Автор Тема: Hyundai  (Прочитано 360088 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Hyundai
« Одговори #1920 на: 03 Мај 2017, 14:29:07 pm »
во МК се учтиви и те почитуваат додека да ти ги земат парите. после тоа не сакат да те видат повеќе.

Со душа те чекаат да им дојдеш на редовен сервис.



Само да не е фабричка мана на ефтините елантри па да биде куку ноне со плинот :D
Хундаи нема промашен мотор. Тоа што не трпат плин не е фабричка мана.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Hyundai
« Одговори #1921 на: 03 Мај 2017, 14:29:50 pm »
дај да фатиме некоја врска да дознаеме шо и биднало на колата, кој познава некој од Хјундаи?

Ставај плин, да се куртулиш и ти ;D

да не го видев ова, може идната година ова време ќе ставев, вака ќе чекам i30 караван да излезе и дизел да си го сменам.

Најефтина варијанта со оглед на ризикот што го носи компликацијата со плин

да го знаев ова барем некој турбо бензин ке си купев

Само да не е фабричка мана на ефтините елантри па да биде куку ноне со плинот :D

од ова ми е повеќе страв да не изрикаат коливе, иако јас за 4 месеци скоро 7к километри имам дупло повеќе од колава со дефектот :D



Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43935
  • Il Moderatore
Одг: Hyundai
« Одговори #1922 на: 03 Мај 2017, 14:30:24 pm »
Ја мислам џабе пљукате по плинот. Кога би имало последици, би имало барем после 5 цифрен број километри извозени на плин.
Љунда ете, признале и вратиле пари, поголемо гарантно покривање од тоа - амин.
Ако си сакал друга кола од љунда, тогаш ДПИ и ќе си добиел друга љунда лантара .

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Hyundai
« Одговори #1923 на: 03 Мај 2017, 14:39:55 pm »
Може ако е погрешно наштелуван плинот да го скува моторот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Hyundai
« Одговори #1924 на: 03 Мај 2017, 14:40:05 pm »
Znaci i da bilo do plinot, a ne e po mene, trebolo da ja zemat i popravat kolata pa oni da si resavaat so plinarot so hyundai ili so nekoj tret.
Еве за момент само помисли си целава работа е заради лошо монтиран плин од страна на трета компанија. Тоа нормално не го засега купувачот заради гаранцијата од Хјундаи.
Под оваа препоставка, Хјундаи МК своеволно дава гаранција на возило доколку се монтира плин. Дали мислиш дека за ова има согласност од Хјундаи централа? Неможам да тврдам 100% зошто не работам таму, но со голема сигурност немаат легално право да даваат гаранција доколку се монтира плин.

Овдека е целиот проблем, затоа парите му ги вратиле и не ни помислиле од Хјундаи мк да му го поправат возилото зошто така може легално да го јадат со тоа што нема да бидат официјални импортери или да платат казна. Доколку претпоставиме дека Хјундаи МК имаат согласност во нивните политики да важи гаранцијата по монтирање на плин, тогаш тие што го монтирале плинот се одговорни. Арно ама изгледа дека Хјундаи МК за да привлечат муштерии си даваат гаранции на своја рака и кад тад се десило ова што се десило.

Ја мислам џабе пљукате по плинот. Кога би имало последици, би имало барем после 5 цифрен број километри извозени на плин.
Љунда ете, признале и вратиле пари, поголемо гарантно покривање од тоа - амин.
Ако си сакал друга кола од љунда, тогаш ДПИ и ќе си добиел друга љунда лантара .
Би имало последици после 100к или пак доколку не е МОНТИРАН како што треба би имал последици многу брзо, баш како што се случило овде.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Hyundai
« Одговори #1925 на: 03 Мај 2017, 14:42:59 pm »
Шо знам, би возел и40 караван со некој добар турбодизел и те како.

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Hyundai
« Одговори #1926 на: 03 Мај 2017, 14:44:41 pm »
Најголемата грешка на хјундаи е што не го ставија 1.1црди во елантра со 6 степен менувач за иста цена како 1.6 бензин.

Ќе се заборавеа од продавање.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Hyundai
« Одговори #1927 на: 03 Мај 2017, 14:46:30 pm »
Дали грешка или не они си знаат. Од свој џеб му вратиле пари на човекот зошто се алчни. Во други земји го носат со 1.6 црди ама тој нема да го продаваат за 13500 :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43935
  • Il Moderatore
Одг: Hyundai
« Одговори #1928 на: 03 Мај 2017, 14:56:02 pm »

Би имало последици после 100к или пак доколку не е МОНТИРАН како што треба би имал последици многу брзо, баш како што се случило овде.

Не би требало љунда да ја прегледа колата после монтажа на плин, како би се осигурале дека гаранцијата може да биде валидна?
Доколку не е МОНТИРАН како што треба, во најмала рака ќе боде очи MIL (или по начки чек енџин), што на нова кола ретко кој би го игнорирал.
После ЛПГ монтажа, нели после некој (краток) период се оди на проверка, да се прегледа инсталација и поново штелне на компјутер?
Така да, чиисто се сомневам дека е до плинот.. би кажал 10% оставам на проблеми со плинот, 90% е фактор „јеби га, десило се, механика е...“

Да не праиме филмои тука дека ќе настанела тешка сообраќајка од тоа што моторот снемал снага, секој поискусен возач имал дешавка во во која снемало снага на мотор во возење (барем ние алфистите си знаеме :P ), туку нејсе, се изгубил ќејфот за нова кола, барем не го маткале натака навака чоекот со месеци, па ова ти е, она ти е, туку за кратко време се решиле да ја откупат колата, што ја го гледам како позитивен чекор. Ретко кој кај нас ќе се одлучи на тоа. Најчесто со месеци ќе те маткаат од плинара во сервис и обратно...

Тешко дека увозникот на љунда ќе го папа, ако на своја рака дава гаранција за плиносани возила, од централа во европа може само да добие одговор „возилото е модифицирано и не подлежи на глобална љунда гаранција“, што значи останува само на вољата на нашиот љунда дилбер дали ќе има или ќе нема гаранција.

Се на се, добро се завршило. Парите се вратени, гуми на пазар3 се објавуваат, плинскиот уред најдобро да проба да го врати од таму кај што го зел, пошто на 3 месеци стар плински уред, сигурно ќе му рефундираат нешто...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Hyundai
« Одговори #1929 на: 03 Мај 2017, 15:29:59 pm »

Доколку не е МОНТИРАН како што треба, во најмала рака ќе боде очи MIL (или по начки чек енџин), што на нова кола ретко кој би го игнорирал.



Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Hyundai
« Одговори #1930 на: 03 Мај 2017, 15:33:07 pm »
Vrakanje na pari nema nikakva vrska so kvalitet i garancija....reakcijata kako postapile i kako ke postapat ima vrska so kvalitet.
Ako kolata e na lizing ili eve kredit koja e poentata da gi vratat parite. Pak sledi kupuvanje na nova kola pa cekanje itn itn.


Sent from my SM-J500FN using Tapatalk


Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Hyundai
« Одговори #1931 на: 03 Мај 2017, 15:33:36 pm »
Може ако е погрешно наштелуван плинот да го скува моторот.

ова може на застава со карбуратор а и тогаш не знам дали ќе може.

опел кадет д 1.3 55kw го возев на плин со затворен влез за воздух кај филтерот за воздух од кочани скопје кочани и ништо не се деси освен што останав без плин пошто го цицаше "само" плинот без воздух

било кој „модерен“ бензинец денеска ако не е добро наштелувано нема да работи како што треба и одма ќе се примети

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Hyundai
« Одговори #1932 на: 03 Мај 2017, 15:43:46 pm »
се е  тоа супер само што на крај на целата збрка можеле да му кажат што е проблемоти кој се опциите кои му се нудат, секап човекот купил кола дал пари кај нив, а можел на еден куп места нова кола да си купи.

тоа треба да се цени кога во државата нови коли не се продаваат поради огромниот избор на увезени или па и опцијата сам да одиш и да си донесеш  возило.
Баш вакви работи ги делат нашиве дилери на возила од одлични до никакви. Најскапана кола да купеше ако имаш добра подршка и те како ќе се вратиш таму нареден пат.

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Hyundai
« Одговори #1933 на: 03 Мај 2017, 15:46:56 pm »
Еве ме повторно мене да се убацам.

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Права на потрошувачите во однос на недостаток на сообразност
Член 43
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
- сразмерно намалување на продажната цена;
- замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
- замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и
- раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.
Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.
Барањето од ставот 1 на овој член потрошувачот по свој избор може да го поднесе пред надлежниот инспекциски орган или до трговецот или до дистрибутерот, во местото на купување на производот или во местото на своето живеалиште.

Нема тука враќање на помалце пошо е користен производ, законот е јасен, КРАЈ на муабетот.

(клик на линкот директно ќе го симне ворд фајлот од 160тика килобајти, не го најдов сајтот, па со клик да се симне)
https://pravosuden.files.wordpress.com/2012/08/4-zakon-za-zastita-na-potrosuvacite.doc

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Hyundai
« Одговори #1934 на: 03 Мај 2017, 15:51:59 pm »
јас пак ќе ти кажам бидејќи истата кола ја имам, еве да одиме на суд. Во ниеден документ, договор итн итн не пишува дека гаранцијата за плинот ја признава дилерот. Или јас го немам видено да земам сега да барам или го нема.

Се работи за договор џентлменски кој во случај на спор може да стане педерски. Ако стварно е до плинот на сите нови мотори ќе забранат плин.

иначе таксистине ги убија i30 од возење на плин, не е истиот мотор ама е истиот концепт 1.4 и 1.6 атмо обичен ништо посебно компицирано