Според мене, тука е многу лоша локација за живеење во Скопје.
Лани зимата едно попладне бев до Бриколаж пешки. Смрди на изгорено, зачадено е многу, најверојатно од околните фирми кои се греат или тераат производство на гуми и различен отпад како енергенс, а и од дивата "населба" наспроти Тинекс/Бриколаж.
Башка како отфрлен е тој дел за пешки па сето е глутници од кучиња кои се пуштаат рандом по точаци и луѓе. Ако те нападнат, треба да застани некој со кола да те спаси оти луѓе многу слабо поминуваат (што претпоставувам ќе се смени откако ќе ја пуштат Космос).