Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 269683 пати)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
Нема што да се договараш во случајот како погоре, сите инаат клуч од "дигалката" и си ја спушташ по потреба...скоро сите гаражи во Германија се такви, функционира без проблем.

Според сликата погоре, принципот е малку поинаков. Ако има долу кола, не можеш таа од горе да ja спуштиш без претходно да се тргне колата од долу...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Фала на одговорите на сите. Сепак се сложуваме дека ова е прилично лошо, непрактично и најверојатно скапо решение.

@fuzzjaw Сакаш да кажиш дека кај овие лифтови ја пушташ колата сама и лифтот ја паркира? Јас па мислев дека лифтот само ти ја спушта долу, а ти сам си паркираш на твоето паркинг место.

Отсутен Zaffy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Ако се работи за Скопје, последниве неколку години поготово во Дебар Маало, неколку згради се решени со лифтови  ама изгледа тука никој не користел па зборат се и сешто :) Лифтот е класична дигалка горе-доле (отвараш гаража, застануваш во линии, кликаш копче и те носи надолу), има и хидраулика има и сајли/ланци за сигурност, до сега со пријатели што сме комуницирале никогаш немале проблем а одржувањето е исто колку и за обичен лифт во зграда (~200 денари по стан). Никој не останал заглавен и да каже не излагаме пошто не можам да си ја извадам колата. И во случај струја да снема имаат акомулатори за недај боже + рачно маневрирање со сајлата/ланецот.

Не знам дали стварно некој мисли дека живееме во Токио па автоматизирани лифтови со роботи кај нас има по зградиве..

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Баш би сакал да видам како изгледа процесот со ланци кола на лифтот ~2 тона и со ланци да ја кренеш спуштиш, што рука ке треба за тоа

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Баш би сакал да видам како изгледа процесот со ланци кола на лифтот ~2 тона и со ланци да ја кренеш спуштиш, што рука ке треба за тоа
Treba um ne sila. Reduktor

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 370
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Фала на одговорите на сите. Сепак се сложуваме дека ова е прилично лошо, непрактично и најверојатно скапо решение.

@fuzzjaw Сакаш да кажиш дека кај овие лифтови ја пушташ колата сама и лифтот ја паркира? Јас па мислев дека лифтот само ти ја спушта долу, а ти сам си паркираш на твоето паркинг место.

Не, јас можда лошо се изразив. Си влегуваш со колата во лифт, те спуштат долу и си ја паркираш. Муабетот ми беше дека за влез/излез, на лифтот му требет Х минути да стигнит од кај шо е, до катот на кој шо си ти, ти да влезиш, па да те однесит до излезот од гаражата. Множи колку комшии одите на работа во ист период со тие Х минути, и процени колку потенцијално би требало да чекаш.

Во станот во кој шо бев јас, кај Tutto Capsule во Дебар Маало, се случи да сум трета кола во редот за излегување со таков лифт. 12 или 13 минути чекав долу да дојдам на ред да влезам во лифтот, па да излезам. Па горе на излез чекаше друга кола за влез, па чекај ја да се вратит назад да го ослободит пролазот до улица ... заебанции се ептен, јас не би се расправал со то. Можда звучит банално, ама споредено со класична гаража кај шо чекаш максимум по 10-15 секунди за врата, плус уште толку за рампа ако ја имат, без дискусија би гласал за класична гаража.

Не навлегувам во расипливост, цена на одржување, безбедност и такви работи пошо вистина немам исксутво, ова погоре можам од прва рака да го пренесам.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1624
Ако се работи за Скопје, последниве неколку години поготово во Дебар Маало, неколку згради се решени со лифтови  ама изгледа тука никој не користел па зборат се и сешто :) Лифтот е класична дигалка горе-доле (отвараш гаража, застануваш во линии, кликаш копче и те носи надолу), има и хидраулика има и сајли/ланци за сигурност, до сега со пријатели што сме комуницирале никогаш немале проблем а одржувањето е исто колку и за обичен лифт во зграда (~200 денари по стан). Никој не останал заглавен и да каже не излагаме пошто не можам да си ја извадам колата. И во случај струја да снема имаат акомулатори за недај боже + рачно маневрирање со сајлата/ланецот.

Не знам дали стварно некој мисли дека живееме во Токио па автоматизирани лифтови со роботи кај нас има по зградиве..

Се што пишав во постот е искуство на фамилијарни пријатели кои живеат во нова зграда позади кафана Скадарлија.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1671
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Абдејт

Дајмонд кула 3 во изградба цена по метар квадратен денеска поминав па чисто да прашам и исплакнам очи  значи од 3300 до 3700 еур м2.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Ако си за зимање да лапам еден и ја и да бидеме комшии?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1671
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Бато Маце со задоволство но за жал катноста која јас ја барав е демек распродадена а шкуп ако не е јужна страна не се зима станче, дојди кај мерцедес ке бидиме комшии:))

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Цената на становите е уште еден доказ дека сме најглупавата/меѓу најглупавите нација во Европа.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Абдејт

Дајмонд кула 3 во изградба цена по метар квадратен денеска поминав па чисто да прашам и исплакнам очи  значи од 3300 до 3700 еур м2.

Па добро, со сопругата бевме во Фебруари, и цената беше од 2700-3200Е, и тоа само со листа на чекање, и тоа иде според:
  • Големина на стан
  • Начин на Плаќање
  • Ориентација на Стан
  • Датум за вселување

Кај Треска на Голден Арт беа 2300Е, а во Мега Фешн или како да се викаше точно, зградата карши Холидеј Ин, 2200Е.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5083
  • Пиши лаже
Алал нека е само на тие што даваат 200 бона за 70м2 стан. Свака част.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Бато Маце со задоволство но за жал катноста која јас ја барав е демек распродадена а шкуп ако не е јужна страна не се зима станче, дојди кај мерцедес ке бидиме комшии:))
Не брат, евтино ми е таму, нешто околу 3500 квадратот барам.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1671
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Абдејт

Дајмонд кула 3 во изградба цена по метар квадратен денеска поминав па чисто да прашам и исплакнам очи  значи од 3300 до 3700 еур м2.

Па добро, со сопругата бевме во Фебруари, и цената беше од 2700-3200Е, и тоа само со листа на чекање, и тоа иде според:
  • Големина на стан
  • Начин на Плаќање
  • Ориентација на Стан
  • Датум за вселување

Кај Треска на Голден Арт беа 2300Е, а во Мега Фешн или како да се викаше точно, зградата карши Холидеј Ин, 2200Е.
Карши Холидеј 3000 ,треска Голден арт 2500+