Живеам во Дебар Маало, ропак нели, ама сите останати станари во зградичкава се извонредно културни ропаци со осет за колективно домување, иако ниеден од нив (освен газдите) никогаш не живееле во Скопје или Дебар Маало претходно.
Така да, како ќе ти се погоди.
Локацијата мене ми е идеална, блиску до парк, блиску до главни сообраќајници, блиску до цивилизација но сепак во најтивкиот дел на населбата... Не би го сменил местово на живеење но некогаш во иднина ќе треба да купам свој кров над глава а не верувам дека ќе можам да си дозволам да го откупам станов во кој живеам.