Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 471562 пати)

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
1400 евра за четиричлено семејсгво се гол минимум. Зборам за храна, сметки,школо, градинка, англиски, карате, базен и останати тракатанци. Гол минимум. Ако наведените ставки се сврстат во луксуз, ич да не дискутираме поарно.  Зборам да не јадеш паштети од Стокомак и да мислиш дека си го зезнал системот. Исхрана што повеќе ориз, компир, грашак, леќа, грав, свежо телешко, пилешко, свинско  во умерени количини, свежо овошје и зеленчук итн.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • Шо да пишам тука?🤔
Како да се постигне тоа ако двајца од семејството работат? Колкави примања треба да се има?

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
Како да се постигне тоа ако двајца од семејството работат? Колкави примања треба да се има?

700 евра по човек минимум.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
  • Хюндай Тюсон
Месечни трошоци 1400 евра без рата за стан/кирија? Што правите бе луѓе :)

Не можам да разберам што сакаш да кажеш. Многу се 1400 или малку се не стигаат?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Ако некој успее (во Скопје барем) месечно со две дечиња, потенцирам дечиња оти не сакам ни да помислам како е со тинејџери, испод 1400 евра да помини, јас глава сечам.

Зборам за нормален живот, не зборам сега транзициски флешбекови да им правам дома.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6293
@Carpathian Lord Испринтај им бонови од Жито Битола на малите дома и пушти ги нека се снаоѓаат со нив :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8245
  • Плинаш!!!
Се проаѓа и со помалку, само треба да си ги намалиш апетитите. Не викам дека 1400 евра не би биле таман но може и со помалку.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
Се проаѓа и со помалку, само треба да си ги намалиш апетитите. Не викам дека 1400 евра не би биле таман но може и со помалку.

Можеше, но во 2020та. Во 2026та кога цените растат на дневно ниво, мислам дека тоа е многу тешко. Куповната моќ испарува на дневно ниво.  Скоро се е качено за 100%.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8245
  • Плинаш!!!
Сеуште може, еве јас живеам со две дечиња и со помали вкупни примања од 1400 евра и со 2 кредита. Се се може ако се сака. Затоа реков само ќе си ги намалиш апетитите.

А дека цените се качени и дека се качуваат преку ноќ, за тоа нема збор.

Али 1400 евра би биле онака таман за да можеш да си дозволиш зимување и летување баш како што доликува.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4289
Во Скопје излегување со децата е автоматско одење во молл, а таму се е направено за да трошиш пари. Кога еден обичен бургер ти е 300+ денари, 1400е летаат брзо.

Порано се чудев како не им е мака на многу луге од Скопје што имаат куќи во Преспа да патуваат за викенд толку пат, ама тоа е поефтино и подобро потрошено време од одење по моллови.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Јас затоа потенцирав. Нормален живот. Не луксузирање.

Каишот ако го затегнеш не значи дека живееш нормален живот, правиш доста компромиси - затоа нели се вика затегнат каиш :)


Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2522
Имам теорија дека во поново време многу разводи се поради продуктите на Биби и Боби продукција и нивната цена.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Во Скопје излегување со децата е автоматско одење во молл, а таму се е направено за да трошиш пари. Кога еден обичен бургер ти е 300+ денари, 1400е летаат брзо.

Порано се чудев како не им е мака на многу луге од Скопје што имаат куќи во Преспа да патуваат за викенд толку пат, ама тоа е поефтино и подобро потрошено време од одење по моллови.

Не е само тоа
- јазици
- спорт
- се скинале патики - посебно машки деца ако имате, знаете. God bless Waikiki.
После се родендени. Секој викенд има по некој роденден и нормално, на мали деца им е интересно да си одат на родендени.
Едно големо чоколадо е 380-400 денари. Испод 500 денари не си да однесеш поклонче по дете.
Кај се родендени кај братучедчиња... празници итн.

Маркетиве полудеа со цениве.

Табла јајца 230 денари некни видов. Ненормална работа.

Да не го должам, ме разбирате...


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8245
  • Плинаш!!!
Табла јајца 359 денари, кај има 2 и кусур денари одма да земам 10 табли.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7788
Во Скопје излегување со децата е автоматско одење во молл, а таму се е направено за да трошиш пари. Кога еден обичен бургер ти е 300+ денари, 1400е летаат брзо.

Порано се чудев како не им е мака на многу луге од Скопје што имаат куќи во Преспа да патуваат за викенд толку пат, ама тоа е поефтино и подобро потрошено време од одење по моллови.

Не е само тоа
- јазици
- спорт
- се скинале патики - посебно машки деца ако имате, знаете. God bless Waikiki.
После се родендени. Секој викенд има по некој роденден и нормално, на мали деца им е интересно да си одат на родендени.
Едно големо чоколадо е 380-400 денари. Испод 500 денари не си да однесеш поклонче по дете.
Кај се родендени кај братучедчиња... празници итн.

Маркетиве полудеа со цениве.

Табла јајца 230 денари некни видов. Ненормална работа.

Да не го должам, ме разбирате...



Овој момент не го разбирав, се дур не дојдовме до тоа на секои 2-3 дена некаде да одат децата на роденден. Кај другарчиња од градинка, тука од маало, од пријатели. Ова е неверојатна работа.