Јас кога ќе бидам власт нема исклучување.
Ќе си плаќаш бато.
Ако не ти чини, реклама5 и барај некаде во Подржи коњ на дрва да се грееш.
Зошто?
Затоа што е објект за колективно домување кој е приклучен на централно греење.
Најефикасно загревање за секој стан е кога секој стан е приклучен и се загрева со централното греење.
На тој начин и најниски се сметките за греење.
Секој објект кој е поврзан на градско парно, мора да плаќа за греење. А ако сака, нека се догрева плус на клима и панелки ако му е ладно.
Исклучување не смее да биде дозволиво, односно ќе направам да биде 30% од сумата која би се плаќала со приложен доказ дека никој не живее во станот. Разликата нема да ја доплаќаат оние кои се греат, туку ќе се надоместува од резервен фонд.
Со ваков став: ,,иди у пи*коец и греј се на дрва“ се надевам дека никогаш нема да дојдеш на власт, пошто токму од такви “лидери“ си пати народов, наместо да помогнеш конструктивно, злоупотребуваш моќ и ги тераш у ку*ац луѓето што нејќат да ти плаќаат рекет. Одлична филозофија, брао!
Еве како треба да биде: ако некој се исклучи од парно не треба да доплаќаат останатите што го користат, ниту пак тој што се исклучил. За лошата математика(рекетот) е криво робовладетелството на бате Сашо во Шупакленд. БЕГ не е државна институција, туку фирма во приватна сопственост. Тоа шо газдата на истата има контрола над државава и регулаторна па пука рекет на закрепостени граѓани со помош на фино скроени регулативи и закончиња е друг муабет.
Во превод, во Шупакленд, централното парно е всушност услуга која ја нуди приватна фирма и воопшто НЕ СМЕЕ да биде задолжително, исто како и интернет, не сакам интернет, нема причина да им плаќам на Телеком. АМА ОНИ СЕ ПОТРОШИЛЕ СПРОВЕЛЕ КАБЕЛ, нивен проблем, не сум ги терал јас. Сакаш користиш, нејќеш не мораш. Затоа имаш законско право да се исклучиш од ,,централно“ греење.
Ефикасност...додека се греевме на парно плаќавме 2х повеќе а после 10 вечер моравме да уклучуваме дополнително греење на струја пошто цела вечер беше ладно. Која е таа ефикасност? Зошто немам опција да се грејам навечер за нешто што плаќам и ЛЕТО и зима? Зошто ми го гасат? Нели е поефикасно да се одржува температура отколку да се лади па пак да се загрева? Преку ден е пекол, седиш по кратки, навечер тресеш клинци пошто го гасат парното. Истиов проблем го имаме мање више сите во зградава, затоа има многу исклучени. Откако се грејам на струја немам никакви проблеми и плаќам дупло помалку, верувал или не поевтино, побезбедно и поефикасно ми е греењето на струја. А да, и ако снема струја ќе снема и парно затоа што подстаницата(пумпата) работи на струја.
Бонус: 2 пати ми се поплави станот од парното, заради стручноста на персоналот од БЕГ. Морав да мењам паркет, да кречам и да фрлам пола мебел, ДВА ПАТИ! Да не ме обештетија случајно? ''А ние не гарантираме за монтирање и чистење радијатори“ А ОНИ ГИ МОНТИРАА И ЧИСТЕА, не ги добивме на суд за жал. Среќа што локалот под мене кој исто така имаше штета не бараше да му плаќам јас. И сега јас морам да им плаќам иако не ја сакам нивната ОДЛИЧНА и ЕФИКАСНА услуга? .|.
Иначе ја плаќав неколку месеци таа ,,колективна“ маржа/рекет, бидејќи мојот стан се греел од другите, а што, другите не се грејат од моето греење на струја особено навечер? Вертикалата за парно е во влез, таму сум и јас исклучен, под спалните имам бетон и воздух, над спалните имам кров и 2 страни од станот се ќошови на зградата, т.е. само дневната теоретски се загрева од други станови и тоа само од 3 страни(таванот и два ѕида), пошто под дневната имам локал кој е празен и исклучен од парно. Во реалност најмногу се загрева од сонце затоа што е ориентиран на југ. За среќа за оваа глупост ги добивме на суд па не мораме веќе да плаќаме рекет.
И за крај како е можно да им наплаќаш струја за твојата пумпа на станарите? Зошто тоа не е вклучено во сметките за снабдување со топлотна енергија? Зошто оди на посебна сметка на ЕВН? Зошто БЕГ не си го регулирал тоа? Каква е таа давачка? Зошто за греење да плаќам и на БЕГ и на ЕВН? И тоа се греел не се греел на парно, мораш да плаќаш за струја за пумпата, нонсенс т.е. уште еден рекет! Ако не ај и за водата во парното да плаќаме на Водовод.
Bottom line: да беше квалитетна и фер услугата, нема проблем, ќе плаќам со задоволство, железарско парно на пример, цена/услуга = ТОП, повторно АКО сакаш. Нема тука ништо задолжително, бидејќи Макстил е приватна фирма што нуди услуга, која не мора никој да ја користи ако не сака.
иронично беше напишано, ама веројатно како исклучен од централно и лошото искуство со поплавувањето те погоди директно

стојам на ставот дека не смее да биде исклучен никој, ама еве да образложам за да не ми пропадне кампањата за наредни избори
се согласувам дека цената на парно услугата е нереално висока, ама ќе го смениме тоа
секоја зграда која има пристап до градско парно, мора да биде приклучена, односно становите да бидат приклучени на градското парно
доколку не е, а во близина има мрежа, ќе се спроведе до објектот дополнително
колку повеќе станови се греат на градско, толку цената ќе биде пониска
цената ќе биде регулирана од регулаторна и не смее да биде поскапо греење на парно од греење на струја
таа струја се копа во битола и околина и тој благодет го дишат битолчани и останатите
ако треба, ќе ургирам цената на струјата да се зголеми и ќе го спинувам тоа за да не си наштетам на себеси
во првиот мандат, ќе мора да бидат итни и строго санкционирани овие мерки, за народот да ги осети придобивките од градското парно
понатаму, пред истекот на првиот мандат, а во борба за втор, ќе обезбедам мерачи за секој стан/соба во зависност од изведбата
на тој начин ќе овозможам да се грее кој колку сака и да си дозира кога сака и секако да плати според потрошеното
секако тука веќе влагам во комбинација како оние што ги спомнуваш и се заштитен знак на шупаклен, со тоа што јас ќе работам за директна добробит на народот, покрај своја лична корист
мерачите ќе бидат германски, на
@Luki Junior ќе биде да одбере соодветен тип
ќе се набават преку сестринска фирма во ДЕ, отворена преку ноќ со еден вработен
@velestrumf транспортот надоле ќе оди преку
@Спенсер @MecheTo @Schmitt и
@MAPJAH тука декларациите и договорите ќе ги куца
@RedEco на латиница
ревизија на све ќе направи
@Tischläufer и нема да најде никаков проблем
со транспортот на мерачите, надоле ќе шверцаме и резервни делови за коли, со
@Prcot ќе средиме за продажба
секој ќе си добие свој дел од колачот
дел од средствата ќе бидат обезбедени од некој еко-шведски грант, за да не мисли народот дека се' е од даноци (сепак ќе останат луѓе што немаат пристап до градско парно)
народот задоволен, форумџиите задоволни, јас обезбеден за втор мандат
П.С. јас два пати сум имал искуство со сервисот на БЕГ е сум презадоволен и од односот и од завршената работа (не ми е шура Сале и немам удел во БЕГ, а повеќе не се ни грејам преку БЕГ)
П.П.С. осигурување на стан е околу 200 ден. дневно
П.П.П.С. оладете малку со напнатост