За филантропот Чифлиганец и Адора...
Ќе го гледам видеото после, ама знам што се работи. Ние сме Адора - Февруарски поход (познатите

)
Реално ова го знаевме сите.
Јас дури си го викнав колегата од форумот да ми направи премер.
Имаше украдено квадратура (1,5 квадрат така нешто).
Законската одредба е да заокружуваат 1 или 2. Не исплаќаат 1.5 квадрат да речеме.
Јас се договорив со Адора за паркинг место + подрум (нормално си доплатив, сепак добив огромна квадратура плус што реално ја користам) плус добар попуст од она што официјално нели го нудеа.
Добар дел од комшиите сакаа пари на сметка и си добија.
Цела зграда беше обезштетена од тоа што знам, секој она што сакаше. Некои зедоа паркинзи, некои пари на сметка.
Пак ќе речам, не дека сум некој „адвокат“ на Адора, ама во однос на customer relationship и што излегуваат во пресрет за некои работи, што во нашето факд ап општество не е норматива (Да не почнам да објаснувам за компании како Настел), тие се доста фер и се трудат максимално да излезат во пресрет. До сега јас лично сум имал позитивно искуство.
Мене кај Адора и другите изведувачи ме нервираат многу други работи и што е поголем криминал од ова, само што треба многу да се разглобува.