Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357628 пати)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3138
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Добро бе Џимни становите еднаш рипнале 70% за 5 години. Ти си го погодил моментот и тоа е. Вторпат ако се повтори раст од 70% за 5, жими к што некој ќе може да купи  ебан стан у ебаниов гнасен град. И да сака нема да може да купи човек со овој стандард.

2050/60та некаде ко ќе нема веќе кој да купува станови во Скопјево, толку ќе е од цените на становите.

Затоа станови купуваат луѓе што работат надвор од Македонија. Никој не рече дека со македонска плата ќе можеш да купиш стан или куќа тука кај нас – реално, не можеш.

Цените растат затоа што има побарувачка. И тоа не само во Скопје – ене и во паланка се продаваат станови, и се купуваат. Зошто? Затоа што луѓето кои се надвор ја гледаат недвижнината како сигурна вредност, како засолниште за парите што со мака ги заработиле.

Ако сакаш да имаш до некаде нормален живот, да не зависиш од друг и да имаш слобода, тогаш – минимум 10 години треба да се изработиш надвор. Само така можеш да си дозволиш луфта, да вложиш нешто свое, и потоа барем малку да здивнеш и да живееш без притисок.

А да останеш тука и да се бориш со сите „ресурси“ што ги има – реално, до 45 години можеш само некоја болест да закачиш. Друго? Скоро микро процент имаат шанса да се изборат со системот и да постигнат нешто повеќе.

Затоа јас цело време велам:
Млади, одете што побргу. Одработи, па врати се.
Појасно од ова – амин.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3138
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Ниту еден друг град во Македонија, освен Скопје и Охрид, не добива никакво вистинско внимание. Не дека немаат перспектива – туку едноставно не се вложува во нив. Зошто? Тоа за мене не е ни прашање – тоа е факт.

Животот е краток. Сите еден ден ќе умреме. Генерации се менуваат, но ниту една не останува во своето родно место. Опаѓа сè. Скопје не е Њујорк, ниту пак Охрид е Комо. Но за жал, тие два града се единствените што барем некако функционираат во оваа држава.

Сè останато? Мртво. Горe-долу.

И тоа е прашање што треба сите – особено оние што уште живеат во некоја илузија – да го сфатат. Не може сè да се сведе само на еден град.

Куманово, Битола, Велес, Тетово – тоа се одлични градови!
Овие 4 града имаат речиси 300.000 жители! Да не зборуваме за површина, култура, традиција, историја.

А што е направено за нив во изминативе 30 години?

Ништо суштинско.

И ова се однесува на сите политички елити, без исклучок.
Зашто – сакаме или не – сами себе се гасиме.

Јас не сум некој што „мудрува“. Само давам мислење од перспектива на обичен човек. Зошто, на пример, да нема факултет во Куманово? Зошто да нема во Велес?
Зошто да не се искористи истиот терк од Југославија: еден град произведува, друг пакува, трет извезува?

Имаме ресурси. Имаме луѓе.
Само немаме систем и визија.

Еден Сингапур е како две Македонии – без ниту едно природно богатство, без руда, без вода, без планини, без море. Но со еден клучен елемент: корупција сведена на 0%.
И ете го резултатот – држава која блеска. Држава која функционира.

А ние?
Со сите богатства што ги имаме, со руди, со езера, со планини, со земјиште, со клима, можеме сите до еден да живееме пристоен, достоинствен живот.

Секој град во Македонија треба да има агенда – план, стратегија, развој.
Секој град треба да се натпреварува – кој е поубав, поуреден, поиновативен, посоцијален, покултурен.

Што ти вреди да шеташ дете во количка низ парк во Скопје, ако таков парк нема и во Прилеп?
Зошто да нема во Битола, во Штип, во Кочани, во Струга?
Зошто не секој град да биде уреден, функционален, топол за живеење?

Корупцијата е коренот на сè.
Кога корупцијата ќе стане 0% – сè ќе се среди.
И тоа не треба да чека децении. Може да се направи за 15 дена.

Прво – да се почне од докторите.
Да се среди системот, од корен.
Имав прилика да видам што значи Сингапур.
Ви велам – Да се  донеса тт ие луѓе од таму, за 15 дена Македонија ќе изгледа како обновена држава налик Сингапур.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Треба да е некој комплетно заминат од умот да фукни 200К евра во стљн или куќа и да чека да ја отплати од рента во Македонија.
За исти пари се зема стан/куќа во западна европска земја,каде во секој момент имаш над 20 кандидати да го изнајмиш по најмалку 3 пати повисока цена.
Али ако си го стекнал со потпис,тогаш не ти е многу гајле.

Многу тешко се префрлаат такви суми на пари стекнати тука, во Германија, Холандија, Белгија, Шведска. Ако платиш данок на тие пари, за да можеш да ги инвестираш горе, тоа нема да е под 30% минимум. Второ, мора да бидеш резидент, и претпоставувам вработен, за да можеш да ги инвестираш истите.

А инаку да, побарувачката за рентирање во тие држави е ненормална.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
За да купиш не мора да бидиш резидент.За префрлањето мислам дека немаш данок ако си резидент и ако ти доаѓаат како од продажба на имот/наследство,а не знам како оди за заштеда,ваљда исто треба да биди.
Има опции само не сум ги разгледувал.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1725

Сега, прашањето е:
Дали има банка, обврзница или кој било друг сигурен инструмент кај нас, што ќе ти донесе 70% поврат на вложувањето за 5 години, без никаков ризик? Нема.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве

Имаме ресурси. Имаме луѓе.

Ти Џимс не знам каде живееш и функционираш, јас до сега ретко каде сум наишол на професионалец каде што сум имал потреба. Понекогаш се чудам како ултра глупи луѓе се на некои позиции а немаат поима од работата. Децата се функционално неписмени. Студентите сите се крстат на чатџпт, доктори нема, занаетчии нема итн отн. Сега ќе се најде некој што ќе каже дека има некој некаде ама статистички на 2 милиони луѓе исто како да не постои. За ресурси да не праам моабет, нека не ве лажат комуњарите дека Македонија е рај на земјата, нема системи за наводнување, нема патишта, нема пруги (сега ќе има ете 2км за 2 милијарди) итн итн итн. Не не бива, нема луѓе, нема ресурси, оваа северна дивоградба е со ограничен рок на траење и како таква нема да моѓе да издржи уште долго. Пиши му на чатот за рентабилноста на пругата ќе ти каже дека за околу 280-320 ќе си ја врати првобитната инвестиција, ама ај не е тоа темата. Да ви каже батко ви Марјан, ворен бафет од тему, стан се исплати само ако е наследен, да земеш сам да си ја ставиш јамката да се праиш инвеститор да влегуеш у кредити што и внук ти нема да ги врати, а гаќи на газот да немаш е многу лош филм.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Живееме во иста држава, сите заедно – но мора да гледаме и со доза на позитивност. Тука сме се нашле, тука ни се корените, и вистина е – не сме дрва, можеме да се поместиме, да се промениме, да отидеме, да се вратиме. Но не смееме да се откажеме од себе и од своите.

Сѐ што се набројува, сè е точно – до збор, до запирка.
Нема човек, нема семејство во оваа земја што не е огорчено, оштетено или повредено од самата држава.
Нема човек што не чувствува некоја неправда, некое страдање, некоја болка што му е нанесена без да ја заслужи oд самиот систем тука.

А кога веќе зборуваме отворено – да го кажеме и ова:
Постои една посебна сорта – генерации кои произлегоа од комуњарскиот систем, и сè уште го држат народот во мрак.
Тие не се идеологија – тие се изроди на македонското ткиво, луѓе кои научија само да цицаат од државата, без да даваат ништо назад.
Тоа не е политика, тоа е паразитство.
Се кријат зад партии, функции, дипломи и „врски“, додека народот се мачи, старее и заминува.

Но ако веќе сме тука – а сме – тогаш мора барем да се обидеме да не бидеме дел од истата таа неправда.
Да не ѝ нанесуваме и ние болка на друг, да не тераме „ќејф“ на туѓа мака.
Ако не можеме да смениме сè, барем да не го расипуваме тоа што е останато здраво ако нешто постои а тоа е човечност реткост но постои.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
За да купиш не мора да бидиш резидент.За префрлањето мислам дека немаш данок ако си резидент и ако ти доаѓаат како од продажба на имот/наследство,а не знам како оди за заштеда,ваљда исто треба да биди.
Има опции само не сум ги разгледувал.

Се распрашував за во Холандија конкретно. Прво, како нерезидент не се добива предност пред резиденти за купување. Утрехт посебно, има огромна побарувачка од резиденти да купат свој дом за стално, а не им даваат доволно дозволи за да се гради, па така има ненормална побарувачка. Ако сакаш пари од Македонија да префрлиш во Холандија, без оглед како се стекнати, наследство, продажба на имот, ке мора на тие пари да платиш данок во Холандија. Без исклучок.

Пријатели за куќа која пред Ковид вредеше 450.000 евра, мораа да дадат понуда над 520к, за да имаат шанси да ја купат. Дадоа некоја луда сума и за адвокати, околу пренос. Финалната сума беше околу цирка 550.000 евра.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
  • The best or nothing.
Зарем е возможно да вратиш пола милион евра, или пак тука во Македонија, за стан од 70м2, 170.000 евра. Треба следните 30 години, константно да работиш, никогаш да не се разболиш, да нема ковид, војна, итн. Каде се деца, одмори, автомобил, болести... 

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
За да купиш не мора да бидиш резидент.За префрлањето мислам дека немаш данок ако си резидент и ако ти доаѓаат како од продажба на имот/наследство,а не знам како оди за заштеда,ваљда исто треба да биди.
Има опции само не сум ги разгледувал.

Се распрашував за во Холандија конкретно. Прво, како нерезидент не се добива предност пред резиденти за купување. Утрехт посебно, има огромна побарувачка од резиденти да купат свој дом за стално, а не им даваат доволно дозволи за да се гради, па така има ненормална побарувачка. Ако сакаш пари од Македонија да префрлиш во Холандија, без оглед како се стекнати, наследство, продажба на имот, ке мора на тие пари да платиш данок во Холандија. Без исклучок.

Пријатели за куќа која пред Ковид вредеше 450.000 евра, мораа да дадат понуда над 520к, за да имаат шанси да ја купат. Дадоа некоја луда сума и за адвокати, околу пренос. Финалната сума беше околу цирка 550.000 евра.
Можно е да е така во Холандија,за Германија е како шо пишав.Не е секаде исто,исто има и различни давачки после тоа,данок,нотари,агенти и сл.
Но побарувачката е огромна.Исто проблем е да се најде да се купи,али кога ги имаш парите,другото лесно се решава.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14706
Треба да е некој комплетно заминат од умот да фукни 200К евра во стљн или куќа и да чека да ја отплати од рента во Македонија.
За исти пари се зема стан/куќа во западна европска земја,каде во секој момент имаш над 20 кандидати да го изнајмиш по најмалку 3 пати повисока цена.
Али ако си го стекнал со потпис,тогаш не ти е многу гајле.

Има два проблема со ова:
- Треба да најдиш добра фирма која ќе го одржува станот ако нешто се расипи, проблем некој и слично.
- Секогаш постои стравот дека станот нема да ти се издава одреден период а се плаќа (барем Шведска) од 150-350 евра месечно одржување (Avgift) за стан од 25-40 квадрати.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Инвестиција што нема да се врати во рок од 8-12години не е инвестиција. Толку од батко ви марјан, од Господа и од Џимни повеќе.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Затоа, ќе си го шитнеш станчето за 5-7 години кога цената ќе биде 4000е по квадрат, и ќе си го исчистиш кредитот, и ќе ти останат 30-тина банки чисти :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3138
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Инвестиција што нема да се врати во рок од 8-12години не е инвестиција. Толку од батко ви марјан, од Господа и од Џимни повеќе.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Затоа, ќе си го шитнеш станчето за 5-7 години кога цената ќе биде 4000е по квадрат, и ќе си го исчистиш кредитот, и ќе ти останат 30-тина банки чисти :D

Баш така, батко Симо.
Направи скрин на моите зборови – можеби нема да биде 4000, ама запиши:
јули 2026, да сме живи и здрави па ке се подсетиме:

Центар: 3200 – 3500 €/m²

Аеродром: 2200 – 2500 €/m²

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
За да купиш не мора да бидиш резидент.За префрлањето мислам дека немаш данок ако си резидент и ако ти доаѓаат како од продажба на имот/наследство,а не знам како оди за заштеда,ваљда исто треба да биди.
Има опции само не сум ги разгледувал.

Се распрашував за во Холандија конкретно. Прво, како нерезидент не се добива предност пред резиденти за купување. Утрехт посебно, има огромна побарувачка од резиденти да купат свој дом за стално, а не им даваат доволно дозволи за да се гради, па така има ненормална побарувачка. Ако сакаш пари од Македонија да префрлиш во Холандија, без оглед како се стекнати, наследство, продажба на имот, ке мора на тие пари да платиш данок во Холандија. Без исклучок.

Пријатели за куќа која пред Ковид вредеше 450.000 евра, мораа да дадат понуда над 520к, за да имаат шанси да ја купат. Дадоа некоја луда сума и за адвокати, околу пренос. Финалната сума беше околу цирка 550.000 евра.
Можно е да е така во Холандија,за Германија е како шо пишав.Не е секаде исто,исто има и различни давачки после тоа,данок,нотари,агенти и сл.
Но побарувачката е огромна.Исто проблем е да се најде да се купи,али кога ги имаш парите,другото лесно се решава.

Па не баш... Можеш и да ги имаш парите, и обезбедено финансирање и што све не, па пак да не можеш толку лесно да купиш соодветна недвижнина.
Кршеви има секогаш, ама која е поентата да даваш пари и да заглавиш кредит за нешто што е пред распаѓање.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Треба да е некој комплетно заминат од умот да фукни 200К евра во стљн или куќа и да чека да ја отплати од рента во Македонија.
За исти пари се зема стан/куќа во западна европска земја,каде во секој момент имаш над 20 кандидати да го изнајмиш по најмалку 3 пати повисока цена.
Али ако си го стекнал со потпис,тогаш не ти е многу гајле.

Има два проблема со ова:
- Треба да најдиш добра фирма која ќе го одржува станот ако нешто се расипи, проблем некој и слично.
- Секогаш постои стравот дека станот нема да ти се издава одреден период а се плаќа (барем Шведска) од 150-350 евра месечно одржување (Avgift) за стан од 25-40 квадрати.
Секогаш постојат агенции кои им го препушташ станот и тие си бркаат работа за се, издавање ,одржување ,наплата,се разбира за одреден процент.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D