Дали некој може грубо да ми каже колку би ме чинело, велам грубо, плац 700м2 во сопиште (знам цените се од 50-70евра м2) + комуналии(нз колку се сакам да знам) + да се направи некоја викендичка(најмуваш фирма) на 2 нивоа приземје 100м2 плус спрат 100м2 да биде да речеме завршено до искречено и наместен под. Муабетот ми е дали цените што ги бараат од 150 000еуро па нагоре се далеку од она што реално би те чинело за сам да правиш
Средување на двор потпорни ѕидови и така натака би пресметувал ако погоре сумата е прифатлива за мене
Зависи што подразбираш под правење сам, дали ти да засукаш ракави или фирма да платиш сам.
Ако засукаш ракави, сигурно ќе те чини доста поефтино, ама кога ќе го израчунаш времето потрошено сфаќаш дека ќарот и зијанот се браќа. - Ова од искуство.

Ако изнајмиш фирма цената на монтажниве што ги прават во амерички стил е околу 380еур/м2, а цврста градба околу 450еур/м2, со тоа што го бараш ти, клуч на рака.
Израчунај колку ќе те фати за плацот да го купиш, колку се комуналиите по м2, кои што ќе ги платиш, а после 10 год. може да ти речат дека треба да легализираш и дупло да платиш. - И ова од искуство.
Мојава куќа каде што живеам ја градевме 15год., секоја година по нешто, и до сега, во состојбава во која што е не можам да пресметам колку часови се потрошени на изградба на истата, во главном градена од нас со физичка помош од членови на фамилија, лека полека

. Во неа влегоа мајстори само за фасада, малтерисување и поставување прозори и врати. Куќата е 180м2 со 1000м2 плац, направена ограда, потпорни ѕидови, каскади, дренажи, итн. и до овој момент сигурно има изедено околу 700-750еур/м2.
Потрошено доста време за изградба, ама верувај ништо не причинува поголемо задоволство кога ќе се вселиш и ќе ти текне на моментите кога ти си работел на секој дел од неа и што секое камче знаеш каде е ставено.
Ова ти го пишав како репер со што би се соочил во текот на и колку би тоа чинело во однос на која опција ќе одиш, иако не може баш да се земе здраво за готово од причина што куќава е градена во периодот од 2003 год. до 2018 год., а цените на материјалите варираат доста.