Ако е мал просторот во ходник, можете да залепите огледало на вратата за тоалет. Обично на ПВЦ вратите од тоалет лепат. Високо и големо огледало ќе биде. По мерка за точно цела врата да е огледало. И поубаво изгледа вратата и подобро е отколку специјален простор за огледало ако е мал просторот
Сите врати и фиоки дури и на рерна да се со меко затворање
Ако не сакаш да се наведуваш, рерната на високо
Вратата на фрижидерот се менува кон која страна се отвара
Мебелот планирај да е на повисоки ногарки за да може робот правосмукалка да влезе под мебел и да чисти се
Мебелот по мерка (кујна посебно) до таван да е висока за да не се собира прашина
Сите сијалици, или барем во спална да се смарт или со евтино ВиФи грло од тему за да можеш со дајлинско да ги палиш гасиш
Во кујна големо длабоко лавабо со флексибилна чешма што се витка
Дополнителен полесен приклучок за градинарско црево некаде во кујна или тоалет ако веќе немате на терасата или во станот
Аспираторите во купатило и кујна најјаките што можеш да ги најдеш. И со лептир, инаку ќе ти враќа смрдеа од другите станови
Лед лента во кујна над работна маса
Во кујна да има највеќе штекери што можеш посебно до работната маса
Ако знаеш точно се каде ќе ти стои, буши го ѕидот уште сега (за клими, држачи за телевизор итн) за да не бушиш на чист и свежо кречен стан
Во купатило гледај сите тие држачи за сапуни шампони и што и да е што се лепи на ѕид да бидат закачени со штрафови во ѕид наместо залепени. Или ако веќе лепиш, лепи ги со санитарен силикон
И на крај најбитното - сите мајстори лажат, ако не им стоиш над глава ќе забушаваат и сјебат нешто, за жал
