Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 286526 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Имам едно прашање. Овие што се дуплекс становите (подкровје) зошто некои ептен ниски ги прават таваните, некои доста повисоки?

Претпоставувам треба да има некаква косина да биде подкровје, а висината зависи од ДУП-от за соодветната зграда колку да е високо?
Поголемиот проблем е тоа што скалите ти одземаат дупло квадрати и на едниот и на другиот спрат, а ти се "бројат". И затоа има баснословни квадрати, а реално има околу 20 помалку од напишаното, кога би споредувал со стан на едно ниво.

Присутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10406
Пак 100 квадрати не се за потценување. Па и не баш, има гледано доста компактни скали, ама се како пожарникарски, на пример баба ти нема да мојот да се качит. На на горниот спрат некогаш било доста пријатно( +30квадрати над цел стан) додека од негде сум слагал со џумки :) во секој случај е екстра простор и секој према потребите и према изведбата.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Имам едно прашање. Овие што се дуплекс становите (подкровје) зошто некои ептен ниски ги прават таваните, некои доста повисоки?

Претпоставувам треба да има некаква косина да биде подкровје, а висината зависи од ДУП-от за соодветната зграда колку да е високо?

Поткровје за да биде, мора да има внатрешна чиста висина од 2.5м. Мерено од готово под до готов плафон.
Косини дали ќе има зависи од архитектурата. Може да се повлече на внатре па да нема косини, да има тераса голема.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Голема квадратура е тоа, скапо :)
Мене ми е во план нешто околу 70 квадрати, не дека е нешто ефтино, ама ако дојди ред да се продава, побрзо да се продај.

Едниот 125 м2  е 187 000 еур
Другиот 128+40 е 224 000 еур

Понуди нешто компензација, можи ќе погодите.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Ау, бадиела, кафепари... не ме бендисва локацијата, неќам Кисела Вода ;D

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Oдлична цена и бесплатно слушање на моторџиите од патлиџанска

Присутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10406
лондон да не е партизанска XD

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1782
Дали некој има/користи подземно паркинг место во зграда каде се влегува со лифт?

Кои се вашите искуства и рамислувања за ваков начин на влез во гаража? Дали се често расипливи? Што кога лифтот ќе заглави? Ќе може барем јас да излезам, па колата кога ќе дојди сервисер да ја одглавува?

Моментално гледам паркинг каде влезот е решен со лифт, но мислам дека тоа во нашава држава не би функционирало баш најдобро :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664

Не постои покатастрофално решение за влез во паркинг. Може да се случи да останеш без кола со денови во случај на дефект бидејќи не е лифт за луѓе. После од страв ќе бараш паркинг околу зграда коа ќе треба да одиш некаде на пат.

Бонус сценарио, неписмени комшии го кршат лифтот при влез излез и настанува препирање кој треба да го плати дефектот, и тоа трае и трае…

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 501
@Silvester ако подземната гаража е со мал број на возила, одржување, а посебно поправка на лифтот би било ѓаол и пол...
Пред одлука провери си тоа, колкав број на станари го користат, колку месечно редовни трошоци се плажаат за одржување, дали досега имало дефекти - колку ги коштало, дали имаат потпишано со фирма за одржување...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1814
Познавајки го нашиот менталитет ке е журка за поправка кај нас после истек на гаранција откажа федерот на ролетна гаражна врата 2-3 недели пинг понг за понуди поевтино бараа на крај да испадне дека тој што ја монтирал поскапата понуда мора(зошто другите кога дојдоа да видат се откажаа дека не рабтоеле таков вид на врати) па сумата беше повисока па требаше потписи да се збриаат од тие што имаме паркинг места итн. тупење среќа рачно на синџир се отвараше како би функционирал без струја или некој дефект тој лифт баш ме интересира, или гарантира некој 24h сервис достапен за него

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 411
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Дали некој има/користи подземно паркинг место во зграда каде се влегува со лифт?

Кои се вашите искуства и рамислувања за ваков начин на влез во гаража? Дали се често расипливи? Што кога лифтот ќе заглави? Ќе може барем јас да излезам, па колата кога ќе дојди сервисер да ја одглавува?

Моментално гледам паркинг каде влезот е решен со лифт, но мислам дека тоа во нашава држава не би функционирало баш најдобро :)

Еднаш имав прилика да сум во стан со таков паркинг на кратко, полошо решение амин. Настрана расипливост, трошоци за одржување и сите тие работи, имаш еден многу поголем проблем.

На лифтот му требаат неколку минути да слезит, да земит кола, да ја однесит горе на излез, и да се вратит до кај тебе долу. 4-5 возила да сакате да тргните на работа во исто време и да излезите од гаража, ќе чекаш 15-20 минути само за да излезиш од гаража. Недај боже да брзаш за негде.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Дали некој има/користи подземно паркинг место во зграда каде се влегува со лифт?

Кои се вашите искуства и рамислувања за ваков начин на влез во гаража? Дали се често расипливи? Што кога лифтот ќе заглави? Ќе може барем јас да излезам, па колата кога ќе дојди сервисер да ја одглавува?

Моментално гледам паркинг каде влезот е решен со лифт, но мислам дека тоа во нашава држава не би функционирало баш најдобро :)

Со закон би го забранил ова "решение". Бегај подалеку, освен ако не си спремен да живееш на 1-3 недели без кола повремено. Користев ваков паркинг месец дена и никогаш повеќе. Единствено поглупо решение е она со рампи каде што мора да се договараш со комшијата кој кога ке излегува. Вака некако.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Нема што да се договараш во случајот како погоре, сите инаат клуч од "дигалката" и си ја спушташ по потреба...скоро сите гаражи во Германија се такви, функционира без проблем.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Нема што да се договараш во случајот како погоре, сите инаат клуч од "дигалката" и си ја спушташ по потреба...скоро сите гаражи во Германија се такви, функционира без проблем.

Mислам дека не се разбравме баш најдобро. Долното паркинг место е продадено на стан број 2. Горното на стан број 41. Ова со рампиве фукнционира само ако и двете се твои.