Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50656 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #30 на: 26 Октомври 2018, 15:25:25 pm »
Со раткапни ќе се угрди уште 3 пати, вака таман си е.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #31 на: 17 Ноември 2018, 14:13:11 pm »
Еве, по 8 години прва работа што откажа.
Амортизери на 5та врата. Од лани покажуваа знаци на замор, но денес веќе не држеа на прво отварање гепек.

Ги купив од Автолидер, Монро за 660 денари по парче.
По обичај, услужливи дечките, ми помогнаа во монтажата (исто со Меганот) :)
Не дека е некоја филозофија, но ќе ми требаше повеќе време додека се потсетам зјапајки во амортизерот како да го извадам :) плус на лице место востановено дека е се во ред.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #32 на: 18 Ноември 2018, 20:32:29 pm »
Приказната со даљинско отварање врати продолжува.
Денес ја возев малку, утринава со даљинско ги отвори сите врати.
Вечерва само возачката ја отвори. Со клуч ги отвара сите.

Дефинитивно со паѓање на темперарурите нешто се случува. А мислев со везиците сум го решил проблемот (претходна страна имам опишано).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #33 на: 18 Ноември 2018, 23:06:34 pm »
Ништо не е тоа, ќе му помине на пролет.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #34 на: 24 Ноември 2018, 12:20:53 pm »
По 4 години ги сменив брисачите со нови Шампионови.
Не ми се експериментира со друг бренд кога веќе сум уверен дека убаво легнуваат и тераат подолго време.

Не дека старите беа катастрофа, но манијак сум за чиста шофершајбна. Не поднесувам ни најмала линија да ми оставаат брисачите, не па да размачкуваат.

Старите ги ставив во гепек, за резерва. Никогаш не се знае дали некој ќе фрли око...

Зимските бандажи ми беа чудни во прво време. Сега некако ми легнаа на око. Можеби дека се слична боја со колата :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #35 на: 23 Декември 2018, 16:34:15 pm »
Исперена и премачкани гумите со средство за гуми.

Sent from my 6045Y using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #36 на: 16 Јануари 2019, 12:25:25 pm »
Update за мистеријата околу далечинското.

Откажува послушност на влажно време + пониски температури.
Некни вечерта додека паѓаше снег ја оставив отклучена. Утрото кликнав, се зклучи. Да отклучам, само возачката се отклучи. Значи, зеза само на отклучување. Имаше денови со поголема влажност без минус, исто зезаше.
Деновиве на јак минус но суво време си работеше беспрекорно.
Да напоменам дека на клуч и на јазичето од внатре функционира без промашување.

Сепак, со везицата што ја ставив лани многу поретко зеза.

Tischläufer! Не мора да чекам пролет ;D



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #37 на: 25 Јануари 2019, 23:35:34 pm »
Зимска слика

Sent from my 6045Y using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #38 на: 16 Март 2019, 23:39:53 pm »
Денес се двоумев што да правам со фабричките гуми ханкок кинерџи еко к425. Поминато со нив околу 30.000 за 7 летни сезони.
 Бидејки едниот пар беа почнале да се разградуваат (отпаднати парчиња) се мислев дали да купам две нови или да ги сменам сите четири и да не ги мислам.
Се одлучив да не се скржавам, ќе ги сменам сите четири,  плус на тој начин ќе утврдам дали ќе се намали бучавоста  од гумите односно дали е до гумите или до изолацијата на колата. Воедно ќе биде своевиден тест за во иднина за i30 со идентичен проблем.

Тргнав да барам ханкук кинерџи еко2 к435 во стоп&го но немаа димензија.
Додека разгледував низ неколку салони (речиси се бев одлучил за нокиан iline). ми се укажа поволна прилика за сава перфекта купени лани лето, невозени/немонтирани.

Први впечатоци:
Ново си е ново, нема активирање на абс при нијанса појако кочење. Уште еднаш се потврдува дека и покрај малкуте изминати километри, годините си го земаат данокот.
Дефинитивно е потивка гума од ханкукот, конечно се поправија лагерите на тркала ;D
Имам впечаток дека савата е потврда гума.
За другото ќе видиме, нека изгураат неколку години :)


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #39 на: 24 Април 2019, 19:22:36 pm »
Со среќа количе, јас првата кола шо ја имав беше i10ка 1.0 2007ма ја земав. Јас ја возев едно 7-8години сега ја вози брат ми и до сега поголеми проблеми немала колата. 2 пати се има десено да не запали у овие 11години, еднаш ради акумулатор вторпат нешо околу бравата имаше 2000ден проблем и тоа се вкупни трошоци настрана од филтри и масло за 11 години.


Се сетив на овој пост во врска со проблем со контакт бравата.

Пред неколку недели осетив отпор при вртење на клучот пред да се завергла. Ја прашав невестата дали и она приметила, јок ;D Не верувам дека ќе примети и едно тркало да и испадне ;D
Уште неколку седнувања во колата потоа, заклучив дека  нешто не е како треба. Си реков да скокнам до Кореа со време додека не се заебе скроз (постот погоре), плус сеуште е под гаранција. Претпоставував дека треба да се шприцне со нешто.
Така и направија, отпорот исчезна, лесно се врти клучот при верглање. Заборавив да прашам со што шприцнаа :)

Боље спречити, него лечити :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #40 на: 19 Мај 2019, 18:59:33 pm »
Исправме, светнавме гуми, поминат ентериер со средство, па ми текна да ја претставам подобро.

Гепек...






Простор за нозе позади.
Предното седиште е наместено како за жената,  јас го поместувам 2 забци поназад.
Поради повисокото седење има прилично..



Има убав простор за стопала под предното седиште без опасност да се заглават ;D





Мењачот е повисоко поставен и лесно дофатлив, за градска вожња е идеален
 Лесно се шалта.








Сума сумарум, одлично градско количе :)

А богами и за меѓуградска, неколку пати Куманово, Кратово, Велес, Сарамзалино...и за на одмор, едно лето скокнав до Охрид и не видов мака ;D

Sent from my 6045Y using Tapatalk

« Последно менување: 19 Мај 2019, 20:25:46 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #41 на: 17 Јуни 2019, 19:50:25 pm »
Делам совети за промена на филтер за полен за поголема ефикасност на климата пред почеток на летните горештини а самиот го немав сменето :)

Денес ми падна под рака да ја повозам и осетив дека климата не навасува.
Скокнав до Кореа по нов филтер, и веднаш друга приказна.
Сепак, не може да се очекуваат чуда на кратки релации ако претходно долго време стоела на сонце. Впрочем, има и големи стаклени површини.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #42 на: 08 Август 2019, 19:17:23 pm »
И се запалило check engine на жената.
Отварам хауба да направам проверка..., го нема моторот ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #43 на: 13 Август 2019, 09:54:38 am »
Сензор за брегаста мутел вода.
Освен запален чек енжин, никакви симптоми во вожња.
Сепак, заменет со нов.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #44 на: 17 Септември 2019, 15:47:10 pm »
Како летаат годините.
Деветта регистрација:

3.283 полиса + патници
2.551 технички
1.505  мвр

7.369 вкупно