Дали некој има/користи подземно паркинг место во зграда каде се влегува со лифт?
Кои се вашите искуства и рамислувања за ваков начин на влез во гаража? Дали се често расипливи? Што кога лифтот ќе заглави? Ќе може барем јас да излезам, па колата кога ќе дојди сервисер да ја одглавува?
Моментално гледам паркинг каде влезот е решен со лифт, но мислам дека тоа во нашава држава не би функционирало баш најдобро
Еднаш имав прилика да сум во стан со таков паркинг на кратко, полошо решение амин. Настрана расипливост, трошоци за одржување и сите тие работи, имаш еден многу поголем проблем.
На лифтот му требаат неколку минути да слезит, да земит кола, да ја однесит горе на излез, и да се вратит до кај тебе долу. 4-5 возила да сакате да тргните на работа во исто време и да излезите од гаража, ќе чекаш 15-20 минути само за да излезиш од гаража. Недај боже да брзаш за негде.