Види, ти ако огласиш стан, кој си го купил пред 10 години и сега го продаваш, го огласуваш 1000е по квадрат. Тоа е се што сакам јас тебе да ти платам, покрај оние трошоци што јас ќе си ги имам, како што се банкарски договори за хипотеки, трошоци за нотар, заверки у централен на хипотеки ку*еви карики... Јас не сакам мене станот да ми испадне 1050е по квадрат. Ти мисли му ја за данокот. Логично е, нели. Кога купувам кола или намештај, не ми вика продавачот „цената е 20.000е, ама на тоа има акциза и данок, па ај по пола да ги платиме, уште 1200е дај..“ Он си брка работа за акцизи и даноци, и тракатанци. Мене ми кажува цена од 24.500 за колата, и мене или ми се допаѓа или не...Секако, јас кога ќе го продавам станот, не очекувам исто така од купувачот накнадно да плати данок, туку ако сакам да земам 1000е по квадрат кеш, јас го огласувам 1050е и за таа цена го продавам.