Ние сме единствена земја во Европа ако не и пошироко, во кој главен град функционира на принцип на централизација на институции и население.
Ај да речам „што поблиску живееш до центар - тоа полесен живот“.
Решението е едноставно:
Децентрализација на услуги:
1) Да можеш да завршеш работа во предградијата ако ти треба некаква бирократска работа да завршеш.
пример:
- Не мора да се сликам за возачка дозвола само во МТВ, туку да можам во било која полициска станица
- Не мора изводи да вадам само во центар, туку во било која подрачна единица или општина
- Било какви други потреби со други институции, регистри, управи и што не, да можам да го средам тоа во мојата населба, а не да се тепам во центар.
Здравствени услуги:
2) Повеќе болници соодветно распределени низ градот. Секаде во светот има една-две главни клиники, но има болници и амбуланти соодветно распределни по населбите. Значи не зборувам за здравствени домови, туку болници.
Образовни инситутции:
3) Основни училишта и особено градинки, да има во секој помал кварт. Не во цела населба од илијадници луѓе по една градинка, па секоја година да се тепаш за слободно место. Во Шведска во една населба колку Ново Лисиче имаше три големи градинки, во форма на бараки. Сите се сиво/црвени обоени и се разликуваа од другите згради, со мало дворче. Ништо луксузно.
Локали за забава
4) Локални кина, кафулиња, теретани (24/7), ресторанчиња и два-три големи супер маркети.
Рекреација:
5) Паркови и зеленила (не зборувам само за меѓузградите) каде што луѓето можат да си шетакаат и да рекреираат.
Сообраќај:
- Железничко поврзување на приградските населби со центарот на градот. Железничките станици во предградијата да имаат големи паркинзи. Ако некој живее далеку од станицата да може со кола од дома до станица и таму да ја остави, а потоа да продолжи со воз до центар.
- Повеќе алтернативи со возило да стигнеш од едниот дел на градот до другиот. Не како сега на 3-4 ракрсници цел сообраќај да се насочува.