Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 372706 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7181
Јас сум скоро една година во Аеродром, делот пред Бисер, не сум осетил никаков мирис.
А кога сум проаѓал кај Фон, таму секогаш има специфичен мирис.

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3711
Реално се што е после Железничка е на пониска точка и е склона на магла, чад, и сл.
Како што одите надолу така е полошо.
Таква е котлината.

Ќерамидница е главниот загадувач на цел овој регион бидејќи има доста фирмичиња што се греат на се и сешто, има доста депонии и се разбира Вардариште.

Тука се Маџари, Лисиче населбите каде населението реално нема некоја финансиска можност да се грее на нешто поеколошки или си имаат други приоритети (јака кола пример).

Се додека не се урбанизира овој регион како што треба до тогаш ќе има проблем.

Втор муабет е што кај нас под урбанизација се подразбира изградба на зградишта во форма на кинески ѕидови.

Никакви пристапни патишта, никакви нови проектирани улици да го дозволат тој сообраќај итн итн.

Маџари 90% се грее од Енергетика на централно.

Многу голем проблем во тој дел се и фекалиите што баш тука се испуштаат во Вардар.

Кој црн Аеродром, страната на Мерцедес делот се вика Кланица, страната на ФОН се вика Ќерамидница, далеку е тоа од Аеродром, општина Гази Баба.

Во Ќерамидница е Комуна (или по ново DS Smith) за производство и рециклирање на хартија, најголем загадувач е во таа околина.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Таман му фрлив мерак ме предомисливте :D  Знам дека не е Аеродром, и моментално е катастрофа уредено, али којзнае дали нешто ќе се смени понатаму.

Целта ми беше да не ми стои ќешот така (бидејќи ми пропаднаа некои претходни планови), имам куќа Зелениково пута 10 од тоа станче што го гледав, па следен логички чекор ми беше да видам што има до некоја сума од 40к евра да се земе/инвестира да го наречеме.

Инаку цел град смрди труе зимно време, бидејќи живеам во незагадено место, (освен нели дрвата на комшиите), една недела да не сум во град после кога ќе отидам одма ми смрди воздухот зимно време. Зимото дури горчеше од што беше загадено.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2224
Види, стан не ти е инвестиција моментално. Стан ти е паркинг за пари со надеж дека колку толку нема да ги изеде инфлација.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Ќе го тагнам @Carpathian Lord , он е бизнис активиста, и инвестира во сп5000 и други фондови, па ќе даде некакви насоки.
А втора инвестиција, некое станче во Охрид. Барем ќе се шетате виќенди, и ќе уживате.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14812

Кој црн Аеродром, страната на Мерцедес делот се вика Кланица, страната на ФОН се вика Ќерамидница, далеку е тоа од Аеродром, општина Гази Баба.

Во Ќерамидница е Комуна (или по ново DS Smith) за производство и рециклирање на хартија, најголем загадувач е во таа околина.

Сакав да кажам дека загадувањето доаѓа од таму, па се „прелева“ во Аеродром :) Знам дека е Гази Баба и други населби се тоа :)

Ќе го тагнам @Carpathian Lord , он е бизнис активиста, и инвестира во сп5000 и други фондови, па ќе даде некакви насоки.
А втора инвестиција, некое станче во Охрид. Барем ќе се шетате виќенди, и ќе уживате.

Можеш SP500, сеа Комерцијална се префрлија на IBKR, а со тоа уствари и ти можеш сам да си ја користиш IBKR (апликација за инвестирање во странство).

Друга опција, јас би купил станче во Грција - AirBnB да го издавам ако веќе сакам да прави пари.

Трета опција е да инвестираш кај нас во Комерцијална и Алкалоид, да земаш околу 4-5% дивиденда годишно и некаков ќар ако пораснат акциите.

Е сеа имаш една четврта опција, има неколку банки што даваат 4.5% камата во денари на 3-4 години орочување, колку ете инфлацијата да не ти ги јаде парите (толку).

Ако има некој подобра идеја од затворање на пари во стан во Ќерамидница, нека сподели :)

Отсутен GreenVlach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
кога веќе се оди на тоа инфлација да не ги јаде подобро ти се инвестициски фондови со 7-10% ма да и тоа ти е џабе бидејки инфлација е 12%

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14812
Зошто подобри да ти се инвестициските кога истите тие инвестираат на SP500? Место 15% ќе земеш 7?

Едино ете што купуваат и дел обврзници ако сакаш.

Добро што ме потсети, Македонија дава обрвзници (или даваше не знам) со 5% годишна камата.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889

Кој црн Аеродром, страната на Мерцедес делот се вика Кланица, страната на ФОН се вика Ќерамидница, далеку е тоа од Аеродром, општина Гази Баба.

Во Ќерамидница е Комуна (или по ново DS Smith) за производство и рециклирање на хартија, најголем загадувач е во таа околина.

Сакав да кажам дека загадувањето доаѓа од таму, па се „прелева“ во Аеродром :) Знам дека е Гази Баба и други населби се тоа :)

Ќе го тагнам @Carpathian Lord , он е бизнис активиста, и инвестира во сп5000 и други фондови, па ќе даде некакви насоки.
А втора инвестиција, некое станче во Охрид. Барем ќе се шетате виќенди, и ќе уживате.

Можеш SP500, сеа Комерцијална се префрлија на IBKR, а со тоа уствари и ти можеш сам да си ја користиш IBKR (апликација за инвестирање во странство).

Друга опција, јас би купил станче во Грција - AirBnB да го издавам ако веќе сакам да прави пари.

Трета опција е да инвестираш кај нас во Комерцијална и Алкалоид, да земаш околу 4-5% дивиденда годишно и некаков ќар ако пораснат акциите.

Е сеа имаш една четврта опција, има неколку банки што даваат 4.5% камата во денари на 3-4 години орочување, колку ете инфлацијата да не ти ги јаде парите (толку).

Ако има некој подобра идеја од затворање на пари во стан во Ќерамидница, нека сподели :)

Бидејќи сум релативно лаик како што може да се види во однос на инвестирање, добро би било да проучам околу инвестирањево што го посочи @Carpathian Lord . Корисник сум на Комерцијална Банка, т.е. на нивните банкарски услуги, претпоставувам имаат брокери кои можат да помогнат околу инвестициски фондови.

Станче во Грција не знам колку е изводливо со таа мала сума што ја имам, ако е изводливо со однос на тоа што работам remote тоа е  добра опција. Сепак треба да се видат даноците на имот како одат.

Денарски депозит не ми се ризикува искрено, поради можната девалвација на денарот кој и така нз како го држат сеуште стабилен.

Отсутен GreenVlach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Дечки начув дека ддв-то ќе се кревало на станови од 5% на 10% е сега дали доколку сега се плати цел стан т.е преку кредит плус учество целосно доколку дојде до покачување на ДДВ-то нема да треба да се доплаќа плус  бидејки е вече платен целостно станот ?

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Дечки начув дека ддв-то ќе се кревало на станови од 5% на 10% е сега дали доколку сега се плати цел стан т.е преку кредит плус учество целосно доколку дојде до покачување на ДДВ-то нема да треба да се доплаќа плус  бидејки е вече платен целостно станот ?

Нема врска тоа, ти ќе си плаќаш долг кон банката, станот ќе ти биде веќе купен.

па се распрашав и по изведувачи и адвокати (мн блиски) тие рекоа дека сепак си го плаќаш ДДВ-то доколку го кренат затоа ме буни мене што има да доплатам кога веќе сум платил и ми е издадена фактура ама кога ќе видиш идеш против држава а кај нас ...

Ми нема логика некако тоа, сепак тебе станот ќе ти биде купен и ќе имаш само кредит за исплаќање.
Малце ги качија цените на становите самите инвеститори, уште 5% ДДВ фали да качат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34312
  • Таков е животот... јебига
Дечки начув дека ддв-то ќе се кревало на станови од 5% на 10% е сега дали доколку сега се плати цел стан т.е преку кредит плус учество целосно доколку дојде до покачување на ДДВ-то нема да треба да се доплаќа плус  бидејки е вече платен целостно станот ?

ДДВ се плаќа во моментот на издавањето на фактурата. Колку е на фактурата толку ќе платиш. Ако се смени стапката, тоа ќе важи од датумот на промената.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14812
Исто како и се друго што купуваш.

Во превод, становиве ќе поскапат уште 5% минимум.