Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 601776 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7305
Јас немам мерак да готвам,освен на скара да завртам некое месо.Сопругата не се меша во скарата,јас не се мешам во кујната.
Инаку не би дал 10К € за нешто шо не би го користел.А познавам доста шо го направиле тоа и не ги користат кујните да не им се уништеле,да не им се извалкале или шо ти ја знам.Лудаци.

Как сиромашен одиш да се најадеш, кај богатиот да се изнагледаш.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11907
  • Архитект
Zepter мислам не работат на иднукција, барем тие што се од на времето.

Работат и тоа работат подобро од сите шо се понови.
На сите Zepter (барем на тие шо ги имаме ние по дома) газерот му е дебел и е железен. Тоа ѕвони на индукциската.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4491
https://faktor.mk/nikoloski-ova-so-cenite-e-naduvan-balon-gragjanite-da-ne-kupuvaat-stanovi-pred-izgradba

- Загрижен сум дека се создава еден балон во градежништвото и да ги замолам граѓаните да не купуваат станови без да можат да ги видат со голо око. Да не купуваат станови со таканаречена прибелешка во имотен лист, туку да купуваат станови во објекти кои што веќе имаат добиено употребна дозвола.

Затоа што ми е страв дека овој балон може да пукне и дека бројни објекти може да останат незавршени. Апелирам до граѓаните да внимаваат многу кога купуваат недвижности. Наједноставен совет е да бараат од инвеститорот употребна дозвола и да е впишан во „Катастар“.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3925
Најдобронамерен совет до сите кои сакаат да си купат стан во изградба: на почеток изгледа дека е поевтино, бидејќи физички не си во него, но таков стан носи многу ризици. Временските интервали се неизвесни, а особено кај нас, во корумпирана држава, човек едноставно не може да има доверба.

Јас сум еден од оние кои многу порано ги поминале фазите на купување стан во градба. На што да се обрне внимание? Кој е инвеститорот? Што и како изградил? Дали станот ги задоволува твоите критериуми? Ако е „клуч на рака“, погледни што се вградува. Направи пресметка: дали ќе имаш подно греење низ целиот стан, или само клима во една соба, или четири клими ако не сакаш да оглувиш? Дали ќе имаш централно парно?

Цена и плаќање – ако имаш заштедена готовина и си печалбар од странство, договори цена и уплаќај. Но до сите кои работат и живеат со станбени банкарски кредити: јас лично не би го советувал тоа во Македонија. Околу цените секаде е скапо и ќе биде луксуз за човечки живот да имаш свој стан за околу 70 години предвидено. Едноставно, тоа ќе биде научна фантастика во наредните четири години, без разлика дали си во Скопје или Минхен.

Совет до сите: ако можете, купете веќе изграден стан и по можност веднаш се вселете. Онака, кога веќе давате пари за стан во градба, тоа веќе не е ни безбедно. Уште еднаш совет: до 31 декември 2028, ДДВ на прв стан е 5%. Ако купувате во градба, вметнете клаузула дека ако станот не се изгради, не се вселувате, и ако дојде до промена на ДДВ, вие како купувач не го плаќате, туку инвеститорот.

Не верувајте на 3D цртежи и бајки. Од искуство ви кажувам: времето лета, и дали ќе се вселите на време е секогаш знак прашање. Јас ви пишувам ова од искуство.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5571

Ne e toa samo vo MK i vo Germanija ima isti slucai

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

https://www.slobodenpecat.mk/sopstvenici-na-stanovi-so-protest-baraat-da-se-vselat-vo-zgrada-vo-madzhir-maalo-chekame-investitorot-da-se-smiluva-samo-vetuva-i-ne-ispolnuva/
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15382
Јас летоска сакав да купам стан од една фирма. Зградата се гради сѐ уште.

Вие не знаете кои глупости ги пишуваа во преддоговорите.

Нејсе.

Имаа пишано крај на градба мај 2027. Рокот можел да се пробие ако имале проблем од Општината, Водовод, ЕВН…

Клаузули што ако се пробие рок, ништо не пишале.

Си најдов адвокат, спремивме одговор со тоа што ќе ми плаќаат нели за пробиен рок, како ќирија.

Не прифаќаа таков пред договор.

Се откажав. Од јули 2025 само еден ред цигли Ytong имаат наредено.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3925
Исто и на мене до сега 4 инвеститори не прифатија корекција на преддоговор од страна на мој адвокат срочен.Затоа и на сите им зборам да гледат и да се консултираат со адвокат свој па тогаш да веруваат на бајки и 3д цртежи и на инвеститор преддоговор и не е како порано сега е хаос.Купување во градба секој со своите пари си знае како Пријател после 11 години зема имотен лист :D .Но да не биде касно.Важно да подсетиме белким ке има некој акл во глава.Како велат на човек можеш да му земеш не и да му дадеш со сила.Друго објаснување не знам
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Денес го потпишав пред-договорот, па до банка за апликација за кредит (ми фалат само уште некои документи/заверка кај мене на работа), па да се процесира официјално.
Земав и три листа за пред-бележување (станот, подземното паркинг место (16m2) и подрум(5m2). Подрумот е во продолжение на гаражата, на крајот од паркинг местото има заградено, со врата. Супер е за носење работи од кола у подрум и обратно.

Ќе пишам подоцна што бидна од тоа што сакав да прашам.

@balanar Прво и најбитно - честитки најголеми, слатки маки се овие, со среќа нека ти е, помалку нервози и помалку трошоци и што побрзо да се вселиш!

Топ тип што мислам дека не е спомнат претходно - претпоставувам дека со либето ќе си се вселуваш, али за мир во куќа, слушај ја шефицата како сака да биде опремено :)

In other news - после години под кирија во Скопје, ми дојде и мене редот да си барам прв стан за купување.
Веќе некое време сум под кирија во центарот на центарот на градот, во Градски ѕид, па откако газдата ја одби понудата да му го купам овој, решив да барам во друга општина.

Барам главно во Кисела Вода, границата отприлика би била до кај Супер Тинекс/Никоб осигурување на Борис Трајковски, па ако вие продавате, или имате ваши луѓе, сторете ми абер во ПП.
За нови станови признавам дека сум уште налбат, па учам паралелно како што барам.

Пример, по читањето назад за Баланар, денес ве обвинувам вас дека ќе си барам и подземно паркинг место :)
Додуша и муабетот за второ вц ме замисли и сосема има смисла.

Вчера преку Кацкар бев да гледам стан од Трим и Љум кај техничкиот преглед во Кисела Вода, и баш му фрлив око, со таркети, со радијатори, со сите нишани, ама да не се залетувам веднаш.

Паралелно гледам и некои станови во постари згради околу Дом за слепи, за кои надежно нема да има потреба да им влегувам со зоља за реновација.

Имам репетирани луѓе и мајстори nga Gostivare (поздрав @MartinAlfista :) ) само уште станот да се најде.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2741
Бегај од Трим и Лум ако сакаш да си раат

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Фала за тоа, ќе го имам на ум. Прифаќам секаков совет и критика, само можеш ли да кажеш и за мене и за сите тука зошто подалеку од нив? Така нешто слично и за Саник прочитав поназад. @andrejnaumovski

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7957
Исто и на мене до сега 4 инвеститори не прифатија корекција на преддоговор од страна на мој адвокат срочен.Затоа и на сите им зборам да гледат и да се консултираат со адвокат свој па тогаш да веруваат на бајки и 3д цртежи и на инвеститор преддоговор и не е како порано сега е хаос.Купување во градба секој со своите пари си знае како Пријател после 11 години зема имотен лист :D .Но да не биде касно.Важно да подсетиме белким ке има некој акл во глава.Како велат на човек можеш да му земеш не и да му дадеш со сила.Друго објаснување не знам

Не би се осмелил да купам стан, особено ако е ми е за живеење, од фирма која нема одлична репутација и историја на претходно квалитетно градење.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3071
@dbl.dzo - Кај си бре ти, кај те снема???

Фала ти, да ти се враќа сега кога секако си во потрага, барем дупло поголем  :D

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3925
Исто и на мене до сега 4 инвеститори не прифатија корекција на преддоговор од страна на мој адвокат срочен.Затоа и на сите им зборам да гледат и да се консултираат со адвокат свој па тогаш да веруваат на бајки и 3д цртежи и на инвеститор преддоговор и не е како порано сега е хаос.Купување во градба секој со своите пари си знае како Пријател после 11 години зема имотен лист :D .Но да не биде касно.Важно да подсетиме белким ке има некој акл во глава.Како велат на човек можеш да му земеш не и да му дадеш со сила.Друго објаснување не знам

Не би се осмелил да купам стан, особено ако е ми е за живеење, од фирма која нема одлична репутација и историја на претходно квалитетно градење.

Во градежништвото кај нас, за жал, речиси секогаш е истата приказна. Јас секогаш советувам да се купи готов објект што е сигурно, сигурно е. Еве, и во Ист Гејт дел од зградите сè уште чекаат имотен лист, а луѓето веќе се вселени и да сакаш да го продадеш го имаш на цена тешко ке го продадеш без имотен. Не дека фирмите што го градат комплексот не се сериозни, но реалноста е таква. Да не зборувам за центарот на Скопје, каде што има згради со години недовршени, без целосни технички приеми, а луѓето чекаат да се вселат.

Ова го кажувам како гола реалност, без разлика колку „јака“ репутација има некоја фирма. Во ова општество веќе човек не знае што да прави и на кого да верува најмалку на институции не дај боже на судство... Кога официјално лице од влада ќе излезе и ќе каже дека следува економски колапс, кога ќе се „спукаат“ 6 милијарди за 13–14 месеци без видлив резултат сè ти е јасно каде сме.Што е најтрагично ние граѓани немаме ништо олеснување од тоа додека тие си кројат како да си земат плати и да се негуваат удобности , океј ке плаќаме не 10, еве 40% данок ама каде и што фидбек имаме што живееме од тие пари? Христо смиренски е цела пропадната улица еден пороен дожд гумени чизми не те спасуваат. Улица 21 век 2026 збориме не технологија,наука,уметност и остало улица.

Порано беше поинаку. Имаше збор, имаше ред. Доста кумановски инвеститори што градеа низ Скопје држеа до рокови и документи кога ќе кажеа рок, рокот се почитуваше, со чиста документација. Центар, Кисела Вода, ФОН – голем дел од тоа е изградено токму од кумановски инвеститори. Денес, многу од нив веќе не градат тука. Се префрлија на Приморје, сфатија дека со овие тука ниту може да се работи, ниту да се води бизнис.

Економија не се гради вака поготово градежништво, а сето тоа, за жал, го трпиме ние граѓаните – и тоа дебело го плаќаме, на секој можен начин.
И не само шо ке биде луксуз да има човек кров над глава веќе е, него кој ке остане да живее пред 3 дена на протест за усје бевме каде се гушиме немаше ни 1% од жители на Скопје кои живееме а градот е преку пола милион, се плаши го запослила партија а умира со секој ден од воздух, да се плукнам и на партија и на ебани бедни 1на1 квадарт 30илјади денари кај чмае и мисли нешто направил од себе и животот ,ебати носете во гроб и пари и се ама касно ке биде.Очекувајте шокови од евн наредна недела за сметки се ние тоа ке платиме што они си прават бајрам на мозок.. и никој не се буни јас се чудам дали овој народ толку убаво живее па се му е најарно и најубаво? во сите сегменти на постоење на еден човечки живот во РМ или РСМ.Или јас сум токсичен човек или она во превод кај ти е арно оди си ти си сеа окорели етикета , вемероид,комуњар левичар десничар јас сум реален и не сакам вакво општество како што е.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Не се сите исти. Од темели до имотен лист 29 месеци. Само си сака очи отварање.