Кој црн Аеродром, страната на Мерцедес делот се вика Кланица, страната на ФОН се вика Ќерамидница, далеку е тоа од Аеродром, општина Гази Баба.
Во Ќерамидница е Комуна (или по ново DS Smith) за производство и рециклирање на хартија, најголем загадувач е во таа околина.
Сакав да кажам дека загадувањето доаѓа од таму, па се „прелева“ во Аеродром

Знам дека е Гази Баба и други населби се тоа

Ќе го тагнам @Carpathian Lord , он е бизнис активиста, и инвестира во сп5000 и други фондови, па ќе даде некакви насоки.
А втора инвестиција, некое станче во Охрид. Барем ќе се шетате виќенди, и ќе уживате.
Можеш SP500, сеа Комерцијална се префрлија на IBKR, а со тоа уствари и ти можеш сам да си ја користиш IBKR (апликација за инвестирање во странство).
Друга опција, јас би купил станче во Грција - AirBnB да го издавам ако веќе сакам да прави пари.
Трета опција е да инвестираш кај нас во Комерцијална и Алкалоид, да земаш околу 4-5% дивиденда годишно и некаков ќар ако пораснат акциите.
Е сеа имаш една четврта опција, има неколку банки што даваат 4.5% камата во денари на 3-4 години орочување, колку ете инфлацијата да не ти ги јаде парите (толку).
Ако има некој подобра идеја од затворање на пари во стан во Ќерамидница, нека сподели
