Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 601717 пати)


Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027

 In other news - после години под кирија во Скопје, ми дојде и мене редот да си барам прв стан за купување.
Веќе некое време сум под кирија во центарот на центарот на градот, во Градски ѕид, па откако газдата ја одби понудата да му го купам овој, решив да барам во друга општина.

Барам главно во Кисела Вода, границата отприлика би била до кај Супер Тинекс/Никоб осигурување на Борис Трајковски, па ако вие продавате, или имате ваши луѓе, сторете ми абер во ПП.
За нови станови признавам дека сум уште налбат, па учам паралелно како што барам.

Пример, по читањето назад за Баланар, денес ве обвинувам вас дека ќе си барам и подземно паркинг место :)
Додуша и муабетот за второ вц ме замисли и сосема има смисла.

Вчера преку Кацкар бев да гледам стан од Трим и Љум кај техничкиот преглед во Кисела Вода, и баш му фрлив око, со таркети, со радијатори, со сите нишани, ама да не се залетувам веднаш.

Паралелно гледам и некои станови во постари згради околу Дом за слепи, за кои надежно нема да има потреба да им влегувам со зоља за реновација.

Имам репетирани луѓе и мајстори nga Gostivare (поздрав @MartinAlfista :) ) само уште станот да се најде.
Кисела Вода побарај понуда од Кат Костов, си го има фатено делот со куќите во близина на Мечкаров каде гради згради. Баш сега копаат дупка за темели (ако не се удрени веќе) на уличката од Локо Кроко надоле спрема Мечкаров.

Ние склучивме договор со Биси на локација во близина на техничкиот, до Елена Лука зградите, спроти Расадник, моментално е со цена 2000, летото беше 1800, паркинг 12.000(-1)/ 10.000(-2)/ 8.000(-3). Интересна беше понудата на приземните станови со дворно место, тука квадратот во тој момент беше + 200 евра ама добиваш дворно место бесплатно, зависно од квадратурата на станот, рокот на зградата (Ламела 1 и 2) е до октомври 2027 година.

Биди упорен и во гледање на огласи за половен (релативно нов) стан, претежно локација Расадник, имаше интересни станови, наместени за околу 2000 е. Можеби не е лошо да контактираш некоја поизвикана агенција за недвижности да ти бара или најде, да не губиш време, а и не можеш да ги знаеш сите понуди во моментот.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Мене ако ме прашаш, Кисела Вода би ја избегнувал, особено тој булевар кој е екстремно фреквентен.
Или би одел некаде накај Тафталиџе, или Аеродром и пак да не бидеш баш на улица/булевар.

Сум живеел 3 години покрај булевар (Јане Сандански) и е одвратно.

Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Предлозите беа за Кисела Вода дека членот таму бараше, инаку Кат Костов и Биси не се на булевар. Директно на булевар ни јас не би можел да поднесам, можам да замислам како е.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Јас би препорачал и повисоко да е, со добар поглед. Многу мења коа пиеш кафе сабајле.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
@Bravo во декември имав баш една таква шанса на слепата ул. Локов, позади таа градинката кај дом за слепи.

Се што имав како критериум, го исполнуваше, освен состојбата.

1300еу/кв, али сериозна руина, онака да влезеш со чета булдожери.
Не го гледам повеќе по огласи, веројатно се има некој посреќено.

@Filip MK фала на совет и со среќа нека е договорот и опремувањето на станот лека по лека кога ќе си стигне се на ред :) !

Од денес и Трим и Љум поскапуваат на 1900, па некако смеа и с'клет ме фаќа во исто време.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9268
  • Пичлеме
Оваа ќе била луксузна, така ја рекламираат ;D


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6486
Сите плачат дека ништо не чини од новите градби, дека ги коли инвеститорот, нема изолација , накндно тоа , накнадно  инсталација копање, носачи на сред дневна, соби шо берат кревет само да влезиш на јога од врата ама пак сите купуваат нови такви.
 Немам слушнато некој да земи половен стан во нормална зграда градена по Јус и да си го направи по негов ќеф, а сите се растени во тие згради со соби по стандард не кутлуци за гулаби.
Why is that ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9268
  • Пичлеме
Ова е дискутабилна тема, за стара зграда градена по некој стандард. Накратко:
 
Една работа е што секако се преценети и тие, скапа руина со влез шо смрди на мочка и влага, со дотраена инсталација, водовод, одвод... чест на исклучоци, има и такви каде што живеат луѓе и си ги одржаваат.

Втората работа е што треба реновирање, треба малтретирање со мајстори, а мајсторите денес се далеку од ЈУС, така да...

Лани ова време мој драг пријател купе таков стан, во постара зграда. Со изработена стратегија за реновирање, што, како, колку, мајстори, колку време...

Плано беше да се всели некаде почеток на летото... се вселе пред 2 месеци.

- Професоре како со мајсторите, по план?
Професоро:

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
  • French diamond
Сакат луѓето 7 години гаранција, ново си е ново, прв да си прдни внатре  ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9268
  • Пичлеме
Секој си ги правда фрлените пари за ова ѓубре или она ѓубре. Некој поќе, некој помалце. Ти ептен, во секоја прилика ;D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6486
Немам поим колку се во Скопје, ама за во Битола и тоа како има добри станови сп добра основа.
Тоа мочал серел некој не е нешто битно секако ќе оди генералка станот, ако имаш среќа може и не целосна.
Тоа со всњлувањето не знам еден шо влегол во нов стан на време сите обелеа во косите дур да си влезат во тоа што го имаат преплтено.
Кај нас во касарната лично знам неколку луѓе не само шо чекаа туку и на новото реновираа уште еднаш шо од недоволно штекери, до цели инстлации оти ќе се запали зградата ако се монтира проточен,”високо квалитетна дограма” пишана во договорот е уствари жива фушарија, врати што можеш со касата комплет да влезиш, комшијата се слуша ако збораат на маса итн..
Со половен стан барем можеш да си одбереш некој со добра основа што знаеш дека се покажани згради и да си го довршиш по твоја желба.
За скапо веќе ае е скапо и половниот ќе е скап и мајсторите се скапи ама ќе биде по твое, успат ако си добар во нешто, таркет ламинат, глет, абрип или струја можеш да ушпараш да наместиш сам, во нов и главен мајстор да си ја немаш таа опција. Немам поим колку се во Скопје, ама за во Битола и тоа како има добри станови сп добра основа.
Тоа мочал серел некој не е нешто битно секако ќе оди генералка станот, ако имаш среќа може и не.
Тоа со всњлувањето не знам еден шо влегол во нов стан на време сите обелеа во косите дур да си влезат во тоа што го имаат преплтено.
Кај нас во касарната лично знам неколку луѓе не само шо чекаа туку и на новото реновираа уште еднаш шо од недоволно штекери, до цели инстлации оти ќе се зградата ако се монтира проточен,”високо квалитетна дограма” пишана во договорот е уствари жива фушарија, врати што можеш со касата комплет да влезиш, комшијата се слуша ако збораат на маса итн..
Со половен стан барем можеш да си одбереш некој со добра основа што знаеш дека се покажани згради и да си го довршиш по твоја желба.
За скапо веќе ае е скапо и половниот ќе е скап и мајсторите се скапи ама ќе биде по твое, успат ако си добар во нешто, таркет ламинат, глет, абрип,плочки  или струја можеш да ушпараш да наместиш сам, во нов и главен мајстор да си ја немаш таа опција.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9268
  • Пичлеме
Таман ти е муабетот за нова зграда со каснења, пропусти, шлакутници...
Таман ти е и муабетот и за постара, дека има убави постари со основа за дотерување, кој има желба за тоа...

Реков дека има исклучоци. А за тие со смрдени влезој, колку сакаш лепи ти плочки дома и менвај паркет, влезо ќе си остани истиот :)



Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
Владе, не е баш така за половните.
Не знам како е во Битола, ама во Штип половните станаа само 150-200€ поевтини од нoв стан (по м2), а и ги нема за продажба. Зборам за станови до 70-80m2.
Многу, многу се ретки ставени на продажба.

Поголеми ќе најдеш, ама и цената е нешто вака и јас не планирав да ме дерат како овца:
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5602699

Знам што зборам, се утепав барајќи стан последнава година. И тоа претежно половни, станов што го купив излезе пошто ми скурчи да чекам некој да се смилува да продава по ОК цена, а и немаше да дочекам.

Девојката гледаше стан за нив, половен од 52м2 - 64000€. Со данокот на имот од 5% излегува 67000.
Епа мене нов стан ми е 71000€ (без подрумот и паркинг местото) од 57м2.
« Последно менување: 27 Јануари 2026, 19:57:46 pm balanar »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6486
Не му мешам математики на никој, чисто обзервација од моја гледн точка. Гледам и Штип забегале, бравос..
За Битола знам дека се наоѓа по нешто засега, во зградата кај мене има неколку млади брачни парови што си реновирале станови и се ултра задоволни.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html