Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 478688 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Се решава со гратис изолација за цела куќа на комшијата 15цм, нема да осетите разлика на цената на еден куп станари.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Проблемлѕ е што инвеститорот не оставил 10цм од границата, туку одел до крај, па затоа сега комшијата не сака скеле кај него, зошто ќе му влезе во негово. Дополнително што има цел кров и двор лом да му го направат со ѓубре и парчиња малтер што не се вадат лесно.

Во нашава држава, ништо не ме чуди, проблемот е што ние сме вукојебина, па инвеститорите можат какби сакаат предоговори да прават.


si prai dogovor investitorot so komsijata oficijalen ne na muabeti i si isti i si plati rija za korisenjena negoova povrsina...  problemot si go resava investitorot koj sto sam si zaebal rabota...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Тие предоговори во комбинација со вукојебина од држава, беа причината зошто решив да барам стар а не нов стан.

Отсутен oniminee

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Судот не може ништо да му наложи на комшијата. Инвеститорот има заебано работа.

Да видиш како може да наложи. Нека си се консултира со адвокат, барем тоа е бесплатно и 10-15 минути работа. Ќе види адвокатот докази има/нема, ќе ја разгледа конкретната ситоација и ќе даде мислење. Ништо не губи членов ако праша.

Во право си, воопшто не е проблем да се разговара со адвокат и да се расчистат работите околу тоа што може да се превземе а што не, нема да е на штета. Ќе разговарам со адвокат а ако имате препораки за адвокат кој има конкретно искуство со слични ситуации, добредојдени се.

Инаку потполно се согласувам дека инвеститорот има притиснато до крај на можностите со парцелата а комшијата си има секое право да одбие некој да му прави ршум низ дворот и да му го руши мирот...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Пробајте организирано сите станови од таа вертикала. Сам ништо нема да направиш. Ако се прави паметен, медиумски изложете го.
Сам, во државава само нервози. Они се големи играчи, градежни дозволи преку ноќ земаат, инспектор не смее да припари, твоите закани им се ко комарец. Не се љути, се обидувам да ти заштитам нервози.

Пред да ги дадеш парите, ти си газда. Кога ќе ги дадеш, тој е.

Отсутен oniminee

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Пробајте организирано сите станови од таа вертикала. Сам ништо нема да направиш. Ако се прави паметен, медиумски изложете го.
Сам, во државава само нервози. Они се големи играчи, градежни дозволи преку ноќ земаат, инспектор не смее да припари, твоите закани им се ко комарец. Не се љути, се обидувам да ти заштитам нервози.

Пред да ги дадеш парите, ти си газда. Кога ќе ги дадеш, тој е.

Воопшто не се љутам, се што кажуваш си е на место и знам дека таа е реалноста, кој ги држи парите ги диктира правилата на игра. Во секој случај ќе се консултирам најпрво со адвокат, па ако постои некаква можност да се превземе нешто тогаш да пробам да ги организирам останатите станари како што спомна и ти.

Благодарам на советите.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5384
Пробајте организирано сите станови од таа вертикала. Сам ништо нема да направиш. Ако се прави паметен, медиумски изложете го.
Сам, во државава само нервози. Они се големи играчи, градежни дозволи преку ноќ земаат, инспектор не смее да припари, твоите закани им се ко комарец. Не се љути, се обидувам да ти заштитам нервози.

Пред да ги дадеш парите, ти си газда. Кога ќе ги дадеш, тој е.

Воопшто не се љутам, се што кажуваш си е на место и знам дека таа е реалноста, кој ги држи парите ги диктира правилата на игра. Во секој случај ќе се консултирам најпрво со адвокат, па ако постои некаква можност да се превземе нешто тогаш да пробам да ги организирам останатите станари како што спомна и ти.

Благодарам на советите.
Во Тафталиџе да не е зградата?

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Дечки да ве прашам за мислење/совет.

Купив стан во нас. Александрија од Фабрика Карпош, на хипотекарен кредит со 25% учество. Изградбата е готова и веќе година и нешто живеам во станот, но сеуште немам потпишано договор и земено имотен лист. Во преддоговорот немам никаква клаузула за пенали, освен датум дека станот ќе е готов до мај 2018 (што е одамна поминато). Прашањата ми се:

- Дали можам некако да ја иницирам/убрзам постапката за потпишување договор и добивање имотен лист?
- Дали може изведувачот (ф-ка Карпош) некако да ми го зачука без вазелин и како да се заштитам од било каква варијанта на анален секс? Или веќе ми го имаат зачукано, а уште не ми стигнала аналната болка до мозокот?
- Дали може да се реагира некако на некоја државна установа која се бави со оваа проблематика?
- На што да внимавам доколку се случи да ме викнат за потпишување на договорот?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Многу ме интересира основот на плаќање на парите од тебе на фирмата и основот за добивање на хипотекарен кредит?

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Многу ме интересира основот на плаќање на парите од тебе на фирмата и основот за добивање на хипотекарен кредит?

Па имам преддоговор според лист за предбележување, и НЛБ тутунска ми има дадено хипотекарен врз основа на тоа. Згора на тоа имам земено и субвенции "Купи куќа, купи стан".

Да напоменам дека никој од станарите во зградата нема имотен лист

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Кој е заложен должник? Фирмата?

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Кој е заложен должник? Фирмата?

Ф-к Карпош е "ЗАЛОЖЕН ДОЛЖНИК", а јас сум "ИДЕН ЗАЛОЖЕН ДОЛЖНИК". Лошо е тоа?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Постапката е ваква:

Склучувате преддоговор, кој е основа за иден главен договор.

Врз основа на тој преддоговор, банката ти одобрува тебе хипотекарен, каде ти си должник и иден заложен должник, а фирмата е заложен должник.

Банката парите од кредитот ги исплаќа на продавачот, т.е. фирмата.

Откако тоа ќе се заврши, се склучува главен договор помеѓу фирмата-продавач, и тебе, како купувач. Тек ондак, по спроведување на договорот во катастар имаш ИЛ.

Е сега, мене ми е дилемата - зошто до сега фирмата не си ја завршила таа работа? Дали е направена измената во катастар предбележување - запишување во ИЛ, пошто тоа е обврска на фирмата по завршување на објектот.

Таа да не е причината што ве влечат?

Мој совет - информирај се, растрчај се, не ја оставај вака работава. Фати тапија во рака - и тоа со станот, гаража (ако има), заедничка сопственост на скали и лифтови и земјиште под зграда. За најсигурно. Заедно со сите комшии.

Да не те плашам, ама јас во твоја ситуација не би можел да спијам.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
А да ги прашаш, до каде е работата?

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2123
Исто е и кај мене примопредадена е зградава летово, имотниот лист искочи баш кога го зимав станот па тргнав со предоговор па неможеше нотарот да зашише у катастар и чекавме имотен лист, и со него средивме со банката за хипотеката а сеуште немаме префрлено со финален договор се шушка као станарите почнаа да го притискаат инвестиорот па ке видиме ради коронава се развлече иницијално требаше до пред нг да се префрлело. Ја не отидов купи кука купи стан некако каматата поголема ми искачаше.

Пс. колкав е процентот на разлика во квадратура од предоговор до имотен лист, кај нас се јавија кај одредени станови осцилации али сите се во тие 3% ти.

пс1. провери на катастар дали е искочен имотен лист за таа парцела https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ зумни до локацијата кај мене до пред да искочи имотниот за зградата стоече као имотен на парцелата цела само, ако има искочено провери дали само ти не си префрлен или сите не се префрлени