Ниту еден друг град во Македонија, освен Скопје и Охрид, не добива никакво вистинско внимание. Не дека немаат перспектива – туку едноставно не се вложува во нив. Зошто? Тоа за мене не е ни прашање – тоа е факт.
Животот е краток. Сите еден ден ќе умреме. Генерации се менуваат, но ниту една не останува во своето родно место. Опаѓа сè. Скопје не е Њујорк, ниту пак Охрид е Комо. Но за жал, тие два града се единствените што барем некако функционираат во оваа држава.
Сè останато? Мртво. Горe-долу.
И тоа е прашање што треба сите – особено оние што уште живеат во некоја илузија – да го сфатат. Не може сè да се сведе само на еден град.
Куманово, Битола, Велес, Тетово – тоа се одлични градови!
Овие 4 града имаат речиси 300.000 жители! Да не зборуваме за површина, култура, традиција, историја.
А што е направено за нив во изминативе 30 години?
Ништо суштинско.
И ова се однесува на сите политички елити, без исклучок.
Зашто – сакаме или не – сами себе се гасиме.
Јас не сум некој што „мудрува“. Само давам мислење од перспектива на обичен човек. Зошто, на пример, да нема факултет во Куманово? Зошто да нема во Велес?
Зошто да не се искористи истиот терк од Југославија: еден град произведува, друг пакува, трет извезува?
Имаме ресурси. Имаме луѓе.
Само немаме систем и визија.
Еден Сингапур е како две Македонии – без ниту едно природно богатство, без руда, без вода, без планини, без море. Но со еден клучен елемент: корупција сведена на 0%.
И ете го резултатот – држава која блеска. Држава која функционира.
А ние?
Со сите богатства што ги имаме, со руди, со езера, со планини, со земјиште, со клима, можеме сите до еден да живееме пристоен, достоинствен живот.
Секој град во Македонија треба да има агенда – план, стратегија, развој.
Секој град треба да се натпреварува – кој е поубав, поуреден, поиновативен, посоцијален, покултурен.
Што ти вреди да шеташ дете во количка низ парк во Скопје, ако таков парк нема и во Прилеп?
Зошто да нема во Битола, во Штип, во Кочани, во Струга?
Зошто не секој град да биде уреден, функционален, топол за живеење?
Корупцијата е коренот на сè.
Кога корупцијата ќе стане 0% – сè ќе се среди.
И тоа не треба да чека децении. Може да се направи за 15 дена.
Прво – да се почне од докторите.
Да се среди системот, од корен.
Имав прилика да видам што значи Сингапур.
Ви велам – Да се донеса тт ие луѓе од таму, за 15 дена Македонија ќе изгледа како обновена држава налик Сингапур.