Стар стан си има маани, а си има и за реновирање.
Јас кога барав стан за здравје наредни 30 години, битен беше распоредот, местоположбата, паркинг, пристапни улици, школи, градинки, автобуски превоз, пристап со булевари, паркови, велосипедски патеки, патеки за шетање и тротоари неузурпирани од коли итн итн ... близина со моите со на жена ми нејзините... Стан не е само две соби и ВЦ.
Ете го сега кај што живеам, станот за сега е доволен, имам и гаража, ама ... расадник е претесен за сите коли, пола од тоа што се сега да останат па ќе биде гужва, нема 20 квадрата зеленило за играње, расадникот е змијарник и дувло на наркомани, пешачки патеки нема, цело време седам на плочникот иако сакам да се прошетам а притоа да не правам цик цак на тротоар/улица, и да зградите се нови и се одлично изолирани, воздухот е чист, центар е близу за со точак и пешки, итн итн ...
На крај разликата од стар реновиран или нов ќе е минимална, ама кеифот е најбитен.