За нова населба ти требаат луѓе да дојдат да живеат.
А овие што веќе се градат и продаваат во населени делови,пола се празни ама не се осеќа.
Не баш. Луѓе нема да дојдат ако немаат она што им треба да им биде колку-толку при рака. Затоа населби како Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпошите се веќе (помалку или повеќе) угушени. Затоа што луѓе ем не сакаат подалеку, ем населбите што се подалеку ги немаат потребните инфраструктурни моменти.
За нова населба, потребно е прво да се постави инфраструктура. Основни работи како улици, струја, вода и канализација. Кога ќе се направи тоа, лесно е после да се направат куќи, згради итн. Секако, паралелно со тоа би требало да се прават и пропратните објекти - во најмала рака градинка, основно училиште, амбуланта и слично. Комерцијалните објекти како супермаркети итн, секако ќе дојдат кога ќе има доволно луѓе.
Мене ми е многу интересно (и тажно, ама тоа е веќе друг муабет) да гледам како се упропастуваат плански-направените населби во Скопје, направени после земјотресот. Населби кои биле правени да бидат самоодржливи и функционални (како Радишани, Влае, Тафталиџе 1 и 2, Лисиче, итн) со сите овие општествени објекти, сега се упропастуваат со „објекти за индивидуално домување“. Еве ги кај мене во Влае - каде што имало барака или куќа со едно или две семејства, сега има „зградички“ со 8 до 16 стана и сите пропратни компликации.