку коли над 30 илјади евра се возат на форумов само? Јас низ град скоро и да не забележувам евтина кола. Да не зборам колку коли над 100 илјади евра има по патиштава. Нормално со МК таблици. Очигледно не е Македонија сиромашна земја повеќе.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15117
  • Пудингот на шоферството
Оваа ќе била луксузна, така ја рекламираат ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Onoj naj gore ima 2 kvadrati poveke od onoj najdolu.😁
Pred nekoe vreme bev vo pregovori za eden stan kaj ucilisteto Elpida K. vo Bitola,72m³,so dve spalni,edno wc i eden toalet.Ubav raspored.Cenata bese nad 95K.Kompletno za renoviranje,poso vnatre se bese od pred 45g.
Se pomisliv i bataliv.So tolku pari ke napravam sprat od 130m³ nad dukjanot i ke ja renoviram kompletno vikendicata.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44956
  • Il Moderatore
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
https://www.facebook.com/share/v/17jmyN9vc8/

Си приметил колку коли над 30 илјади евра се возат на форумов само? Јас низ град скоро и да не забележувам евтина кола. Да не зборам колку коли над 100 илјади евра има по патиштава. Нормално со МК таблици. Очигледно не е Македонија сиромашна земја повеќе.
  Секој го гледа она што сака да го види.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4124
https://www.facebook.com/share/v/17jmyN9vc8/

Си приметил колку коли над 30 илјади евра се возат на форумов само? Јас низ град скоро и да не забележувам евтина кола. Да не зборам колку коли над 100 илјади евра има по патиштава. Нормално со МК таблици. Очигледно не е Македонија сиромашна земја повеќе.

Скроз точно!

Со оглед на тоа колку се кука за плати и низок стандард а становите се продаваат уште во дупка, скапи возила на секој чекор (без разлика дали се купени половни или нови), секој оди во Солун барем 1-наш месечно на шопинг и кафе, а дојде продолжен викенд се чека со саати на граница, летување - зимување сите добри дестинации се продадени со месеци унапред, во Рила Боровец да отидеш 70% од гостите се Македонци, сите летови на Визз се продадени.... богат народ сме ама сакаме да си кукаме :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6290
@Sase91 Затоа реков кај половен може да одбериш и добра основа, локација сигурно, затоа што бил граден плански некогаш, па и комшиите ако сакаш.
Тоа со комшиите те сваќам, ама ти си го одбрал сепак. Имаш опција и за тоа, ако земеш во некоја високо катница од на времето со 12 спрата и стотици станови никогаш нема да се мени тоа, ако земеш во зграда со 6-8-10 стана имаш опција или да го избегнеш целосно со добри комшии или да го минимизираш јер 8-10 стана се, ако се стари луѓе, ќе умрат за 3-5 години и ќе се населат нови.
За цевката гусена..,патем јас живеам во воена зграда од 61ва :)
Порано покрај мојата одводна, се мена со истиот себап кај комшијата над платено и за него и раат тој ќефови денар не се даде, јас рает уште 60. Сега жувеат млади во истиот стан како и во 6 од 10 стана, 2 се празни 9 месеци,два се постари луѓе.
Сите се разбрани, врата се договоривме, најдов ефтина понуда се намести, прашав  за камера, се даде согласност, отидов купив наместив, сеа сите имаат да си гледаат на телефон и тоа.
Тоа што спомна добра локација имаш, имаш паркинг па и гаража и визба е мисловна именка во нов стан или ќе те одерат една викендица за истите во помало издание во најмала рака, паркинг место и “визба” од квадрат и пол гумите шо ги бери само.
Пола битолчани шо ги знам визбата во Битола му е оти не дособира со основни работи.
Во нов праксата кажува, па и темата овде наназад дека нема баш мир и без мајстори.
Во најмала рака ќе ги слушаш комшиите па или ќе трпиш или ќе бараш мајстори за изолација а веќе си го преплатил, чекал и сеа пак. Течење цевки исто е нормална појава кај мн еве и за тоа мајстор, неадекватна инсталација такуѓере.
А комшиите, е тие во нова зграда нови се не можиш ни да ги одбериш ниту пак ќе умрат за 3-5 години.
А дека постои огромна шанса бричеви и сељаци да се накачат околу тебе според статистиката кој се држи грд жив ќеш низ државата и те како е шансата дегенерици да живеат околу тебе наредните 40 години, оди со нив разбери се за фонд, галама и слично :D
Сигурно има супер градби нови  со се по пропис не велам дека не, ама тоа се 10% од пазарот, останатите 90% љуштел инвеститорот на секој ќош.
Џабе ново си е ново, ако новото се погоди да е срање од старт :D
« Последно менување: 28 Јануари 2026, 09:23:23 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7606
Јас реновирам половен стан, прв и последен пат е ова. Го реновирам зошто го имам некое време, ми е блиску до куќата па можам да си користам паркингот и гаражата, а воедно е и на добра локација. Тоа се добрите страни на старите станови.

За лоши работи можам да напишам роман, али ќе останеме на неколку работи, за почеток дека се работи за воена зграда изградена пред 1980 година каде што има неколку војни лица што за 1000 марки го купиле станот и сега не сакаат да вложат ништо во него и мрчат по цели денови, што не сакаат да се смени влезната врата зошто било грабеж сега и ќе ја поправале (+45 год стара), што ходникот на подрумот го користат како се и сешто ( металска работилница, се прават манџи и зимници), што одреден дел од постарите станари сметаат дека се е нивна сопственост па можат да отворат врата и да те прашаат кај одиш кога испаѓаш, што не ја затвораат влезната врата за внучето да си гледало низ ходникот му било интересно, менување на одводна главна цевка е мисловна именка зошто сега се било пластика а гусот бил по ЈУС стандарди, ходниците се претесни и не е можно да се качи ништо нагоре итн тин..

И полоша нека е изведбата, само ново. Мирот и не замарањето со мајстори и комшии немаат цена. Се е за памет во животот, па така и реновирање на стар стан.

Доста кукаш бе, ти барем имаш станови, што да кажеме ние што немаме вакви маки..

Не кукам, споделувам искуство со реновирање на стар стан.

Вие богатите што немате станови значи имате куќи, пренесете ете искуство за тоа :D