Го манипулираа законот.
Тој врши мерење „карабински“ (барем така им беше оправдувањето) и тука се губеле квадратите.
Кога им го прикажав премерот, одма знаеја точно колку е, без да ги видат бројките и веднаш ми дадоа можност.
Сакате поголем криминал да ви кажам?
„Купи куќа купи стан“, знаете дека не тераа од Адора (не само Адора) да потпишуваме анекс на договори за цена на квадрат?
Нели беше 900 евра квадрат?
Нели беше 50% за вредност на балкони/лоѓии?
Е не, се прави анекс, плус уште цената по квадрат што си ја бараше Адора, 100% цена на квадрат на балконите.
Криминал покриен „законски“ со анекс договори.
Друга работа, паркинг местата што ги продаваат, а не плаќаат одржување на паркинзите и подрумите?
Како може некој да е сопственик на нешто, а да не плаќа?
Знаете колку пари треба да плаќаат Адора/Настел/не знам кој таму ако треба се да одржуваат?! Нииикој за тоа не покренува иницијатива.
Судовите пресудуваат постојано ако станарите го подигнат тоа прашање, ама пак се продолжува по старо откако еднаш ќе уплатат.
Затоа викам има многу многу многу покриминални и поскапи елементи од ова со квадратурата.
Да не зборувам за канализации, изведби, па дали било во надлежност на Општина, дали на изведувачот.
Се поплавуваат подруми, враќа канализација, нема доволно шахти итн итн.