За разлика од еден член, останатите имаме позитивно искуство.
Да, можеби е точно тоа дека понекогаш продавачите во салоните не се баш љубезни околу објаснувањата и деталите кои ги споделуваат, но луѓе, имаме интернет и сите ние можеме добро да се информираме за нешто пред да одиме да го купиме.
Одењето во салон е само мало потврдување и надополнување на некој детали кои не ни биле достапни преку интернет пребарувањето.
Јас до сега имам позитивно искуство, како со вработените во продажниот салон, така и со дечките од сервисот.
Јас ја имам претходната елантра, 2015-та година, имам поминато околу 13 000 километри и до сега не сум имал никаков проблем (пу пу, се надевам дека така и ке остане).
Со момците од сервисот се имам два пати видено, два редовни сервиси. Јавено на телефон, договорено време, си чекаш половина до еден час за редовен сервис, си ја гледаш колата додека трае сервисот, си плаќаш во меѓувреме и си заминуваш.
Така да генерално сум навистина задоволен.
Овој случај, можам да го наречам изолиран, можеби е само лоша среќа, можеби е причина плинот, можеби е фабричка грешка.
Никој нема за право да осудува нешто ако имал лоша среќа.
Постојат гаранции, постојат инспекции, постои договор.
Ние ја слушнавме само едната страна, добро е да се слушне и другата, нели, за да се донесе конкретен заклучок.
Поздрав и убав ден.