Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50646 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #150 на: 24 Декември 2020, 21:27:54 pm »
Јас побарав од нив да ми пратат по карго некој квадрат изолација, ќе си платам колку треба, ама ме одбија со изговор дека местеле само на нивни муштерии во сервисот.

Овде незнам каде би нашол на југот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #151 на: 26 Декември 2020, 21:06:48 pm »
Не знам што да ти кажам, настрана што се познавам со Ѕвонко, коректни биле секогаш.

"Музика" за во Југото сам си инсталирав, но кога дојде Типото почна да ме мрзи и оттогаш сум кај нив :) Секогаш имаш муабет по однос консултација/препорака околу евентуалниот избор...

Кога од Кореа (на нивни трошок) ме упатија кај нив да ми инсталираат далечинско отварање бев сигурен дека сум на вистинско место.
Е сега и за нив е мистерија што точно се случуваше во одредени периоди.
Модулот функционира, моторчето одработува, шипката се движи, ништо не е смрзнато.
Ја проверија и бравата (тракатанчето за централнно), се си функционираше.
Блесаво во целата работа е што проблемот не опстојуваше долго време, односно чим малку се "подзагрее" прекинуваа "симптомите", па фатив јас дома да експериментирам...

Сакам да кажам дека дадоа се од себе да го детектираат проблемот, дури и ново моторче ставија за секој случај, така да само пофални зборови имам за нив.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #152 на: 29 Декември 2020, 14:18:19 pm »
Денес ја однесов колата до Vox за далечинското. Од дома си скроив нов план.
Наместо да менуваат релејчиња (ако е до нив проблемот), да инсталираат нов модул со нови далечински бидејки веќе не можев да ги гледам амортизирани.

Испадна дека моторчето рикнало, сепак останав на планот за нов модул.

Наместија се и повторно стариот проблем, се отвора само возачката без другите врати. На клуч или на копчето од внатре си работи како треба.
Му спомнав дека пред 2 години го затегнав со стегичка шипчето кое води од моторчето до прекидачот во бравата.
Симулираше со прст, сите врати се отвораат, го отпушта шипчето, само возачката се отвора.
Нешто као брзината на моторчето...со стегата сум му направил отпор за малку поспоро да работи па затоа со тек на време рикнало. Као ќе стави стега повторно, но не е во тоа проблемот...

Не запамтив точно што ми објаснуваше...ги спои жиците (од моторчето?) на други 2 жици... Централното преку далечинското функционираше, но на клуч ја отвораше само возачката врата.
Значи, не ми е баш јасно што, како, као сега централното идело преку модулот од далечинското, но му реков да остави така, и така бравите нема да видат клуч се додека работи даљинското :)
« Последно менување: 29 Декември 2020, 14:23:33 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #153 на: 02 Март 2021, 08:55:29 am »
Да ставам една фотка со зимскиот сет ;)



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #154 на: 03 Март 2021, 16:27:22 pm »
Понекогаш ме фаќаат овакви беснила :) кога сум сам во колата.


Резултат:
Порачан нов држач, тој кај мењачот.

Плус 99% градска си го зема данокот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #155 на: 25 Март 2021, 13:02:20 pm »
Денес на 48.000км направен е мал сервис и сменет држачот на мотор во Кореа аутотрејд.

Прво плаќање сервис, редно беше :)
Фрлија и некој попуст :)

4.319 држач
1.242 шел хеликс плус 10в40 (3 литри)
   213 филтер уље
   520 филтер воздух
   684 филтер полен
     64 некоја сијаличка в5в

7.042 вкупно

Филтерот за полен сам ќе си го сменам некаде крајот на Мај, почеток на Јуни, кога ќе почне интензивно да се користи климата.

Збор два во врска со држачот на мотор.

Од поодамна приметив како понекогаш, при благо кочење непосредно пред да застанување како да има благо цимање.
Пошто не ја возам често, цимањето го припишував на нерамнини по улиците, особено пред семафори.
Со тек на време приметив и на тазе асфалтирани улици дека се појавува цимањето.
Отидов до Кореа...испадна држач на мотор.

Откако е сменет држачот на мотор осетив подобрувања и на други места за кои сметав дека се должат на стареење на колата.
1. Цимањето при благо кочење дефинитивно го снема
2. Благите вибрации со вклучена клима ги снема
3. Во рикверц влегува од прва (понекогаш не сакаше да влезе) и шалтањето во сите брзини е помазно.
4. При отпуштање куплунг после шалтање брзина помеко е спојувањето ламела/потисна (претходно се осеќаше како удар). Мислев дека е поради тоа што куплунгот е наштелуван пониско да фаќа и дека пренагло го отпуштам поради навиката од i30 каде фаќа повисоко.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #156 на: 05 Јуни 2021, 18:16:22 pm »
После 9 ипол години и 49.000км рикнала сијаличката за средно светло на левиот фар.
Скокнав до сервисот и ја сменија, се отштрафува фарот за да се смени, цена: 300 денари.

Кога ќе помислам дека на Меганот не можеа да издржат ни година ипол, а да се смени, или на слепо или вадење браник.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #157 на: 05 Јуни 2021, 18:28:19 pm »
На меганот и јас менував еднаш годишно, еднаш лево, па десно, па пак лево и така :) еднаш ми цркна зимски период на -10 среќа си носев и плус уходан кога ја брцам раката позади браникот за 10-15 минути менував сијаличка :D. Нормално, тие што се профи луѓе во сервис менуваат за 1 минута. Иначе и мене живо ме интересира зошто на меганот толку често гореа сијаличките пошто сигурно неможе да е до нив, секогаш купув осрам или филипс.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #158 на: 11 Јуни 2021, 16:25:57 pm »
Јуни, месец за менување полен филтер за беспрекорно ладење преку лето.

Лани постирав слика, еве и оваа година.
Пролетно време највеќе собира ѓубре.



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #159 на: 11 Јуни 2021, 16:32:51 pm »
Подотвори ги џебовите, може некоја златна рипка ќе излезе...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #160 на: 11 Јуни 2021, 17:27:06 pm »
Јуни, месец за менување полен филтер за беспрекорно ладење преку лето.

Лани постирав слика, еве и оваа година.
Пролетно време највеќе собира ѓубре.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk



Е затоа чичо си го мења на три до шест месеци...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #161 на: 09 Јули 2021, 09:23:56 am »
Ајде "мала" ретроспектива со условно проблемот со климата.

Првото лето, климата дува ладно но не може да олади, плус вентилаторот на 3 и 4 брзина почна да вади некој  непријатен звук, шуштење како експрес лонец.
Во сервис сменија полен филтер (стариот беше 8 месеци стар) и се подобри ладењето и го снема звукот. Сконтав дека е најдобро да се менува почеток на Јуни.

Второто Лето не бев нешто задоволен, особено кога е пожешко, но си најдов оправдување во големите стаклени површини, долгото киснење на сонце и кратките релации.
Скокнавме и до Охрид, по пат си ладеше исто како Меганот, мора на 3ка.
После плажа не можеше да олади. Не се седнуваше на седиште ако беше изложено на сонце, рингла.

Трето лето сопругата ми се жали дека не се вози колата после работа. Ајде штитници некакви за сонце на странични стакла, покрај постоечкиот за шофершајбна, џабе.
Во меѓувреме приметувам дека сонцето повеќе ме пече преку стаклото отколку во Меганот, почнав да се сомневам дека се должи на помалку тонираните стакла кај i10ката.
Почнав да се интересирам за фолии, но дигнав раце кога ми ја објаснија бирократската процедура за легализација, плус немало шанси на предни стакла :'(

2016 ја купи i30, ладење камен со вентилатор на 2 брзина, тибам и Меган и i10

Пред неколку години дознав дека е малку поедноставена процедурата за атест на фолии, но прашање беше кого да одберам за местење фолии, пошто се изнагледав глупости као меурчиња, ѓубриња, флеки, виножита, лошо скроени итн
Во исто време почнав да се сомневам и во мањак на фреон, во лер не дуваше така ладно како при движење, но дури лани отидов на проверка, наводно фалеле 100тина грама.
И навистина почна да дува поладен воздух во лер.

Некни ја повозив колата до Катланово. Таму колата под сенка, на враќање ме испече сонцето преку стакло.
Кај i30 преку стакла го немам тоа чувство.
Одлучив дека дефинитивно морам да ставам фолии, инаку нема спас.

Неколкумина ми го фалеа Фолијацентар, плус прочитав на форумов од некого позитивно искуство.
Се одлучив за таму и не згрешив, педантно залепени фолиите.
Вчера ја возев колата во најжешкото, многу е поподносливо и покрај тоа што беше цел ден на сонце. Сега останува да купам нов штитник за сонце пошто на стариот вакумчињата не држат веќе.

Пред да се лепат фолиите видов дека на страничните стакла стои испечатено минимум 70% транспаретност, значи може да биде од 70% до 85% транспарентност. Ако тоа игра улога во заштита од сончевите зраци, има некоја дубара...наводно кај фолиите иста била УВ заштитата без разлика колкаво е затемнувањето.
Не ми текна да погледнам што пишува на шофершајбната и на задното стакло.

А и овие прописиве што не дозволуваат фолии и на предни странични стакла.
Безбедност? Која безбедност кога ќе влезеш во фурна, башка што гледам деновиве како возат со подотворени врати со постарите коли.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #162 на: 09 Јули 2021, 14:28:46 pm »
И кај мене на Сеник-от има многу стаклена површина (вклучително и панорама стакло кров), посебно предната шофершајбна е како излог голема, треба време за да олади убаво, освен кога е во сенка, тогаш многу побрзо постигнува климата. Сега излегов на пладне, 43 степена покажуваше температура, после 20 мин почна да се осеќа дека работи климата. Добро е што кај тебе има ефект со фолиите, кај мене се сомневам дека ќе завршат работа.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #163 на: 09 Јули 2021, 15:50:07 pm »
Сега кога спомна за Сеникот се сетив дека во 2011 некаде јануар/фебруар пред да се купи i10, ми ја скршија шофершајбната на Меганот. Ја сменив во Еделпром и приметив дека е посветла од оригиналната, ваљда од тогаш почна да е пожешко во Меганот, но досега не ги поврзав работите.
« Последно менување: 09 Јули 2021, 15:57:14 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #164 на: 11 Јули 2021, 14:57:16 pm »
Точно на пладне фатив малку да ја повозам колава за да ги утврдам впечатоците од фолиите, иако температурите не се толку пеколни.
Некои обврски низ град натаму, наваму, со вентилатор на 2ка, подносливо се живее :)
По автопат кон Петровец со сонце пред себе кое мава преку шофершајбна, со вентилатор на 2ка се чувствував пријатно како во i30kata во која ретко имам пуштено вентилатор на 3ка.
20 минути подоцна за назад со сонцето отпозади, на пола пат почна и да ми студи па го ставив вентилаторот на 1ца. Така се до Бриколаж каде паркирав и се загреа па за до дома повторно на 2ка вентилаторот.

Сирота кола секогаш се возеше со вент. на 3ка и постојано се имаше чувство на жештина внатре, освен ако сонцето не маваше отпозадина.
Плус имам впечаток како да е добиен ефект на мало дампирање, или па од што е попријатно во кабината и вожњата е порелаксирана, за разлика од претходно кога од непостигнувањето на климата се нешто те дразни и нервира :D

ПС на времето на југото му имав ставено црни фолии на задни стакла но повеќе ради естетика, пошто ионака без клима.
После 5-6 години морав да ги извадам ради техниички и така го возев последните 2 години во моја сопственост, колата стана повруќа за возење, но не рачунав дека на i10 со тонирани стакла и клима ќе има потреба од клима фолии.
Се сомневав, но да знаев ќе и ставев многу порано фолии.