Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50658 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #135 на: 15 Ноември 2020, 21:53:58 pm »

Малку подолг текст поврзан со гуми.

9 години и некој месец и 46.000 км поминати откако е купена.
Просек 5.000 годишно или 400 и кусур месечно.
Оттука, зимските гуми имаат одживеано 9 зими и поминато околу 1.200 км по сезона, односно околу 11.000км вкупно, бидејки зимно време жената ја вози строго до работа и назад.
Денес ги прегледав "професионално" гумите (s3+), немаат никакви озонски пукнатини, немаат откорнати парчиња, ламелите се малку укрутени но не се камен како што имам видено после возење преку лето.
Откако ги монтирав ја извозев утринава малку поагресивно да видам како се однесуваат. Немам никакви забелешки, колата се движеше предвидливо и без никакви изненадувања, поголема агресивност од тоа што го извозев е веќе барање на бељата, а богами и одземање возачка доколку ме евидентираат службените лица.
Одговорно тврдам дека гумите се безбедни за нормално возење и солидно кочат доколку се појави непредвидлива ситуација.

Направив груба пресметка и за летните Ханкук кои дојдоа со колата.
Ги сменив во 2019 во Март бидејки есента 2018та кога ги менував со зимските, приметив озонски пукнатини, откорнати парчиња на нагазната површина и почна често да се активара абс при малку појако кочење (често и ја крадам на жената).
Значи, летните изгураа 7 летни сезони и околу 28.000 км.

Заклучокот е дека летниот период повеќе ги "старее" гумите, без разлика на малкуте прејдени километри. УВ зрачењето и врелиот асфалт си го земаат данокот.

Првичниот план со гумите ми беше да не барам втор сет бандажи за зимските (не ги ни имаше на огласи), и откако ќе им помине "рокот" (летни/зимски) да прејдам на allseason гуми како најлогичен и најразумен избор соодветен на начинот на експлоатација на колава.
Но во меѓувреме ме изнервираа по нашиве вулканизери (престегнати мутери, утнат правец на ротација...) и повторно почнав да проверувам по огласи и успеав да најдам од Мазда кои ќе одговараат на i10кава.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #136 на: 15 Ноември 2020, 22:04:33 pm »
На толку малку поминати километри на годишно ниво, единствена разумна гума е Олсизн гума.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #137 на: 15 Ноември 2020, 22:08:04 pm »
Како што гледам, ти одговараат и бандажи од Citroen C1, Toyota Aygo, Peugeot 107, сите од прва генерација. 4Х100 со 54.1 централен отвор, така? Имаат некој милиметар помал офсет и се поисфрлени на надвор, ама неприметно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #138 на: 15 Ноември 2020, 22:19:06 pm »
Така е, но ги немаше по огласи тогаш, па ни во 2017 или 2018та кога ги купив овие од Мазда.

Офсетот е 46, овие од Маздата се исто со помал офсет и се малку исфрлени нанадвор

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #139 на: 06 Декември 2020, 17:18:40 pm »
Ја возицкав малку денес низ градов и наближувајки се до МП на Партизанска приметив рамно 350км од последното танкирање. Решив да натанкирам да пресметам потрошувачка пошто долго време не сум се занимавал со тоа прашање :)

Пумпашот малку го тискаше горивото за да заокружи на 1.500 денари.
 24,790 литри за 350км, или 7,08 литри на 100км строго градска со претежно кратки релации од по 7км во еден правец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #140 на: 06 Декември 2020, 17:35:33 pm »
Јас им викам, на прв клик, крај. Колку сака цената нека е.

Така знам најпрецизно потрошњата колку е.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #141 на: 06 Декември 2020, 17:41:16 pm »
Јас си сакам сам да си точам од ист пиштол, до горе, да се гледа горивото.
Затоа и ретко кога ставам на други пумпи и друг да ми става гориво на моја кола.  ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #142 на: 06 Декември 2020, 17:45:31 pm »
Јас на Туранот не можам да измерам, само што го става пиштолот исклучува, нема одушок и секое точење е пекол :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #143 на: 06 Декември 2020, 17:46:57 pm »
Не го знаев тоа за Тураните, буквално сите што имам точено гориво истиот проблем.  :D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #144 на: 06 Декември 2020, 17:49:02 pm »
Еднаш на пумпа наточено 45л, на 1/4 бев, дојдов дома и од канта ставив полека да тече, собра уште 20л, поминав 1150км и уште немаше светнато резерва, од тогаш дигнав раце :D

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #145 на: 06 Декември 2020, 19:33:26 pm »


Еднаш на пумпа наточено 45л, на 1/4 бев, дојдов дома и од канта ставив полека да тече, собра уште 20л, поминав 1150км и уште немаше светнато резерва, од тогаш дигнав раце :D



Имав ист таков проблем на Меривата. Беше затнато вентилчето за вентилација на капачето.

После 2 месеци возење така, пумпата за гориво шмукувајќи нафта, ми го имаше вшмукано/искривено и резерварот. Па на пола резервар, ми светеше за резерва, и слични заебанции.

Па го сменив резерварот, и капачето, па од тогаш - раат.

Sent from my Mi 9T Pro

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #146 на: 06 Декември 2020, 22:06:15 pm »
Онака реков "тискаше"
Пиштолот прекина на 1.445 денари, му реков на пумпашот да заокружи на 1.500.
Нема никаков проблем да собере до плус 1 литро по исклучување и нема драстично да ја смени математиката :)

Наместо 7,1 на 100км, ќе беше 6,8 на 100км :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #147 на: 24 Декември 2020, 14:36:00 pm »
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22637.msg1077051.html#msg1077051

Речиси 2 години далечинското отварање си функционираше беспрекорно.
Понеделников приметив дека ниту отклучува, ниту заклучува, само жмигавците трепкаа.
Помислив дека везицата што ја имав ставено преку шипчето го блокира движењето на истото.
Извадив тапацир, ја извадив везицата, отштрафив моторчето да биде слободно, кликам на даљинското, мртво. Овојпат ниту жмигавците не се активираа...

Се стемнуваше, вратив се на на свое место (без везицата), пробав уште еднаш, ништо.
И реков на жената со клуч да заклучува/отклучува.
Наредниот ден се договорив со VOX за од наредна недела да ја однесам колата да испитаат.

Денес ми се јавува жената дека проработело, по навика кликнала на даљинското и колата се заклучила.

Чуда :)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #148 на: 24 Декември 2020, 15:10:10 pm »
VOX се оние на Гологанов?
Ми ги фалеа за Андроид мултимедија...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #149 на: 24 Декември 2020, 16:14:02 pm »
Да, тие се.

Се врати жената од работа, далечинското повторно не работи.
Скокнав до кај нив, речиси се сигурни дека е до релејчиња, имаа многу работа и оставивме за наредна недела.

Здравје кога ќе добијат од изолацијата за врати ќе и бапнам троа. Колку да не биде монотоно ;D