Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357936 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Исто како што Леваци и Деснаци се населби каде живеат повисока класа на луѓе, а немаат ни маркет ни школо

Не е точно баш.
Леваци имаат Кит-Го одамна, а Деснаците го имаат тој стариот маркет со години (каде што се гради затворениот базен). Koлку - толку, има основни работи за да не палиш кола.

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Затворен е Китго.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Тогаш сега скоро го затвориле, работеше до пред некоја недела.

Нејсе, нив (и Леваци и Деснаци) им се многу поблиску аптеки, маркети и градинки отколку на тие од Пребег. Зегин го имаш на 5 мин пешки од Деснаците (тој кај Џексон). Градинката кај полицијата им е до газот на двете населби.
Плус, за да стигнат до дома, буквално минуваат покрај маркети, аптеки и свашта.

Седумте кули кај пионерски ми се мене на пик, ама нема ништо на продажба засега.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Бидејќи во потрага сме по инвеститор правевме муабет со повеќе на таа тема, моментална економска вредност на стан по м2 е 850€ со вкалкулирана заработка на изведувачот, следното прашање беше зошто 2500€/м2, одговорот беше тоа прашање постави го на локалната власт…така да јасно ви е, “комуналиите” вредат 1650€/м2 …

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5200

Gi zaboravi bankite vo ravenkata. Yoa e edna banda vo sprega so investitorite sto gi manipulira cenite

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Бидејќи во потрага сме по инвеститор правевме муабет со повеќе на таа тема, моментална економска вредност на стан по м2 е 850€ со вкалкулирана заработка на изведувачот, следното прашање беше зошто 2500€/м2, одговорот беше тоа прашање постави го на локалната власт…така да јасно ви е, “комуналиите” вредат 1650€/м2 …

Yeaaaah riiiiiiight...😂😂

Ајде не сум во фелата ама мало морген 1650 евра квадрат комуналии

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Повеќето од нив одат за мито. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Бидејќи во потрага сме по инвеститор правевме муабет со повеќе на таа тема, моментална економска вредност на стан по м2 е 850€ со вкалкулирана заработка на изведувачот, следното прашање беше зошто 2500€/м2, одговорот беше тоа прашање постави го на локалната власт…така да јасно ви е, “комуналиите” вредат 1650€/м2 …

Yeaaaah riiiiiiight...😂😂

Ајде не сум во фелата ама мало морген 1650 евра квадрат комуналии

Затоа и ги ставил во наводници.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Токму така и моментот дека се градат многу нови згради а површината на самиот град не се зголемува или минимално се зголемува. Сите одобренија се издаваат во веќе пренатрупани зони и таквите треба дебело да се подмитат кај власта. Каде се проекти од типот на нов београд каде што ќе никнат нови населби?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
За нова населба ти требаат луѓе да дојдат да живеат.
А овие што веќе се градат и продаваат во населени делови,пола се празни ама не се осеќа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Аа "комуналии" не сфатив 😂😂

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
За нова населба ти требаат луѓе да дојдат да живеат.
А овие што веќе се градат и продаваат во населени делови,пола се празни ама не се осеќа.

Не баш. Луѓе нема да дојдат ако немаат она што им треба да им биде колку-толку при рака. Затоа населби како Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпошите се веќе (помалку или повеќе) угушени. Затоа што луѓе ем не сакаат подалеку, ем населбите што се подалеку ги немаат потребните инфраструктурни  моменти.

За нова населба, потребно е прво да се постави инфраструктура. Основни работи како улици, струја, вода и канализација. Кога ќе се направи тоа, лесно е после да се направат куќи, згради итн. Секако, паралелно со тоа би требало да се прават и пропратните објекти - во најмала рака градинка, основно училиште, амбуланта и слично. Комерцијалните објекти како супермаркети итн, секако ќе дојдат кога ќе има доволно луѓе.

Мене ми е многу интересно (и тажно, ама тоа е веќе друг муабет) да гледам како се упропастуваат плански-направените населби во Скопје, направени после земјотресот. Населби кои биле правени да бидат самоодржливи и функционални (како Радишани, Влае, Тафталиџе 1 и 2, Лисиче, итн) со сите овие општествени објекти, сега се упропастуваат со „објекти за индивидуално домување“. Еве ги кај мене во Влае - каде што имало барака или куќа со едно или две семејства, сега има „зградички“ со 8 до 16 стана и сите пропратни компликации.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513

20 куќи срушени х ~5 луѓе = 100 души. (од кои 20 деца)

20 зградички х ~30 луѓе  = 600 души.  (од кои 100 деца)

Број на градинки и училишта = непроменет. Ова само во Влае.
 
Да не ја спомнувам населба Александрија, каде што има 10 згради со по 100 станови. ;D

Епа чорба македонче. 

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
За нова населба ти требаат луѓе да дојдат да живеат.
А овие што веќе се градат и продаваат во населени делови,пола се празни ама не се осеќа.

Ти држи вода муабетот и те како, покрај нормалното население што купува станови, огромен дел од становите се купуваат од црни пари, затоа и има куп продадени а празни станови, затоа и м2 е 2500 евра а становите се продадени. На некој што се бави со дрога и сличен криминал не му игра улога дали ќе плати 2500 за м2 или 1500 кога парите за еден стан ги прави за месец дена, а нормалното население што исплаќа 20 години кредит за гипс картон е трагедија сама по себе.

Барем да нудеа квалитет за цената, ниту еден другар што земал стан се нема пофалено. Ист Гејт сите се жалат, Лимак знаеме какви беа становите кога се вселија, колку згради се останати со недовршени подземни паркинзи , инвеститорот почнал друг проект и стариот ќе чека, ако некогаш дочека да се довршат.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
За нова населба ти требаат луѓе да дојдат да живеат.
А овие што веќе се градат и продаваат во населени делови,пола се празни ама не се осеќа.

Не баш. Луѓе нема да дојдат ако немаат она што им треба да им биде колку-толку при рака. Затоа населби како Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпошите се веќе (помалку или повеќе) угушени. Затоа што луѓе ем не сакаат подалеку, ем населбите што се подалеку ги немаат потребните инфраструктурни  моменти.

За нова населба, потребно е прво да се постави инфраструктура. Основни работи како улици, струја, вода и канализација. Кога ќе се направи тоа, лесно е после да се направат куќи, згради итн. Секако, паралелно со тоа би требало да се прават и пропратните објекти - во најмала рака градинка, основно училиште, амбуланта и слично. Комерцијалните објекти како супермаркети итн, секако ќе дојдат кога ќе има доволно луѓе.

Мене ми е многу интересно (и тажно, ама тоа е веќе друг муабет) да гледам како се упропастуваат плански-направените населби во Скопје, направени после земјотресот. Населби кои биле правени да бидат самоодржливи и функционални (како Радишани, Влае, Тафталиџе 1 и 2, Лисиче, итн) со сите овие општествени објекти, сега се упропастуваат со „објекти за индивидуално домување“. Еве ги кај мене во Влае - каде што имало барака или куќа со едно или две семејства, сега има „зградички“ со 8 до 16 стана и сите пропратни компликации.
Точен си и опширен,муабетот ми беше шо сакаш направи нема луѓе да развиеш нова населба.Глесљј статистика на новородени,види процент на иселување.
Моја генерација бевме 1000 матуранти,сега се 200,со тенденција и тие за некоја година да му ја летнат по бел свет.
За кого ќе градиш градинка и училиште?
А дека треба да се направи тоа што го наброја треба,но прво ти трњбаат луѓе.