Исто и на мене до сега 4 инвеститори не прифатија корекција на преддоговор од страна на мој адвокат срочен.Затоа и на сите им зборам да гледат и да се консултираат со адвокат свој па тогаш да веруваат на бајки и 3д цртежи и на инвеститор преддоговор и не е како порано сега е хаос.Купување во градба секој со своите пари си знае како Пријател после 11 години зема имотен лист
.Но да не биде касно.Важно да подсетиме белким ке има некој акл во глава.Како велат на човек можеш да му земеш не и да му дадеш со сила.Друго објаснување не знам
Не би се осмелил да купам стан, особено ако е ми е за живеење, од фирма која нема одлична репутација и историја на претходно квалитетно градење.
Во градежништвото кај нас, за жал, речиси секогаш е истата приказна. Јас секогаш советувам да се купи готов објект што е сигурно, сигурно е. Еве, и во Ист Гејт дел од зградите сè уште чекаат имотен лист, а луѓето веќе се вселени и да сакаш да го продадеш го имаш на цена тешко ке го продадеш без имотен. Не дека фирмите што го градат комплексот не се сериозни, но реалноста е таква. Да не зборувам за центарот на Скопје, каде што има згради со години недовршени, без целосни технички приеми, а луѓето чекаат да се вселат.
Ова го кажувам како гола реалност, без разлика колку „јака“ репутација има некоја фирма. Во ова општество веќе човек не знае што да прави и на кого да верува најмалку на институции не дај боже на судство... Кога официјално лице од влада ќе излезе и ќе каже дека следува економски колапс, кога ќе се „спукаат“ 6 милијарди за 13–14 месеци без видлив резултат сè ти е јасно каде сме.Што е најтрагично ние граѓани немаме ништо олеснување од тоа додека тие си кројат како да си земат плати и да се негуваат удобности , океј ке плаќаме не 10, еве 40% данок ама каде и што фидбек имаме што живееме од тие пари? Христо смиренски е цела пропадната улица еден пороен дожд гумени чизми не те спасуваат. Улица 21 век 2026 збориме не технологија,наука,уметност и остало улица.
Порано беше поинаку. Имаше збор, имаше ред. Доста кумановски инвеститори што градеа низ Скопје држеа до рокови и документи кога ќе кажеа рок, рокот се почитуваше, со чиста документација. Центар, Кисела Вода, ФОН – голем дел од тоа е изградено токму од кумановски инвеститори. Денес, многу од нив веќе не градат тука. Се префрлија на Приморје, сфатија дека со овие тука ниту може да се работи, ниту да се води бизнис.
Економија не се гради вака поготово градежништво, а сето тоа, за жал, го трпиме ние граѓаните – и тоа дебело го плаќаме, на секој можен начин.
И не само шо ке биде луксуз да има човек кров над глава веќе е, него кој ке остане да живее пред 3 дена на протест за усје бевме каде се гушиме немаше ни 1% од жители на Скопје кои живееме а градот е преку пола милион, се плаши го запослила партија а умира со секој ден од воздух, да се плукнам и на партија и на ебани бедни 1на1 квадарт 30илјади денари кај чмае и мисли нешто направил од себе и животот ,ебати носете во гроб и пари и се ама касно ке биде.Очекувајте шокови од евн наредна недела за сметки се ние тоа ке платиме што они си прават бајрам на мозок.. и никој не се буни јас се чудам дали овој народ толку убаво живее па се му е најарно и најубаво? во сите сегменти на постоење на еден човечки живот во РМ или РСМ.Или јас сум токсичен човек или она во превод кај ти е арно оди си ти си сеа окорели етикета , вемероид,комуњар левичар десничар јас сум реален и не сакам вакво општество како што е.