Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357554 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Не знам дали знаеш, ама во центар, позади Универзална сала, па и на Мирче Оровчанец, сè уште се градат згради  и тоа без централно парно. Уште ставаат ламинат, обични пластични прозорци – шабанарија. А за греење и ладење  само клима. Ало! Бараат над 2000 евра за квадрат!

Ок, локацијата е важна  зборено е за тоа ама и другите работи се пресудни. Моја препорака: ако можеш да си дозволиш, земи стан во комплекс „Треска“.

Проблемот кај нив е што не преговараат за цената, ама имаат разни квадратури – од 30 квадрати со посебна спална, па до 150 м². И сите станови се со посебна спална функционални коцка стар југословенски стил.Моментално, на ниво на цело Скопје, тоа е најдоброто што се гради – со клуч на рака и со врвни материјали. Таму купуваш и си безгрижен.

Разликата од „Дајмонд“ е небо и земја. Немам проблем ни со Ѓорче, ни со ФОН со локација, ама со кои материјали градат – страв да те фати. Ќе се разочараш за што даваш пари

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Може ли некој да ми направи пресметка,  инвестиција во стан од 70м2 што е некој минимум за да живеат 3ца во него, купен на кредит и опремен на кредит, ќе биде отплатен на нула? Чисто гледано како инвестиција.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Може ли некој да ми направи пресметка,  инвестиција во стан од 70м2 што е некој минимум за да живеат 3ца во него, купен на кредит и опремен на кредит, ќе биде отплатен на нула? Чисто гледано како инвестиција.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Pisi i tuka ako dobies nekoi brojki

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Има тука експерти ќе склопат бизнис план


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Еве на Џимни другар му што вика


Ајде да направиме детална пресметка:



Основни параметри:
   •   Површина: 70 м²
   •   Цена по м²: 2000 €
   •   Вкупна цена на станот: 70 × 2000 = 140.000 €
   •   Уредување: 15.000 €
   •   Вкупно вложено: 140.000 + 15.000 = 155.000 €
   •   Учество (10%): 10% од 140.000 = 14.000 € (се плаќа однапред)
   •   Кредит: 140.000 - 14.000 = 126.000 €
   •   Рок: 30 години
   •   Камата: 3,75% годишно
   •   Месечна кирија: 250 €



1. Рата на кредитот:

Ќе ја пресметаме месечната рата на кредитот (анутетен заем) користејќи ја класичната формула или калкулатор:

Формула:

A = P \times \frac{r(1+r)^n}{(1+r)^n - 1}

Каде:
   •   A = месечна рата
   •   P = главница (126.000 €)
   •   r = месечна каматна стапка = 3,75% / 12 = 0,3125% = 0,003125
   •   n = вкупен број рати = 30 години × 12 = 360 месеци



Пресметка на месечна рата:

A = 126.000 \times \frac{0.003125(1+0.003125)^{360}}{(1+0.003125)^{360} - 1} ≈ 584 €



Колку пари ќе отплатиш за 30 години:

584 € × 360 месеци = 210.240 €



Вкупни трошоци:
   •   Учество: 14.000 €
   •   Уредување: 15.000 €
   •   Кредит со камата: 210.240 €
   •   Вкупно платено: 239.240 €



Вкупно примена кирија за 30 години:

250 € × 12 × 30 = 90.000 €



Период на “нула” (Break-even point):

Треба да го покриеш целиот влог (239.240 €) преку месечни кирија од 250 €:

239.240 € / 250 € = 957 месеци = 79,75 години



Заклучок:

Ако го даваш станот под кирија за 250 € месечно:
   •   ќе бидеш на нула дури по речиси 80 години
   •   Дури и без да сметаме амортизација, трошоци за одржување, даноци, инфлација итн.



Забелешка:

Кирија од 250 € е многу ниска за стан вреден 140.000 €. За да се исплати за разумен рок (20–30 години), би требало:
   •   Или да ја зголемиш киријата (на пример на 500–600 €),
   •   Или да го купиш по пониска цена.

Сакаш да ти направам анализа и колкава кирија треба за да си на нула за 20 години?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Инвестиција што нема да се врати во рок од 8-12години не е инвестиција. Толку од батко ви марјан, од Господа и од Џимни повеќе.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Треба да е некој комплетно заминат од умот да фукни 200К евра во стљн или куќа и да чека да ја отплати од рента во Македонија.
За исти пари се зема стан/куќа во западна европска земја,каде во секој момент имаш над 20 кандидати да го изнајмиш по најмалку 3 пати повисока цена.
Али ако си го стекнал со потпис,тогаш не ти е многу гајле.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Шо ќе беа тие станови од 200.000€.

На чоек да му стане незгодно што купил од 50.000-60.000€.

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Ич да не ти е незгодно,јас би купил и за 30К да најдам.
Но математиката од погоре кажува 200+.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Во пресметката не е ставено колку пати ќе треба да реновираш, колку кирии нема да ти платат, проблеми од неочекуван тип милион итн итн.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
До 2020та имаше некаква логика да се уплати стан за под рента. Сега нема никаква логика. Освен ете да се надеваш дека ќе задржи и зголеми цена, па тоа да е “инвестицијата”. Ако имаш средства што стојат.

Ако се купува со кредит, нема апсолутно никаква финансиска логика.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Јас ќе кажам неколку збора во врска со твоето прашање, да речеме вака: татко ти вели – „Сине, еве ти 50 илјади евра, и на сестра ти 50 илјади евра, од мене и мајка ви, да ви се најдат за да почнете нешто. Ние веќе сме стари, и од нас тоа е."

И сега, ти имаш неколку опции. Првата е да ги чуваш парите во банка – но реално, камата на денарска заштеда ќе добиеш максимум 3-4% годишно. И што тогаш? Парите само ќе стојат таму, без вистински ефект.

Втората опција е да размислиш малку понапред, па да додадеш уште нешто, ако имаш, и да си кажеш: „Ајде ќе земам едно станче – подобро е тоа, отколку да ги чувам парите во банка.“ Тоа е менталитет кој е присутен кај многу од нас, особено бидејќи берзата и ризичните инвестиции не му се блиски на нашиот народ.

Во недвижнина, велиш: што е сигурно – сигурно е. Скопје е град каде што секогаш има побарувачка за станови, и знаеш дека ако затреба – можеш побрзо и полесно да го продадеш станот, отколку што би ги извадил парите од некоја инвестиција или чекање камати.

Да се живее од кирија, логички гледано – тешко oд само еден стан. Мораш да имаш и дополнителна работа или постојан приход. Но, вложување во недвижнини кај нас генерално значи долгорочна сигурност. Тоа е нашата реалност – ние сме, да не заборавиме, гастрабајтерска држава. И сигурно тврдам: од сите градови каде што има наши луѓе – било тоа на Блискиот Исток, Европа, Азија, Америка, Канада – секој има барем еден стан купен во Скопје.

Тоа е еден вид заштита на парите. Не ги чуваш во банка – туку ги претвораш во нешто опипливо и корисно. Денес, нема шанси да најдеш стан во централно подрачје на Скопје, понова градба, убаво опремен, под 400евра кирија – и тоа ти го гарантирам 100%.

Работата е едноставна: каде и да си – мораш да имаш кров над глава. Или ќе купиш, или ќе ренташ. И тоа е потреба, не е луксуз.

Јас лично имам кираџии – две млади деца, во раните 20-ти години, кои живеат во Скопје и месечно заработуваат над 4.000 евра.ИТ па покрај нив и јас почнав со рилсчиња мачиња ... тоа да правам.. За нив не е проблем да платат 400 евра месечно за стан. Зошто? Бидејќи сакаат да живеат како луѓе – во чисто, уредно, удобно.Кога му досадува бара друг пиено-платено.Плус студенти на финки

Ете затоа, кога зборуваме за инвестирање – најсигурно е нешто свое, нешто цврсто. Банка, берза – тоа е друго ниво. Но стан – стан е животна сигурност тоа што вртоглаво се качија е голем плус за сите.Во разговор со една банкарка 2020 да си купил стан кога центар бил макс 1500 се наоѓал квадрат сега преку 100% на ниту една берза толку пари нема да си бил во плус,Иако јас тнб ја погодив како бинго јбг тоа е ризик и среќа.Кој има плус паричка стан му е најбезбедна опција да го зголеми

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Да ти дадам еден многу јасен пример – стан од 50 квадрати во Аеродром пред 5 години се продаваше по 1.000 евра по квадрат. Тоа значи дека целиот стан чинел 50.000 евра.

Денес, истиот тој стан се продава по 1.700 евра за квадрат, што значи вреди 85.000 евра.

Значи, за 5 години, без да вложиш ништо – ни реновирање, ни опремување – вредноста пораснала за 700 евра по квадрат, или вкупно 35.000 евра добивка.

Тоа е раст од точно 70% за 5 години. Пресметано по година, тоа е околу 11.2% годишен раст – пасивно. Само затоа што си купил стан.

Сега, прашањето е:
Дали има банка, обврзница или кој било друг сигурен инструмент кај нас, што ќе ти донесе 70% поврат на вложувањето за 5 години, без никаков ризик? Нема.

Затоа велам – вложувањето во стан не е само потреба, туку е и една од најсигурните и најпаметните инвестиции, особено во Скопје ако имаш плус пара на ова цена малку потешко пример 2400 беше центар сега е 3000. Бер гарден 1500 2020 година сега е 2500.. обичен пример.Ако имаш некоја плус пара заработено на страна зошто да не вложиш и на Велешко езеро има апартмани кои се продаваат..Возиш камион,или работиш во странство си собрал некоја плус пара зошто да ти стои купи стан,некретнина//во тој контекст не советувам никој да зима кредит или било што да се заглавува али најлесно даваат сега ако немаш Да мораш

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Добро бе Џимни становите еднаш рипнале 70% за 5 години. Ти си го погодил моментот и тоа е. Вторпат ако се повтори раст од 70% за 5, жими к што некој ќе може да купи  ебан стан у ебаниов гнасен град. И да сака нема да може да купи човек со овој стандард.

2050/60та некаде ко ќе нема веќе кој да купува станови во Скопјево, толку ќе е од цените на становите. 

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
По ниту една логика нема како цените на становите да се тие, но ете тие се, а до кога не се знае, затоа што ништо не е вечно. Во Велес град каде што нема никаков просперитет, инвестиција во најава, зголемен наталитет, природни богатства, туристички атракции и слично нема како некој да бара 1200 за м2. Инску брат џимс ќе има сега обврзница 5годишна, 6% камата на година минимум уплата 100000еур. Многу подобро од стан.


Sent from my iPhone using Tapatalk