Нагло се јавува во сите три случаи. Најмали се шансите за пукнат блок, тоа се случува само кај јапонските евтини косилици со 1мм зид.
Збориме за ново возило со 3000 км поминати.
Исправен систем за ладење, чиста разладна течност, прописно затегнат дихтунг на глава вграден во фабрика.
Возилото прошло стрес тест пред да излезе од лента.
Никакви симптоми не покажало возилото пред да се случи настанот.
Кај пробиен дихтунг на глава имаш постепено губење на течност, ќе прегрева возилот, ќе јави low coolant на шалт табла, ќе дими повеќе од невообичаено.
Кај искривена декла, треба да се случи толкаво големо прегревање што членот сигурно ќе го приметел и ќе знаел дека се случило.
И во двата случаи имаш вовед во настанот, знаеш дека нешто ќе се случи поголемо.
Кај пукнат блок од мотор, немаш предупредување ако моторот имал скриена микро пукнатина која нагло се зголемува без предупредување.
Бидејќи пукнат блок од мотор исто што и уништен мотор, на членот му ги вратиле парите за да не се брукаат.
Како што кажав другите два дефекти се отстрануваат, и возилото може да се врати во исправна состојба.
Тоа е мое гледиште на проблемот, кое може, но и не мора да е точно.