Даночни ослободувања
Член 25
Данок на промет на недвижности не се плаќа:
1) на прометот на недвижности во постапката на експропријација;
2) кога странско дипломатско, односно конзуларно претставништво го пренесува правото на сопственост на недвижности, под услов на реципроцитет;
3) кога правото на сопственост се пренесува заради намирување на обврските по основа на јавни приходи во постапката за присилна наплата;
4) на прометот на недвижности меѓу државни органи, меѓу државни органи и општините и меѓу општините;
5) на прометот на недвижности во постапката на конфискација;
6) на прометот на станови во општествена сопственост, доколку во купопродажниот договор не е уредено чија е обврската за плаќање на данокот;
7) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на државни органи заради наплата на побарувања во стечајни и извршни постапки;
8 ) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на давателот на доживотното издржување кој во однос на примателот на издржувањето се наоѓа во прв наследен ред и тоа само за делот на недвижноста кој би го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката;
9) на првиот промет на станбени згради и станови кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата на кој е пресметан данок на додадена вредност;
10) при вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва;
11) на тргувањето со хартии од вредност, во смисла на Законот за хартии од вредност и
12) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на банките како доверители, заради наплата на парично побарување, доколку во рок од три години го продадат стекнатиот имот.