Да не почнувам да пишувам за стан у градба и све после тоа, сигурно еден куп го прошле истото.
Од мое искуство, каде инвеститорот у мојот случај погрешни, те не изведе како треба.
Туш кабина во купатилото. Инсистирав да биде ѕидана, ме убедуваа, те не даваа гаранција дека нема да тече доле кај комшиите. Ок, ставија некој пластична, која после година дена користење почна од ќошевите да тече,и по подот идеше накај одводот у средина на вецето. Беа 5 пати менуваа лајсни, чистеа убаво од стар лепак, еден се запна ептен како и ја сам да би го правел. Едноставно димензијата беше помала него што треба па до плочките на ѕидот имаше многу растојание и после некое време си пушташе вода.
На крај, се договорив со нив да ми го платат материјалот, јас си најдов мајстор кој направи ѕидана кадичка да ја речам, со 10 цм прагче. Решен проблем, плус со одвод од оние долгите у линија, топ беше.
Иначе скоро секој ден, ај да не претерам, секоја недела идев на објект додека се градеше, то ест кога беше карабина и можеше да се влегува. Си сака замарање, те јас сакав да се замарам.
