Фала на одговорите на сите. Сепак се сложуваме дека ова е прилично лошо, непрактично и најверојатно скапо решение.
@fuzzjaw Сакаш да кажиш дека кај овие лифтови ја пушташ колата сама и лифтот ја паркира? Јас па мислев дека лифтот само ти ја спушта долу, а ти сам си паркираш на твоето паркинг место.
Не, јас можда лошо се изразив. Си влегуваш со колата во лифт, те спуштат долу и си ја паркираш. Муабетот ми беше дека за влез/излез, на лифтот му требет Х минути да стигнит од кај шо е, до катот на кој шо си ти, ти да влезиш, па да те однесит до излезот од гаражата. Множи колку комшии одите на работа во ист период со тие Х минути, и процени колку потенцијално би требало да чекаш.
Во станот во кој шо бев јас, кај Tutto Capsule во Дебар Маало, се случи да сум трета кола во редот за излегување со таков лифт. 12 или 13 минути чекав долу да дојдам на ред да влезам во лифтот, па да излезам. Па горе на излез чекаше друга кола за влез, па чекај ја да се вратит назад да го ослободит пролазот до улица ... заебанции се ептен, јас не би се расправал со то. Можда звучит банално, ама споредено со класична гаража кај шо чекаш максимум по 10-15 секунди за врата, плус уште толку за рампа ако ја имат, без дискусија би гласал за класична гаража.
Не навлегувам во расипливост, цена на одржување, безбедност и такви работи пошо вистина немам исксутво, ова погоре можам од прва рака да го пренесам.