Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 478692 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Постапката е ваква:

Склучувате преддоговор, кој е основа за иден главен договор.

Врз основа на тој преддоговор, банката ти одобрува тебе хипотекарен, каде ти си должник и иден заложен должник, а фирмата е заложен должник.

Банката парите од кредитот ги исплаќа на продавачот, т.е. фирмата.

Откако тоа ќе се заврши, се склучува главен договор помеѓу фирмата-продавач, и тебе, како купувач. Тек ондак, по спроведување на договорот во катастар имаш ИЛ.

Е сега, мене ми е дилемата - зошто до сега фирмата не си ја завршила таа работа? Дали е направена измената во катастар предбележување - запишување во ИЛ, пошто тоа е обврска на фирмата по завршување на објектот.

Таа да не е причината што ве влечат?

Мој совет - информирај се, растрчај се, не ја оставај вака работава. Фати тапија во рака - и тоа со станот, гаража (ако има), заедничка сопственост на скали и лифтови и земјиште под зграда. За најсигурно. Заедно со сите комшии.

Да не те плашам, ама јас во твоја ситуација не би можел да спијам.

Пред да потпишам беше изваден еден лист за предбележување, во кој стоеше дека станот не е товарен си ништо. После тоа нотарот, ми издаде лист за предбележување со печат и потпис од нотарската канцеларија, во кој стои моето име кај што е станот и моето име кај што е терасата за мојот стан. Дополнително во листот за предбележување на крај има 4 ставки кои гласат "други заеднички делови од зграда/објект" (13/13/6/3 м2), и после нив ставка "лифт" (4м2), ставка "ходници со скали" (135м2) и ставка "ходници"(272м2) кои не се оптоварени со никаков залог

Ми има стигнато и фактура по пошта за станот.

Можно е нотарот да ме има измамено? Да одам да побарам нов лист за предбележување?

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Исто е и кај мене примопредадена е зградава летово, имотниот лист искочи баш кога го зимав станот па тргнав со предоговор па неможеше нотарот да зашише у катастар и чекавме имотен лист, и со него средивме со банката за хипотеката а сеуште немаме префрлено со финален договор се шушка као станарите почнаа да го притискаат инвестиорот па ке видиме ради коронава се развлече иницијално требаше до пред нг да се префрлело. Ја не отидов купи кука купи стан некако каматата поголема ми искачаше.

Пс. колкав е процентот на разлика во квадратура од предоговор до имотен лист, кај нас се јавија кај одредени станови осцилации али сите се во тие 3% ти.

пс1. провери на катастар дали е искочен имотен лист за таа парцела https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ зумни до локацијата кај мене до пред да искочи имотниот за зградата стоече као имотен на парцелата цела само, ако има искочено провери дали само ти не си префрлен или сите не се префрлени

https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/faces/public/customMaps/imotenList.xhtml?&idParc=6824418

Колку што можам да видам тука, све е во сопственост на Ф-ка Карпош. Лошо е тоа или така треба да е?

Инаку за квадратурата, предбелешката ми беше 58+4, а тука на сајтов гледам 57+4

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Не ти треба лист за предбележување.

Имотен лист ти треба.

Да не зборуваме на памет - разговарај со фирмата што се случува. Зошто уште немате договор за продажба потпишано? Види некој адвокат, разговарајте, ама со документи.

Вака, може да биде misleading... Нотарот не. Фирмата може.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
@Sephiroth
Има финта со плаќањето данок. Да не должам, знам од други примери, некаде во четвртата година ќе добиеш имотен лист.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
@Sephiroth
Има финта со плаќањето данок. Да не должам, знам од други примери, некаде во четвртата година ќе добиеш имотен лист.

Те молам образложи детално.  Да не падне данокот на мој товар?

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Шансите да си се зезнал се мали. Си поминал два филтри, банка и министерство. Ако немаш документи не ти даваат ни кредит ни помош/грант.
Сепак, распрашај се што како и гледај да завршиш работа што побрзо. А за квадратите немај гајле, секаде има отстапки по 1-2 квадрати +-.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
@Sephiroth
Има финта со плаќањето данок. Да не должам, знам од други примери, некаде во четвртата година ќе добиеш имотен лист.

Те молам образложи детално.  Да не падне данокот на мој товар?
Не е на твој товар. Се работи за данок на добивка.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Мене од вакви работи ми е дури језиво.

Живееш во стан што не твој. А си платил.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Живееш во стан што не твој. А си платил.

Ова е најглавниот проблем. Како да го решиме сега е прашањето од миљон долари. :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Се решава.

Ама, мораш да се заангажираш. Здраво. И брзо.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
ako dobro razbrav katastar (ke) ima ozbilni problemi so izdavanje na imotni listovi notarite nemozat da vpisat pa cekaat sooo meseci se zaglavuvaa ...

Исто е и кај мене примопредадена е зградава летово, имотниот лист искочи баш кога го зимав станот па тргнав со предоговор па неможеше нотарот да зашише у катастар и чекавме имотен лист, и со него средивме со банката за хипотеката а сеуште немаме префрлено со финален договор се шушка као станарите почнаа да го притискаат инвестиорот па ке видиме ради коронава се развлече иницијално требаше до пред нг да се префрлело. Ја не отидов купи кука купи стан некако каматата поголема ми искачаше.

Пс. колкав е процентот на разлика во квадратура од предоговор до имотен лист, кај нас се јавија кај одредени станови осцилации али сите се во тие 3% ти.

пс1. провери на катастар дали е искочен имотен лист за таа парцела https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ зумни до локацијата кај мене до пред да искочи имотниот за зградата стоече као имотен на парцелата цела само, ако има искочено провери дали само ти не си префрлен или сите не се префрлени

https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/faces/public/customMaps/imotenList.xhtml?&idParc=6824418

Колку што можам да видам тука, све е во сопственост на Ф-ка Карпош. Лошо е тоа или така треба да е?

Инаку за квадратурата, предбелешката ми беше 58+4, а тука на сајтов гледам 57+4
vo predmerot bi trebalo da ti pisuva kolku m2 kvadratni ti e stanot i cenata sto si ja platil za kvadraturata... posle toa ako ima pomalce vo imoten ke treba da ti gi vratat parite...
« Последно менување: 09 Февруари 2021, 19:52:59 pm RedEco »
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Не може да има имотен лист додека зградата не добие согласност од општина. Дека изведбата е согласно проектот.
Потоа треба да има Записник за примопредавање. Тој е основ и за гаранцијата за станот. А Записник не може да има додека не добие имотен лист. Треба да има и финален премер од Катастар, да се провери техничката спремност согласно процедурите за пп заштита итн

Мене ме чуди, како живеете таму без Записник.

Сите овие работи треба да се наведат во Преддоговорот. Најголема грешка што ја прават сите е што не се консултираат со адвокат специјализиран во оваа област туку слепо им се верува на продавачите.

Да не ви биде тешко, скоро никој не дозволува менување на условите во истиот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Ако добро разбрав, нема имотен лист без согласност, премер, записник, а записник нема без имотен лист ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Едно е записник меѓу продавач и купувач, друго е тегнички прием (со записник нормално) на зградата меѓу инвеститор и општина.

Прво се регулираат односите инвеститор-држава, постоа инвеститор-купувач.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Ние имавме "технички прием" на зградата откако се вселивме. Наводно дојдоа еден ден од изведувачот, чекале пред лифт некој од станарите да потпише технички прием. Се најдоа неколки луѓе потпишале и сме имале технички прием 😅 На крај триста неправилности најдоа, ама  сѐ си санираа. Беше коректно горе долу тој дел.