Денес правев некои груби пресметки (плус се чув со банките) за станбен кредит. Ова подолу е само кредитот, без другите пропратни трошоци. А каде се трошоците за уредување на истиот

Чисто ме интересираше колку е месечно рата, колку би било крајно за враќање и сл.
60.000 евра на 20 и 30 години.
80.000 евра на 20 и 30 години.

Свесен сум дека варијабилната камата е баш тоа - варијабилна и не може да се гледа од денешен аспект, грубо се пресметките со денешна дата.
Исто така, свесен сум дека можеш кредитот да го рефинансираш после 10 години и пак да се ставиш на фиксна за наредни 10 години

Да не зборам што можеш и да го отплатиш порано доколку имаш можност, па крајната сума да е доста помала.
Не знам што ќе се прави, ова е лудница.
30 години лично ми е премногу (и временски и каматно и секако) и тоа дефинитивно отпаѓа.