Не може да има имотен лист додека зградата не добие согласност од општина. Дека изведбата е согласно проектот.
Потоа треба да има Записник за примопредавање. Тој е основ и за гаранцијата за станот. А Записник не може да има додека не добие имотен лист. Треба да има и финален премер од Катастар, да се провери техничката спремност согласно процедурите за пп заштита итн
Мене ме чуди, како живеете таму без Записник.
Сите овие работи треба да се наведат во Преддоговорот. Најголема грешка што ја прават сите е што не се консултираат со адвокат специјализиран во оваа област туку слепо им се верува на продавачите.
Да не ви биде тешко, скоро никој не дозволува менување на условите во истиот.